Википедија:Барања за администраторски статус/Kiril Simeonovski
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина.
Содржина
Завршено (разговор) (17/0/1); Завршило во 23:59, 10 октомври 2008 (UTC)
Kiril Simeonovski (разговор • придонеси) – Сметам дека со мојата активност и соработка со останатите корисници давам голем придонес на Википедија на македонски јазик. Во моите придонеси е очигледна универзалноста во извршувањето на работие, од организација на енциклопедијата до зголемување на бројот на квалитетни статии, нови портали, разговор со нови корисници и др. Мислам дека е потребно да се уредуват специјалните статии, како и да се придонесува на останатите Викимедиа проекти. Ја поддржувам и борбата против вандализмот и погрешно подигнатите датотеки. Kiril Simeonovski (разговор) 17:16, 26 септември 2008 (UTC)
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:
За мене администраторскиот статус на Википедија на македонски јазик е само една обврска повеќе кон енциклопедијата на којашто сум активен. Мислам дека сум и потребен на Википедија на македонски јазик, а администраторскиот статус би ми ја олеснил работата и би ми дал можност за полесно реализирање на нови идеи. Со големо задоволство се номинирав и ја потврдувам својата номинација.
Прашања за кандидатот
уредиДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.
- 1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?
- О:
Јас имам интерес во речиси сите области. Може да помогнам во уредувањето на статии поврзани со природни или општествени науки. Исто така можам да уредам и многу портали, Википроекти, страници за Википедија и сл. Мојата универзалност ќе продолжи и по евентуалното добивање на администраторскиот статус. Само што тогаш би помогнал и во борбата против вандализмот, уредувањето на специјални страници, како и поврзувањето на Википедија со другите Викимедиа проекти. Навистина, разлика не гледам во обичниот корисник и администраторот, но сепак мислам дека мојата универзалност има потреба во дополнителни алатки кои ќе може да ги употребам.
- 2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?
- О:
Во мојата историја на Википедија имам дадено придонеси кои мене подеднакво ми се драги. Сѐ што е резултат на вложен труд заслужува да се сака. Но, сепак за подобри придонеси ги сметам оние во кои сум вложил повеќе време и труд. За моите најдобри придонеси, јас лично не можам да зборувам, тоа го препуштам на останатите корисници со кои соработувам и кои го ценат мојот труд. Имам напишано и предложено неколку статии кои беа избрани на Главната страница, а истото го имам сторено и со неколку слики. Истиот принцип на избрани секции се обидувам да го применам и во создавањето на портали што ми е особено драго. За одлични придонеси ги сметам секако и разговорите со корисниците на ки може да им се помогне. Според мене најдобар придонес за самиот себе е секој квалитетен придонес кој на Википедија останува запишан трајно.
- 3. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?
- О:
Кога за прв пат се најавив и кога ги уредував своите први придонеси на Википедија на македонски јазик, добивав помош од останатите корисници која многу ја ценам. За мене останатите корисници може само да ти помогнат со што ќе те насочат, заинтересираат и советуваат во нешто. Досега не сум имал проблем и не сум бил во конфликт со другите корисници. Во секој корисник гледам пријател. Доколку би се нашол во ситуација да не се согласувам со некој корисник со кого долго сум соработувал, би покажал трпеливост и би му допуштил да го даде целото свое мислење со што може би иќе ме предомисли. Но, доколку и тоа не се случи, верувам дека би наишол на разбирање и од другата страна во однос на своето мислење. Човечки е да постои проблем, но човечки е и истиот да се реши. Википедија бара неутрална гледна точка, а мислам дека истата лесно може да се постигне и при решавање на проблемите.
Општи коментари
уреди- Врски за Kiril Simeonovski: Kiril Simeonovski (разговор • придонеси • бројач • дневници)
Ве молиме бидете конструктивни и културни во вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
уредиЗа
уреди- а би сакал и јас да се кандидирам :) Поздрав-- MacedonianBoy Oui? 18:57, 26 септември 2008 (UTC)
- --brest (разговор) 19:14, 26 септември 2008 (UTC) До сега даде значителен придонес, посебно со неговата работа во портал именскиот простор, не е влезен во конфликт со другите уредувачи. Се надевам дека со исто темпо ќе продолжи и понатаму да дава придонес на википедија и после добивањето на статусот - администратор на мк.википедија.
- --Raso mk (разговор) 19:40, 26 септември 2008 (UTC) Кирил за претседател !!!!!!
- --Макс(разговор) 13:08, 29 септември 2008 (UTC) Оф па јас мислев дека ти веќе си администратор леле!!! Само напред Кирил!!! Колку портали отвори само! И до сега не си бил администратор леле! Ако само напред КИРИЛ!
- --виолетова 01:13, 30 септември 2008 (UTC)
- --Игор (разговор) 19:16, 30 септември 2008 (UTC)
- --Boyan (разговор) 20:33, 30 септември 2008 (UTC)
- --Brainmachinewtf? 21:25, 30 септември 2008 (UTC)
- Кирил, гледам дека посветуваш доста време овде и дека ентузијазмот не ти гасне. Браво за целиот твој труд до денес и се надевам дека со исто темпо и ќе продолжиш и во иднина. Исто така, судејќи по гласовите, гледам дека ќе станеш и администратор наскоро. Со малце поголемата уредувачка моќ доаѓа и малце поголема одговорност (не го цитирам Спајдермен, лол). Таа одговорност бара да бидеш добро запознаен со неколку работи. Те молам, вети ми дека ќе ги прочиташ доста внимателно работите кои овде сега ќе ти ги посочам:
- Најосновно
- m:Foundation issues — основи за започнување на секој Викимедија проект
- ВП:5С — „столбовите“ врз кои е основана Википедија, секогаш имај ги на ум
- en:WP:NOT — „Што не е Википедија“ — голем дел од проблемите кои ќе ги сретнеш во иднина ќе ги елиминираш слободно како грешни на овој проект кога ќе ги препознаеш во оваа листа.
- Специфични принципи за определени акции:
- en:WP:BLOCK — во кои случаи е дозволено да се блокираат корисници и за колку долго
- en:WP:PROTECT — често ќе добиваш барања за заштита на разни страници, некои страници можат да бидат заштитени само во определени ситуации и само до одреден степен
- en:WP:DEL и en:WP:DELPRO за процесот на бришење, а исто и нашите ВП:КЗББ критериуми
- Напатствија и есеи за однесување/смирување на конфликти
- Dealing with disputes — многу корисен водич за разрешување на конфликти
- en:WP:COOL — есеј, како да останеш „кул“ кога уредувањето ќе се вжешти
- en:Wikipedia:Advice for new administrators
- en:WP:NAS — ова ти е еден вид на училиште за тренирање на сисопи, го има најосновниот материјал покриено
- Иако е доста рано, сакам да ти честитам за сисопството. Мислам дека имаш доста голем потенцијал за работа на македонските сестрински проекти (можеби, ВикиВести, :) чувствувам дека ќе го предводиш тој пат). Знаев дека од некаде ќе се појави уште еден викиманијак (имаш поголем резултат на викитестот од мене), а се надевам дека ќе има уште повеќе викиманијаци, мухахаха. Уште еден совет, т.н. hanlon's razor: "Never assume malice when stupidity will suffice." Овој совет ќе ти се најде за в иднина на ова место. ;) И уште еден (јас го измислив), „Почитувај и сакај ги нубовите, оти тие се иднината на Википедија... демек.“ Поздрав, и остани ми со добро здравје. </коментар>
- Кирил, гледам дека посветуваш доста време овде и дека ентузијазмот не ти гасне. Браво за целиот твој труд до денес и се надевам дека со исто темпо и ќе продолжиш и во иднина. Исто така, судејќи по гласовите, гледам дека ќе станеш и администратор наскоро. Со малце поголемата уредувачка моќ доаѓа и малце поголема одговорност (не го цитирам Спајдермен, лол). Таа одговорност бара да бидеш добро запознаен со неколку работи. Те молам, вети ми дека ќе ги прочиташ доста внимателно работите кои овде сега ќе ти ги посочам:
- --Tomsaso (разговор) 01:58, 1 октомври 2008 (UTC) Одлична работа со порталите, поректите и се друго. Ме импресионира што во детали велегуваш на сите теми.
- --FlavrSavr (разговор) 16:06, 1 октомври 2008 (UTC)
- --Фичо (разговор) 06:59, 2 октомври 2008 (UTC)
- --Милош (разговор) 11:12, 2 октомври 2008 (UTC)
- --Б. Јанкулоскиразговор 22:10, 2 октомври 2008 (UTC)
--Apetrovsky (разговор) 21:59, 2 октомври 2008 (UTC) Браво !!!!!(наважечки глас, нов корисник, единствено уредување му е овој глас) --Brainmachinewtf? 21:26, 2 октомври 2008 (UTC) - BlueEagle1 (разговор) 23:15, 2 октомври 2008 (UTC) Дај боже да станеш! И со среќа понатаму!
- --DJ LoPaTa (разговор) 00:16, 3 октомври 2008 (UTC)
--(:Julien:)(наважечки глас, анонимен корисник, користи туѓо име за гласање, ако си ти тој, тогаш најависе)--Mile km (разговор) 10:06, 5 октомври 2008 (UTC) - Виктор Јованоски (разговор) 21:03, 5 октомври 2008 (UTC) Честитки, Кирил на одличната работа и однапред честитки за добиеното администраторско место. И еве и од мене еден совет (и овој е измислен): „Слушај ги луѓето што се потпишуваат Brainmachine.“
- --strich (разговор) 21:10, 6 октомври 2008 (UTC) многу добар вовед на јузерпејџо :) pozz
Против
уредиВоздржани
уреди- хаха Дамјан 18:09, 11 октомври 2008 (UTC)
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина. Дополнителни коментари внесувајте на соодветната страна за дискусија (како разговорна страница на оваа номинација или номинираниот корисник). Понатамошни промени не треба да се прават на оваа страница.