Удине
Удине (фурлански: Udin, германски: Weiden, латински: Utinum) или Видем (словенечки: Videm) — град и општина во Североисточна Италија, во средината на регионот Фурланија-Јулиска Краина, со местоположба помеѓу Јадранското Море и Аплите (Карнски алпи), оддалечен помалку од 40 км од словенската граница. Во 2016 година во градот живееле 99.244 жители.
Удине | ||
---|---|---|
општина | ||
Città di Udine | ||
Плоштад „Св. Џакомо“ | ||
Земја | Италија | |
Регион | Фурланија-Јулиска Краина | |
Покраина | Удине (UD) | |
Управа | ||
• Градоначалник | Фурио Хонсел (ДП) | |
Површина | ||
• Вкупна | 56 км2 (22 ми2) | |
Надм. вис. | 113 м | |
Население (од 31 јануари 2012) | ||
• Вкупно | 100.514 | |
• Густина | 1,800/км2 (4,600/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 33100 | |
Повик. бр. | 0432 | |
Светец-заштитник | Свети Хермагор и Фортунат | |
Слава | 12 јули | |
Мреж. место | Матична страница |
Имиња и етимологија
уредиУдине првпат бил утврден во средновековните записи како „Удене“ во 983 година и како Утинум околу 1000 година. Потеклото на името Удине е нејасно. Одредени претпоставки упатуваат на тоа дека името има предримско потекло, поврзано со индоевропскиот збор *„ou̯dh-“ ’udder‘ користен во фигуративна смисла да значи ’брдо‘.[1][2] Словенечкото име за градот, „Видем“ е хиперкорекција на локалното словенско име „Видан“, засновано на словнечките населбите „Видем“.[2] Словенечкиот јазичар Павле Мерку ја опишал словенската форма „Видем“ како "идиотска хиперкорекција од 19. век."[3]
Историја
уредиУдине е историски главен град на областа Фурланија. Оваа област била населена уште во неолитско време, а подоцна, веројатно, била населена од Илирите.
Врз основа на една стара унгарска легенда, Атила (?–453), водачот на хуните, изградил брдо тука, при опсадата на Аквилеја, бидејќи имал потреба од зимско живеалиште: тој ги упатил своите војници да донесат почва во нивните шлемови и штитови, бидејќи пределот бил премногу рамен, без ниту еден рид. Тој тука основал град, и изградил кула во форма на квадрат.[4]
По падот на Западното Римско Царство, областа го зголемила своето значење по распадот на Аквилеја а потоа и на Чивидале. Во 983 година, Удине бил спомнат за првпат, со донацијата на замокот Утинум од царот Отон II на патријарсите на Аквилеја, тогаш главни феудалци во регионот. Во 1223 година, со основањето на пазарот,[5] градот станал најважен во областа во економска и трговска смисла, и станал седиште на патријархот.
Во 1420 година, градот бил освоен од Венецијанската Република.[5] Во 1511 година, тој бил седиште на кратка граѓанска војна, која била проследена од земјотрес и од чума. Удине останал под венецијанска контрола до 1797 година,[5] и бил втор најголем град во државата. По кратката француска доминација која следела, тој бил дел од Кралството Ломбардија-Венеција, и бил вклучен во новоформираното Кралство Италија во 1866 година.[5]
За време на првата светска војна, пред поразот во Битката кај Капорето, Удине станал седиште на италијанската висока команда и бил наречен „Capitale della Guerra“ („воен главен град“). По битката, градот бил окупиран од австријците во 1918 година сè до крајот на Битката кај Виторија Венета истата година. По војната Удине станал главен град на краткотрајната провинција Фурланија во која биле клучени актуелните провинции Горицa, Порденоне и Удине. По 8 септември 1943 година, кога Италија се предала на сојузниците во втората светска војна, градот бил под директна германска управа, која престанала да важи во април 1945 година.
Клима
уредиУдине има влажна суптропска клима со студени зими и топли и жешки лета. Врнежите изобилуваат во текот на годината а посебно во пролет и есен. Највисоката измерена температува во градот изнесува 38.2 °C (21 јули 2006 г.), додека најниската измерена температура изнесува −18.6 °C (19 декември 2009 г.).[6]
Климатски податоци за Удине (1971–2000, екстреми 1969–денес) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 18.6 (65.5) |
23.2 (73.8) |
25.6 (78.1) |
29.5 (85.1) |
33.2 (91.8) |
36.2 (97.2) |
38.2 (100.8) |
37.0 (98.6) |
34.4 (93.9) |
29.8 (85.6) |
25.3 (77.5) |
17.4 (63.3) |
38.2 (100.8) |
Прос. висока °C (°F) | 7.7 (45.9) |
9.8 (49.6) |
13.5 (56.3) |
17.1 (62.8) |
22.3 (72.1) |
25.6 (78.1) |
28.2 (82.8) |
28.4 (83.1) |
24.1 (75.4) |
18.6 (65.5) |
12.6 (54.7) |
8.5 (47.3) |
18.0 (64.4) |
Сред. дневна °C (°F) | 3.7 (38.7) |
5.0 (41) |
8.4 (47.1) |
12.0 (53.6) |
17.1 (62.8) |
20.3 (68.5) |
22.7 (72.9) |
22.6 (72.7) |
18.7 (65.7) |
13.7 (56.7) |
8.2 (46.8) |
4.5 (40.1) |
13.1 (55.6) |
Прос. ниска °C (°F) | −0.4 (31.3) |
0.3 (32.5) |
3.4 (38.1) |
7.0 (44.6) |
11.8 (53.2) |
15.0 (59) |
17.1 (62.8) |
16.9 (62.4) |
13.3 (55.9) |
8.8 (47.8) |
3.7 (38.7) |
0.5 (32.9) |
8.1 (46.6) |
Најниска забележана °C (°F) | −14.6 (5.7) |
−11.6 (11.1) |
−10.0 (14) |
−4.8 (23.4) |
1.4 (34.5) |
5.6 (42.1) |
8.2 (46.8) |
6.6 (43.9) |
3.0 (37.4) |
−3.2 (26.2) |
−8.4 (16.9) |
−18.6 (−1.5) |
−18.6 (−1.5) |
Прос. врнежи мм (ин) | 74.9 (2.949) |
61.6 (2.425) |
86.2 (3.394) |
119.0 (4.685) |
118.2 (4.654) |
137.9 (5.429) |
81.2 (3.197) |
79.1 (3.114) |
124.3 (4.894) |
134.5 (5.295) |
108.1 (4.256) |
85.9 (3.382) |
1.210,9 (47,673) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1.0 mm) | 6.2 | 5.2 | 7.6 | 9.8 | 10.8 | 10.5 | 7.8 | 7.2 | 7.3 | 8.3 | 7.2 | 6.7 | 94.6 |
Извор: Servizio Meteorologico[6][7] |
Демографски податоци
уредиВо 2007 година, вкупно 97,880 луѓе живееле во рамките на градот (поширокото градско подрачке има двојно повеќе население), од кои 46.9% биле мажи и 53.1% биле жени. Малолетните лица (18-годишни деца и помлади) биле застапени со 14.36 проценти од населението додека пензионерите биле застапени со 24.27 проценти. Просечната возраст на жителите на Удине била 47 години, пет години повеќе од италијанскиот просек. Во петгодишниот период од 2002 - 2007, населението на Удине пораснало за 1.48 процент, додека вкупното население во Италија во целина пораснало за 3.56 проценти.[1] Архивирано на 9 јули 2006 г.[2] Архивирано на 26 април 2009 г. Моменталната стапка на раѓања во Удине изнесува 9.13 раѓања на 1,000 жители споредено со италијанскиот просек од 9.45 раѓања.
Во градот и околу има словенечко население проценето на околу 2,000 жители.[5] Документ од 1475 година го споменува словенечкиот јазик како јазик на "долната класа" во градот, и ракопис во Удине кој датира од 1458 година содржи словенечки зборовен фонд.[5] Италијанско-словенечкиот речник на Аласија да Сомарипа бил испечатен во Удине во 1607 година.[5] Катедра на словенечки јазик била отворена на Универзитетот во Удине во 1970 година.[5]
Во 2006 година, 90.90% од населението било од италијанско потекло. Најголемата доселеничка група доаѓала од европски држави (главно од Австрија и Хрватска): 5.37%, следена од потсахарска Африка (главно од Гана): 1.65%, и Северна Африка: 0.77%.
Сообраќај
уредиСо 7,600,000 луѓе кои патуваат секоја година, железничката станица во Удине е најважна станица во регионот. Градот железнички е поврзан со Венеција, Тревизо, Трст, Гемона дел Фриули, Тарвизио, Чивидале дел Фриули, Падова, Болоња, Рим, Верона и Милано. Меѓународни возови се обраќаат кон Виена и Минхен.
Спорт
уредиГлавен фудбалски клуб во градот е Удинезе Калчо, основан во 1896 година, кој се натпреварува во Серија А. На нивниот домашен терен, Стадионот Фриули, се играле натпревари на Светското првенство 1990.
Локалниот кошаркарски клуб, Снајдеро Удине, се натпреварува во втората италијанска кошаркарска лига.
Меѓународни врски
уредиЗбратимени градови
уредиУдине е збратимен со:
|
Галерија
уреди-
Венецијанска куќа
-
Катедралата
-
Црква „Св. Франческо“
-
Плоштадот „Св. Џакомо“
-
Портата Манин
-
Аквилејската порта
-
Универзитетот во Удине
Наводи
уреди- ↑ Pellegrini, Giovan Battista. 1990. Toponomastica italiana: 10000 nomi di città, paesi, frazioni, regioni, contrade, fiumi, monti spiegati nella loro origine e storia. Milan: Hoepli, p. 130.
- ↑ 2,0 2,1 Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, p. 454.
- ↑ Toporišič, Jože. 2002. "Pavle Merkù o Slovenskem pravopisu 2001." Kras 54/55: 62–64. Reprinted in: Jože Toporišič. 2011. Intervjuji in polemike, pp. 329–333. Ljubljana: Založba ZRC, p. 330.
- ↑ Lengyel, Dénes (1972). Régi Magyar mondák. Budapest: Móra Ferenc. ISBN 963-11-2928-4.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 Marušič, Branko. 2000. Videm. Enciklopedija Slovenije, vol. 14. Ljubljana: Mladinska knjiga, pp. 224–225.
- ↑ 6,0 6,1 „Udine Rivolto: Record mensili dal 1969“ (италијански). Servizio Meteorologico dell’Aeronautica Militare. Посетено на February 23, 2016.
- ↑ „Udine/Rivolto (UD)“ (PDF). Atlante climatico. Servizio Meteorologico. Посетено на February 23, 2016.
- ↑ „Neath Port Talbot Twin Towns“. Neath Port Talbot County Borough Council. Посетено на 2013-08-22.
Доплнителен материјал
уреди- „Udine“, Northern Italy (14. изд.), Лајпциг: Карл Бадекер, 1913
Надворешни врски
уреди„Удине“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Портал за градот Архивирано на 1 декември 2012 г.
- Мрежно место на Универзитетот во Удине
- Удине во 3Д Архивирано на 23 септември 2018 г.