Весна Малинова
Весна Малинова - македонски музички уметник, автор, родена во Штип.[1] Таа е популарен наградуван слободен уметник, автор, композитор и текстописец, студиски придружен вокал, уметнички продуцент и ментор, учител, мајстор во областа на музиката, пишувањето песни и емоционално изразување. [2][3]
Весна Малинова | |
---|---|
Весна Малинова | |
Животописни податоци | |
Потекло | Штип, Македонија |
Жанрови | Софт-рок , Поп, Рок, Балада, Етно џез, Акустична музика, Современ Р&Б, "World Music" |
Занимања | Композитор, Текстописец, Музички продуцент, Поет, Songwriter |
Инструменти | Вокал, Клавир, Гитара |
Период на активност | 1999 – денес |
Животопис
уредиПрвите нејзини песни ги објавува во 1999 година (композиција и текст), и од тогаш до сега има реализирано повеќе од 400 песни, (композиции и/или текстови и препеви и аранжмани) во изведба на десетици различни пеачки имиња, меѓу кои препознатливите Дани Димитровска, Кристина Арнаудова, Каролина Гочева, Тоше Проески, Ѓоко Танески, Александра Пилева, Влатко Илиевски, Роберт Билбилов, Биба Додева, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Маја Гроздановска Панчева, Наталија Данаилова, Андријана Јаневска, Никола Зацески, Елена Ристеска, Наташа Малинкова, Елена Петреска, Марјан Стојановски, Мијата, Д Хаундс (en. The Hounds), Ристо Самарџиев, Памперс, Патници, група Интервали, Тамара Волческа, Ивона Јо, Васил Гарванлиев, Александар Белов, Пијан Славеј, Марко Луис, Мила Николовска – Ѓумар, Марија Атанасова, Елеонора Пољоска, Дорис Димовска и многу други. [3][4][4][5][6][7][8][9][10][11][12][13][14][15][16][17][18][19][20][21][22][23][24][25][26][27][28][29][30][31]
Весна Малинова, изминатите 25 години, дејствува како независен слободен уметник, музичар, поет, целосно посветена на создавањето на песни кои го одразуваат секојдневието и емоцијата на поднебјето со кое е во взаемна размена. Нејзиниот начин е оригинален, инспиративен, искрен и полн со љубов, отвореност и храброст - да се живее на овие простори, од песни и за песните. Го пренесува интуитивно своето искуство, менторира млади песнописци, и интерпретатори, насочувајќи ги кон емоционално ослободување и спознавање и зреење, како поддршка на нивниот пат и како придонес во збогатување на авторската сцена - нови слободни уметници, кои ја имаат една од најважните улоги за духот на човештвото. [1]
Малинова, како автор (музика, текст, аранжман, придружен вокал или уметнички продуцент), остварува соработки и дела кои се застапени на голем број на официјални музички изданија (албуми) на македонски музичари, а дел од нив имаат и интернационални изданија: [1][3][4]
- “Град за љубов“ – Дани Димитровска [11]
- „Со други зборови“ – Влатко Илиевски
- „Извор“ – Каролина Гочева [32][33]
- „Во меѓувреме“ – Дани Димитровска
- “Самосвест” – The Hounds
- “Кај нѝ се срцата” – The Hounds
- “Сѐ за тебе” – Наталија Данаилова
- “Суперстар” – Нон Стоп
- „Ти да ме имаш“ – Дани Димитровска
- „Најбогат на свет“ – Влатко Илиевски
- „Од изворот на изборот“ – Тони Зен [34]
- „Знаеш колку вредам“ – Каролина Гочева
- „Кад звезде нам се склопе“ – Каролина Гочева
- “Македонско девојче 2” – Каролина Гочева
- “Возови” – Кристина Арнаудова
- “Целосно ти припаѓам” - Бојана Атанасовска Скендеровски,
- „Капка под небото“ – Каролина Гочева / “Кап испод неба” – Каролина Гочева,
- “2007” – Кристина Арнаудова
- “Најубави песни” – Каролина Гочева
- “Една добра причина” - Биба Додева
- “Незаборавни” – Биба Додева
- “Ти сум јас” – Анита Мицова
- “Никогаш доста” – Ѓоко Танески
- “Огнени печати” – Јоце Панов
- “Небеска“ – Мијата
- “Моја библија” – Андријана Јаневска
- “Негатив” – Тијана Дапчевиќ
- “Као да..” – Тијана Дапчевиќ
- “Во заборав” – Каролина Гочева
- “Игри без граници” – Тоше Проески
- “Још увјек сањам да смо заједно” – Тоше Проески
- “Ден за нас” – Тоше Проески
- “Дан за нас” – Тоше Проески
- “Пратим те” – Тоше Проески
- “По тебе” – Тоше Проески
- “Најдоброто од Каролина” – Каролина Гочева
- “Musica del sol” Luxury Lounge Music – M-Sol records
- “Gdje je srce tu je dom” – Антонија Шола
- “Збогум најмила” – Ѓоко Танески
- “РБ” – Роберт Билбилов
- “Без шминка” – Елена Ристеска
- “Нема утро без тебе” – Игор Шарески
- “Ти пеам песна” – Јоце Панов
- “Лице од насловна” – Роберт Билбилов
Голем дел од нејзиното богато творештво, редовно се најдува и на повеќе изданија на музичките фестивали во регионот, како што се:
- Макфест – фестивал [1][4]
- МРТВ – Скопски фестивал [35][36] [37]
- МРТВ – Избор на песна за евровизија – Евросонг [38][39][40]
- Охридски трубадури – фестивал [16][41][42]
- Сунчане скале „Sunčane skale - pjesma ljeta“ [43][44]
- Детска Евровизија [14][21][45][46]
- Златно славејче [47]
Целиот опус на Малинова го следат мноштво национални признанија и околу 20 -тина фестивалски награди, награди на разни музички манифестации, меѓу кои 2 Златни Бубамари на популарноста, за најдобар сонгврајтер (композитор и текстописец) и за „Албум на годината“ за албумот Град за љубов - Дани Димитровска, МАРС – хит на годината, „Гран при“ награди меѓу кои за песната „За овој свет“ од Тоше Проески, [48]многубројни награди за најдобар текст и други. [2][11][49][50][51][52][53][48][42]
Меѓу регионалните успеси на нејзините песни се вбројуваат првите две македонски песни на светската топ листа на МТВ Адриа 2007 година - (“Срца две” и “Црвени дождови” - во изведба на Дани Димитровска) а “Црвени дождови”, се најде и на екпрес светска топ листа на МТВ - Лондон.[54]
Преку нејзината работа и дејствување, таа се појавува во проекти за општествена добробит и свесност. Во поголемиот дел од нив се вклучува волонтерски, вложувајќи го својот труд во дарежлива поддршка за проекти важни за народот во родната земја. Еден од нив е проектот "Растеме заедно", во којшто Малинова ги потпишува композицијата и текстот на химната за подигање на свеста за животот на децата со аутизам, каде учевствуваат повеќе врвни пеачки имиња. [55]
Во опусот на дела, на Малинова се вбројува препевот на првиот јуниор Бродвејски Мјузикл изведен на Македонски јазик “Ени”, кој даде сосема нова димензија во перцепцијата на децата во проектот, за убавината на изведување на оваа уметничка форма, на мајчин јазик. [56][57]
Во низата на проекти во кои се наоѓаат дела со потписот на Малинова се неколку кампањи на Y-Peer и UNDP, за подигање на свесноста за Тинејџерската бременост и Anti-AIDS кампањи, испеани од поранешниот музички амбасадор на УНДП за југоисточна Европа - Дани Димитровска.[58]
- “My life” - во соработка со артисти од Египет (Карим Камил), од Тунис (Си Лемхаф) и од Македонија (Амон Мра). [4]
- “Ова е твое време” - во соработка со артисти Тони Зен од Македонија, Бобо од Бугарија и Марко Луис од Србија. [4][59]
Низ својата 25 годишна кариера, Малинова остварува соработки со повеќе авторски имиња. Првите дела ги реализира во соработка со Давор Јордановски, потоа, Дарко Тасев, со кого од самите почетоци, заеднички потпишуваат голем број хитови, Валентино Скендеровски, Владимир Дојчиновски - Дојчин, Никола Мицевски, Кирил Бабамов, Илија Ќосевски, Јордан Манов, Кокан Димушевски, Роберт Билбилов, Младен Маркович, Владимир Николов, Дарко Димитров, Марга Сотировска - Марга Сол, Никола Васков - Нино, Ивица Брчиоски, Димитар Кочев, Григор Копров, Александар Јовески, Ѓорѓи Вацев, Филип Динев, Тоше Проески, Саша Драгиќ, Јован Јованов, Дарко Мучев, Ана Бочек, Арбен Шаќири, Василис Пиперис и многу други, кои се појавуваат во улога на аранжери и/или композитори.[4][41][60][61][62][63][34][64]
Од поширокиот регион, Малинова се потпишува на препеви на Македонски јазик, на песни од авторите Момчило Бајагич - Бајага, Дино Мерлин, Миро Буљан, Маја Сар, Марија Шерифовиќ, Даниел Кајмаковски, Снежана Вукомановиќ, Махир Сарихоџиќ, Џорџе Миљенович, Дино Шукало, Мирко Вукоманович, Махир “Beat House”, Антонија Шола, Силвио Пасариќ, Мирослав Рус, Зоран Лекович, Соња Буљан и други. [4][65][66]
Во песните на Малинова се проткајуваат повеќе жанрови и мелодиски и зборовно, од лирски, шлагерски, поп, рок, поп-рок, раскажувачки, лесни и длабоко емоционални. Во суштина, таа е препознатлива по својот оригинален интуитивен авторски пристап, во кој ја отсликува слоевитоста на емоциите и личната сензитивна природа, како својата така и на артистот или изведувачот за кого е наменета песната.[20][63]
Нејзините песни, редовно, во континуитет, се најдуваат на националните топ листи, станувајќи хитови и евергрини, притоа, негувајќи го квалитетот, со одговорност кон добробитта на слушателите.[63]
- Нема утеха – Александра Пилева [20]
- Сребрени војници – Александра Пилева
- Кој да ми запее – Каролина Гочева [68]
- Срцето мое тука чука – Никола Зацески [69]
- Ѕвона – Каролина Гочева [18]
- Прашина – Кристина Арнаудова
- За овој свет – Тоше Проески [65]
- Смеј ми се смеј – Каролина Гочева
- Возови – Кристина Арнаудова
- Црно на бело – Дани
- Бели цветови – Каролина Гочева
- Што до тогаш – Дани
- Ѓердан – Васил Гарванлиев [51]
- Не живеам за другите – Дани
- Сам – Нон стоп
- Скриена во сонот – Нон стоп
- Никогаш доста – Ѓоко Танески
- Расцветај – Ѓоко Танески
- Цреша – Тоше Проески
- Прв и последен – Кристина Арнаудова
- Носталгија – Андријана Јаневска
- Прашина – Кристина Арнаудова [70]
- Не ме држи место – Роберт Билбилов
- Смешно зар не – Тамара Тодевска
- Изгрев – Тијана Дапчевиќ
- Немирна – Тамара Тодевска
- Ти си ми сè – Марија Атанасова [71][72]
- AVALON production
- M-Sol records
- Virginia records
- PGP RTS
- HIT records
- DALLAS records
- CITY records
- М2 – production
- Y-peer - УНФПА
- Ризница
- Макфест - фестивал
- МРТВ – Скопски фестивал
- МРТВ – Избор на песна за евровизија – Евросонг [39]
- Охридски трубадури - фестивал
- “SUNČANE SKALE - PJESMA LJETA” - фестивал
- Junior Eurovision [14]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Таушанска, Марија (2018-10-29). „Познавајќи се себеси, ги познавам сите“. Нова Македонија. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 2,0 2,1 „Омар Џафероски, дебитансткиот настап со награда на Макфест 2020“. tocka.com.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „The Hounds - Тишина / Пијан Славеј, Весна Малинова | Off“. off.net.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 „Репертоар на ЗАМП – ZAMP“. Посетено на 2024-11-22.
- ↑ „„Do You Remember" - слушнете го првенчето на македонската Били Ајлиш“. tocka.com.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Buraliev, Maksim (2023-07-18). „„Место од спомени" е прва песна на македонски јазик од Тамара Волческа“. Музика нонстоп денес. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Дани Димитровска: На „слатки маки" бев летово“. tocka.com.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Buraliev, Maksim (2023-07-10). „„Има љубов во нас" е новиот сингл на Дани Димитровска“. Музика нонстоп денес. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Jane (2024-10-30). „(ВИДЕО) „Пијана" нова песна на Дани Димитровска“. ПРВА ЛИНИЈА (англиски). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Редакција (2024-10-28). „(Видео) „Пијана" - нова песна на Дани Димитровска“. еМагазин. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 „Дани вечерва ви порачува: Скопје е „Град на љубовта"“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Шармот на старото Скопје во новиот спот „Нема две" на Дани“. iLike.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Владимиров, Љубисав (2020-01-15). „(Видео) Дани и Пеце од „Суперхикс" сакаат да се заедно“. Reporter.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Вечер (2021-11-09). „Бугарија ќе се претстави на Детската Евровизија со песна на Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Скопје 1 (2023-06-15). „(ВИДЕО) Дани Димитровска објави нова песна „Има љубов во нас" - Скопје1.мк“. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 16,0 16,1 „Одлично издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест – Охридски трубадури"“. OhridPress. 2024-12-03. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Редакција (2023-04-28). „(Видео+фото) По подолга пауза, Кристина Арнаудова ја објави песната "Засекогаш"“. еМагазин. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 18,0 18,1 „ВИДЕО: Каролина Гочева вљубена во новата песна како и во реалноста“. zase.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Сакав со песна да се слави животот на Бранко и на сите кои ни ги зеде вирусот, вели Мијата, која ја промовираше ,,Невидени"“. Фокус (англиски). 2021-06-29. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 Simionova, Simona. „Aлександра Пилева живее во САД со сопругот и синот (13): „Поминаа 20 години од мојата победа на Макфест"“. CRNOBELO.com. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 21,0 21,1 „Junior Eurovision 2021 Review -Bulgaria: Denislava and Martin Voice of Love“. ESCFAN - OGAE Australia (англиски). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „МРТ“. mrt.com.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Trajkov, Vane (2023-03-04). „Наталија Данаилова од Богданци со нова песна – „Небо диво" која носи брз ритам, среќа, радост….(ВИДЕО)“. Дрнка (англиски). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Mitrevska, Monika. „Нескршливиот Ѓердан на Васил Гарванлиев“. CRNOBELO.com. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Со спотот за „Време" Дани го најавува мартовскиот концерт (видео)“. skopjeinfo.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Ваљакова, Гордана Милошевска (2024-03-14). „„Живее спомен" – нова песна и видео запис на Тамара Волческа | NetPress“. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Urednik (2021-09-28). „MUZIKATA E LJUBOV PRATENA VO ETER VELI NATALIJA DANAILOVA NOVO MUZIČKO IME NA POP SCENATA“. Svet Australia | Showbiz Magazin (босански). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Се подготвува монографија и албум со необјавени песни на Влатко Илиевски“. muzika24.mk. 2020-05-07. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Интервју на Музика24: The Hounds“. muzika24.mk. 2013-05-24. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Таушанска, Марија (2020-05-05). „Во подготовка цеде „Најдобро од Влатко" и монографија“. Нова Македонија. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Вечер (2023-05-02). „"Засекогаш" – Кристина Арнаудова со нова песна со која се враќа на музичката сцена | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Владимиров, Љубисав (2018-03-10). „(Фото) Охридска промоција на новиот албум на Каролина“. Reporter.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „„Деца против родители" - нова семејна игра што ги зближува генерациите“. Деца.мк. 2024-12-03. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 34,0 34,1 „Тони Зен го промовираше својот најнов албум "Од изворот на изборот" (Аудио)“. muzika24.mk. 2019-05-28. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „МРТ го возобновува Скопски фестивал“. COOLTURA.mk. 2012-11-14. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Скопски фестивал се враќа во полн сјај“. ТВ Пакет (англиски). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Уживајте со сите 20 композиции од „Скопски фестивал 2014"“. radiomk11.rssing.com. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Република Македонија на Евровизија 2010 година ја претставуваше Ѓоко Танески“. muzika24.mk. 2021-03-16. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 39,0 39,1 Ajdinović, Faruk (2022-01-21). „Ovo su potencijalni predstavnici Sjeverne Makedonije“. eurosong.hr (хрватски). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Селектирани песните: Овие изведувачи се во трка за македонски претставник на Евровизија“. muzika24.mk. 2022-01-21. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 41,0 41,1 Вечер (2024-09-06). „Дорис Ди блесна на охридски „Сан Ремо"; Песната „Нека свети" ги освои срцата на публиката и жирито | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 42,0 42,1 Таушанска, Марија (2024-09-01). „Интернационалната вечер на „Охрид фест – Охридски трубадури 2024" во знакот на јубилеите и на вонвременските песни“. Нова Македонија. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Various – Sunčane Skale 2008 - Nove Zvijezde CD U CELOF - Kupindo.com“. Kupindo. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Various - Sunčane Skale 2009 - Pjesma Ljeta (англиски), 2009, Посетено на 2024-12-03
- ↑ Simanis, Karins (2021-08-21). „Around The Continent 2022-Week 7“. ESCBEAT (англиски). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Бугарија, Николај Крстев (2021-11-09). „Бугарија ќе настапи на Детската Евровизија со песна на Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова“. Mia.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ milica (2024-11-03). „ДЕНИС КОСМОНАУТКО И МИЈАТА ЌЕ БИДАТ ГОСТИ НА „ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ" СО ПЕСНАТА ЗА ИНКЛУЗИЈА, „ГУШ И БАЦ"“. СМАРТ - СДК МК. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 48,0 48,1 „Биографија“. Спомен куќа Тоше Проески. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „„21 издание во 21 век за ПОДОБАР ЖИВОТ" - четиричасовно шоу „Златна бубамара"“. Таратур. 2018-02-23. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Васил Зафирчев - најдобар актер“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 51,0 51,1 „Васил Гарванлиев победи на фестивалот "World Folk Vision 2020" (Фото)“. muzika24.mk. 2020-07-01. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Макфакс++ (2009-11-25). „Радиски хит на годината, Влатко Илиевски“. МАКФАКС. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Таушанска, Марија (2024-10-13). „Младите пејачи ќе ги сочуваат „Песните на Тоше Проески"“. Нова Македонија. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Искрена музичка плејлиста: Што слуша секогаш насмеаната Дани за да добие инспирација?“. www.kafepauza.mk. 2016-12-07. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „„Растеме заедно" - песна и спот за подигање на свеста за аутизмот“. Femina.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Предновогодишно во Македонска филхармонија – бродвејскиот мјузикл "Ени Јуниор"“. muzika24.mk. 2019-12-15. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Вечер (2019-12-23). „Бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор" во Филхармонија | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Архива“. time.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Daskalova, Maja. „Дани, Тони Зен, Бобо и Маракуја со порака до секој тинејџер „Ова е твое време"“. CRNOBELO.com. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Запознавање со учесниците на Првото Македонско Музичко Реално Шоу "На иста адреса": Игор Митровиќ“. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „"Друг да ме нема" пее Маги во својата нова песна“ (англиски). 2021-06-02. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Пепа Димитрова: Тишина, се снима! (Фото)“. muzika24.mk. 2021-05-25. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ 63,0 63,1 63,2 „ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанaле македонските хитови?“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Погледнете: Анита Мицова со видео спот за новата песна "Биди добар" (Видео)“. muzika24.mk. 2017-02-16. Посетено на 2023-12-03.
- ↑ 65,0 65,1 „Ќерката на Симон Трпчески со преработка на „За овој свет" (Видео)“. muzika24.mk. 2022-06-25. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Таушанска, Марија (2024-05-07). „Љупчо Ќурчиевски алијас Рико Санчез ја делел сцената со Володимир Зеленски“. Нова Македонија. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Vesna Malinova“. Discogs (англиски). Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Слушнете ја „Кој да ми запее" од македонското девојче Каролина Гочева“. Femina.mk. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Никола Зацески го промовираше својот прв сингл "Срцето мое тука чука" (Видео)“. muzika24.mk. 2020-11-20. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ „Кристина Арнаудова: "Засекогаш" е песната која мораше да биде отпеана (Видео)“. muzika24.mk. 2023-04-28. Посетено на 2024-12-03.
- ↑ Marija Atanasova (2024-11-06), MARIJA ATANASOVA - TI SI MI SE 2024, Посетено на 2024-12-03
- ↑ Телевизија M-Net HD (2024-10-22), Марија Атанасова со песната „Ти си ми се“ е единствената штипјанка која ќе учествува на Макфест, Посетено на 2024-12-03