Нон Стоп (музичка група)

Нон-Стоп e музичка група која е формирана од Арбен Шаќири и Дарко Тасев. Овие млади луѓе практично ја започнале својата соработка во лето 2000 година во студиото „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски, реали­зирајќи ја темата „Без мудрости“, со која на 12 октомври дебитираа на Макфест 2000. Претходно и двајцата имале солидно музичко иску­ство. Бени, како соло-изведувач имал реализирано повеќе снимки, додека Дарко како гитарист членува­л во составот Октавијан, кој смени неколку постави, но за Продукција на МРТВ успеал да реализира еден но­сач на звук (аудио касета). По успе­хот на Макфест, Нон-Стоп, како нај­добри дебитанти таа година, ја визуелизирале нивната деби-песна „Без мудрости“, која една година подоц­на, на истата музичка смотра е прог­ласена за најслушана песна меѓу два фестивала.

Benny & NON - STOP
ПотеклоСкопје, Македонија
ЖанровиХард рок, хеви метал
Период на активност2000 - денес
СоработнициМики Јовановски - Џафер, Олгица Христовска, Васко Тодоров, Тоше Поп Симонов, Венко Серафимовски, Дарко Мучев, Ева Скендеров­ска
Членови
Бени Шаќири
Горан Станковиќ - Црни
Владимир Икономов - Хистер
Бобан Василески
Методија Атансовски
Бени Шаќири

Веќе во ноември истата, 2000 годи­на, Нон Стоп и гостувале на малата Ева Скендеровска, во темата „Голем одмор“, а со идентичен, цврст рок стил, и со иста стратегија, продолжиле и по реализацијата на следната композиција „Сам“, објавена во февруари 2001 годи­на. Веќе на следниот Макфест (2001 година) настапиле со композицијата „Чо­век - ѕвер“, по што, под продуцентската палка на Валентино Скендеровски, за­почнале со реализација на песните за нивното деби-остварување Суперстар, кое (работено од ноември 2001 до јуни 2002 година) се најде во продажба на 21 јуни 2002 година, и кое предизвика одлични реакции кај публиката. Су­перстар, инаку, содржеше 11 песни, од кои четири стари („Без мудрости“, „Сам“, „Човек - ѕвер“ и „Голем одмор“, која со Ева ја исполнија на детскиот фестивал Супер ѕвезда) и седум нови песни, од кои „По навика„ (текст на Тоше Поп Симо­нов) веднаш стана голем хит, иако спотот за неа, со задоцнување, премиерно беше емитуван дури во септември. Меѓу гостите на албумот се појавија: Мики Јовановски - Џафер, Олгица Христовска, Васко Тодоров (Тошо Малерот од К-15), Тоше Поп Симонов, Венко Серафимовски, Дарко Мучев, Ева Скендеров­ска и голем број други музичари. Како автори на материјалот се јавуваат Ар­бен Шаќири, Валентино Скендеровски и Дарко Тасев, а во улога на текстописци се: Весна Малинова, Тоше Поп Симонов и Венко Серафимоваски.

Паралелно со овој албум Шаќири со екипа на свои музички пријатели, (Вален­тино Скендеровски, Димитар Кочев, Дарко Тасев, Горан Станковиќ - Црни, Влатко Икономов - Хистер и Марија Костова) работеше на мултиетничкото це­де, симболично насловено Multivitamine music projekt, на кое се најдоа двана­есет нови песни (специјално направени за ваква, многуетничка намена) - по две на јазиците на кои се зборува во Македонија: македонскиот, албанскиот, српскиот, турскиот, ромскиот и влашкиот. За македонската песна „Совршен ден“ е реализирано интересно видеоостварување, а самиот проект, кој во про­дажба се појави во финалето на 2002 година, финансиски го поддржаа невла­дините организации УСАИД и ИОМ.

Во почетокот на 2003 година Нон Стоп го објавија спотот за темата „Тотално луд“, со што го најавивја својот прв солистички концерт, закажан за 29 јануа­ри, во скопската Универзална сала. Комплетната аудио и видео снимка од концертот по реализацијата повторно беше вратена во студио, со цел да се направи ремикс на матерјалот, и конечно, и во Македонија да се добие реле­вантен концертен запис, сработен по светски стандарди и норми. Инаку, кон­цертот беше снимен на 48-канална дигитална техника, а истиот националната, Македонска радио-телевизија, го емитуваше во половината на септември 2003 година.

На 5 септември 2003 Нон Стоп го објавува синглот „Биди ми брат, биди ми френд“, инаку една од ударните теми на популарната детска ТВ-серија „Наше маало“. Автор на музика и текст на оваа песна е Венко Серафимовски, додека спотот е дело на Чедомир Поповски. Претстојниот период Бени и Дарко ќе го искористат за реализацијата на идеи­те за песни кои ќе се најдат на нивниот нов албум.

Надворешни врски

уреди