Марија Шерифовиќ (српски: Марија Шерифовић) (р. 14 ноември 1984) е српска пејачка која се прослави со победата на Евровизија 2007.

Марија Шерифовиќ
Основни податоци
Родено имеМарија Шерифовић
Роден(а)14 ноември 1984
Country flag Крагуевац, Југославија (денес Србија)
Жанр(ови)поп, српска музика
Занимање/њаПејачка
Години на активност2003 - сѐ уште
Продукциска куќа/ќиCity Records
Мрежно местоwww.marijaserifovic.net

Животопис уреди

Родена е во Крагуевац, Србија. Нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, е исто така пејачка која е од српско и ромско потекло. Нејзиниот татко, Рајко, е од турско потекло.

Музичка кариера уреди

Албуми уреди

Нејзиниот прв албум е „Нај, најбоља“, издаден во 2003 година, и бил многу добро прифатен. Најголем хит од овој албум била песната „Знај да знам“ компонирана од Дарко Димитров. Летото 2005, таа го издаде синглот „Агонија“, кој бил верзија на грчката супер ѕвезда Деспина Ванди (I Believe It).

Нејзиниот втор албум е „Без љубави“, издаден во 2006, и бил многу успешен. На почетокот на 2007, таа го издаде вториот сингл наречен „Без тебе“. На 28 јуни 2007 таа го издаде албумот наречен „Најдоброто од Марија Шерифовиќ“.

Фестивали уреди

Во 2003, таа настапи на Будва фестивалот со песната „Горка чоколада“, повторно од Дарко Димитров. Во 2004, таа беше дел од истиот фестивал со песната „Бол до лудила“ и зема прва награда.

Концерти уреди

На 21 февруари 2007, Марија Шерифовиќ го одржа својот прв соло концерт во белградската сала Сава Центар, што се смета за голем хит на српската музичка сцена. 4,000 луѓе беа присутни.

Надворешни врски уреди

Видеографија уреди

Спот Година Режисер
Бол до лудила 2004
У недељу 2005 MTS Beograd
Молитва 2007
Шта да заборавим 2009 Vladimir Đukelić
Један види све 2010 Харис Дубица
Луда глава балканска 2011
Ја волим свој грех 2014 Човек Машина
Мрш 2014
Паметна и луда 2015 Storyteller
Сама и нервозна 2015 Storyteller
Нисмо смели 2016 Петар Пашиќ
Чувам се 2016
Своја и твоја 2016
Део прошлости 2016 Андреј Илиќ
11 2017 NN Media
Није љубав то 2018 NN Media
Ноктурно 2020
Пријатељи 2020
Молитва 2020 Miloš Đukelić
Добар вам дан 2022 Милош Шаровиќ
Мој град 2023 Милош Шаровиќ
Пола сунца 2023 Милош Шаровиќ
АЛООО! 2023 Милош Шаровиќ
Вози ме 2023 Милош Шаровиќ
Ко броји моје ране 2023 Милош Шаровиќ
Иди док те волим 2023 Милош Шаровиќ
Ја сам 2023 Милош Шаровиќ
Другачија 2023 Милош Шаровиќ