Момчило Бајагиќ-Бајага
Момчило Бајагиќ Бајага 19 февруари 1960 во Бјеловар е српски рок-музичар.
Момчило Бајагиќ | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Momčilo Bajagić |
Роден(а) | 19 февруари 1960 Бјеловар, Хрватска |
Жанрови | Рок Хард рок Поп рок |
Занимања | Пејач, композитор |
Инструменти | гитара |
Период на активност | 1974–денес |
Соработници | Рибља Чорба, Бајага и инструктори |
Животопис
уредиМомчило Бајагиќ е е роден на 19 февруари 1960 година, во Бјеловар, Хрватска. Основнo училиште завршил во Земун, а потоа и Втора белградска гимназија. Се оженил во 1989 година.[1] и со сопругата Емилија имаат син Марко и ќерка Ангела.[2]
Музичка кариера
уредиСвојата музичка кариера Бајага ја започнал на својата 14. година, во групата „ТНТ“. По три години ѝ се приклучил на групата „Рибља чорба“, една од најпопуларните музички групи во тоа време. Најпрвин, тој се појавувал само на концертите на групата, апостепено станал главен композитор, заедно со Бора Ѓорѓевиќ. На 19 јули 1984 година, Бајага бил официјално исклучен од „Рибља чорба“, а подоцна ја основал својата музичка група „Бајага и инструктори“. Исто така, тој работил и на музиката на филмовите „Ни на земја ни на небо“ и „Професионалец“.
Наводи
уреди- ↑ Upoznao ju je u autobusu i 35 godina voli samo nju: Ovo je Bajagina supruga kojoj je posvetio SVE svoje pesme! ("Телеграф", 16. фебруар 2017), Посетено на 19. 7. 2018.
- ↑ Моје песме имају мирис Београда („Политика“, 21. април 2013), пристапено на 21.4.2013.