„Извор“ е деветтиот студиски албум на македонската пејачка Каролина Гочева објавен на 23 февруари 2018 година. Албумот е издаден преку дискографската куќа Авалон продукција во Македонија. Насловната фотографија на албумот е портрет на Гочева насликан од македонскиот уметник Михаил Корубин. Албумот „Извор“ содржи единаесет песни (десет и една дополнителна, инструментална верзија на песната „Ти не дојде“).

„Извор“
албум од Каролина Гочева
Издаден23 февруари 2018
ЖанрМакедонски фолклор, поп
Траење42:57
Издавачка куќаАвалон продукција
Каролина Гочева — Хронологија
Македонско девојче 2
(2014)
Извор
(2018)
Издадени песни од Извор
  1. "Ѕвона"
    Издадена: декември 2017

Музиката и аранжманите се на композиторот Никола Мицевски. Текстовите на песните ги напишаа Весна Малинова Бабамова („Убав живот“, „Бели цветови“, „Ѕвона“, „Нема песна за мене“, „Газам боса“, „Ти не дојде“, „Да е сон“, „Млади багреми“ и „Земи го срцево“) и на Весна „Бејби“ Петрушевска („Будна“).

Албумот беше најавен со песната „Ѕвона“, како прв сингл од албумот „Извор“, на 19 декември 2017 година, на официјалните обожавателски страници на Каролина и официјалниот канал на видеоплатформата YouTube.

На албумот „Извор“ свират инструменталистите: Никола Мицевски (пијано, хармоника), Зоран Костадиновски (електрична гитара), Дамјан Пејчиноски (акустична гитара), Владимир Крстев, Маја Ефремова, Владимир Костов, Јасмина Драгоманска, Бранислав Автовски (виолини), Кирил Јосифов (виолончело), Благојче Трајковски (кларинет), Тимко Чичаковски (канон), Златко Миладиновски (тамбура), Кирил Узунов (флејта), Гоце Димовски (кавал), Џамбо Агушев (труба), Љупка Арсовска, Хелена Суша, Македонка Петреска (придружни вокали).

Продуценти на албумот се Никола Мицевски и Дејан Момироски.

Албумот „Извор“ е снимен во студиото XL Момироски.

Концертна промоција уреди

Со цел да го промовира албумот, Каролина одржува седум последователни концерти во Македонска опера и балет во Скопје почнувајќи од 23, 24, 25 и 26 февруари,[1] и 1, 2 и 3 март.[2] Сите седум концерти, кои беа во организација и извршна продукција на нејзината матична куќа Авалон Продукција, беа за брзо време распродадени.

Во текот на 2018 година, концертната промоција на албумот „Извор“ продолжи во повеќе градови во Македонија меѓу кои и: родната Битола, со два концерта одржани на 26 и 27 март 2018 година во Центарот за култура, потоа во Домовите на култура во Тетово, Гостивар, Куманово, Штип и во Струмица, во месеците април и мај. Каролина имаше и два големи концерти на отворено во Античките театри во Хераклеја и во Охрид на 10 и 11 август 2018 година, а беше поканета и на неколку домашни реномирани фестивали.

Со вкупно 16 концерти во 2018 година, Каролина е единствената пејачка во Македонија со толкав број на одржани концерти.

Албумот „Извор“ за брзо време стана најпродаван албум во Македонија за 2018 година.

Синглови уреди

Песната „Ѕвона“ е издадена како прв сингл од албумот на 19 декември 2017 година. Песната беше објавена со видео запис, на официјалниот профил на Каролина Гочева на видео платформата YouTube.[3] Видеозаписот го изработи „Мелем продукција“ во режија на Огнен Шапковски.

Список на песни уреди

За музиката и аранжманот на сите песни се погрижи Никола Мицевски.

Бр. НасловТекстописци Траење
1. „Ѕвона“  Весна Малинова 4:35
2. „Убав живот“  Малинова 3:47
3. „Млади багреми“  Малинова 4:21
4. „Газам боса“  Малинова 4:19
5. „Нема песна за мене“  Малинова 3:58
6. „Бели цветови“  Малинова 4:09
7. „Да е сон“  Малинова 3:52
8. „Земи го срцево“  Малинова 4:18
9. „Ти не дојде“  Малинова 4:04
10. „Будна“  Весна Петрушевска 5:34
Вк. траење:
42:57

Наводи уреди

  1. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B8-%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%80%D1%82%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%9C%D0%9E%D0%91&id=2db0c957-ac76-49bd-b412-11e1ea50c1ff[мртва врска]
  2. „Каролина Гочева - Распродадено - Купи Карти За Се“. www.kupikartizase.com (англиски). Посетено на 2018-04-16.[мртва врска]
  3. http://sitel.com.mk/dzvona-prv-singl-od-pretstojniot-album-na-karolina-gocheva

Надворешни врски уреди