Александар Белов (пејач)

македонски пејач

Александар Белов (роден на 7 февруари 1987 година во Неготино[1][2]) - македонски пејач[3], познат по учеството во академијата на Операција Триумф. Тој бил главен фаворит во академијата и тоа од 13 гала вечери, тој 13 пати бил изгласан за фаворит на публиката, меѓутоа на крајот завршил на третото место. Александар Белов во февруари учествувал на македонскиот избор за песна на Евровизија.

Александар Белов
Роден Александар Белов
7 февруари 1987(1987-02-07)(37 г.)[1]
Неготино, СР Македонија, СФРЈ[1]
Националност Македонец[1]
Занимање пејач

Животопис

уреди

Завршил основно музичко училиште, отсек виолина. Неговото образование го продолжува и во средното музичко училиште[3]. Белов свири на виолина и флејта[1]. Во 2003 година на 16 годишна возраст учествува на тинејџерскиот фестивал „Мегабит“ во Битола со песната „Солзи и Тага“. Во својата тинејџерска кариера тој има повеќе песни како што се: „Рана“, „Седумнаесет“ и др. Иако доста талентиран и музикален, Александар не успевал баш најдобро во музиката па се посветува и на други работи. Во 2008 година решава да го промени сето тоа и се пријавува во Балканскиот Стар Академи или Академија на ѕвезди Операција Триумф. Во шоуто учествуваат претставници од 5 бивши Југословенски земји (сите освен Словенија) и еден од нив е Александар.

Операција Триумф

уреди

Александар се пријавува во Операција Триумф и на негова среќа тој е еден од избраните кандидати. Тој успева да влезе во потесниот круг од 16 кандидати на нултата гала вечер, а за тоа доста му помага и неговата брилијантна изведба со Каролина Гочева хитот се „Се лажам себе“. Во следните гали тој исто така има голема чест и пее со доста големи музички имиња од Балканот. Тој успева многу брзо да го грабне срцето на публиката, а доказ за тоа е тоа што од 13 гали, публиката го избра Александар 13 пати за фаворит. Меѓутоа на крајот тој не победува, а завршува на третото место. Можеби една од причините за непобедување е скандалот којшто го направи Хрватската Нова ТВ. Имено на рекламата за гласањето за финалистите на Операција Триумф, наместо бројот на Александар е ставен бројот на црногорката Нина Петковиќ, со што гласовите дадени за Александар оделе за Нина. Меѓутоа иако не ја зема победата му се ветува блескава кариера.

Настапи на Операција Триумф

уреди
Гала Изведувач/и Песна Датум Вистински изведувач
Гала 1 Александар Белов и Каролина Гочева Се лажам себе 29 септември 2008 Каролина Гочева
Гала 2 Александар Белов и Милица Мајсторовиќ Чија си 6 октомври 2008 Тоше Проески
Гала 3 Александар Белов и Аднан Бабајиќ Тако ти је мала моја кад љуби Босанац 13 октомври 2008 Бијело дугме
Гала 4 Александар Белов и Жељко Самарџиќ Љубавник 20 октомври 2008 Жељко Самарџиќ
Гала 5 Александар Белов и Борис Новковиќ Тамара 27 октомври 2008 Борис Новковиќ
Гала 6 Александар Белов и Марина Перазиќ Воли ме још ову ноќ 3 ноември 2008 Денис и Денис
Гала 7 Александар Белов и Дадо Топиќ Македонија 10 ноември 2008 Дадо Топиќ
Гала 8 Александар Белов Пјесмо моја 17 ноември 2008 Здравко Чолиќ
Gala 9 Александар Белов Vertigo 24 ноември 2008 U2
Gala 10 Александар Белов и Емина Јаховиќ Још ти се надам 8 декември 2008 Емина Јаховиќ
Гала 11 Александар Белов и Аднан Бабајиќ Има нека тајна веза 15 декември 2008 Бијело дугме
Гала 11 Александар Белов Тајно моја 15 декември 2008 Тоше Проески
Гала 12 Александар Белов и Нина Петковиќ Џули/Karma Chameleon 22 декември 2008 Боговиќ/Culture Club
Гала 12 Александар Белов и Горан Каран Остани 22 декември 2008 Горан Каран
Гала 13 Александар Белов и Аднан Бабајиќ Скопје 29 декември 2008 Леб и сол
Гала 13 Александар Белов и Сакис Рувас Shake it 29 декември 2008 Сакис Рувас
Гала 14 Александар Белов Ти си ми у крви 4 јануари 2009 Здравко Чолиќ
Гала 14 Александар Белов и ЈУ Група Као Морнар 4 јануари 2009 ЈУ Група
Гала 15 Александар Белов Красива 5 јануари 2009 Здравко Чолиќ
Гала 15 Александар Белов Тамара 5 јануари 2009 Борис Новковиќ

Избор на песна за Евровизија 2009

уреди

После крајот на Операција Триумф, се разбира не е крајот туку почетокот на кариерата на Александар. Тој се пријави на македонскиот избор за песна на Евровизија. Тој во февруари настапи со песната „Застани, солзи избриши“ чиј автор е Григор Копров. Александар заврши на осмото место.

Избор на песна за Евровизија 2010

уреди

После кратка пауза Александар се појавува повторно на музичката сцена и учествува на Македонскиот избор за песна на Евровизија. Тој настапил со песната „Остани“ чиј автор е Симон Трпчески. Александар завршил на третото место.

Ексклузивец на План Б продукција

уреди

На 31 март 2010 Александар Белов официјално стана дел од План Б продукција. Својата работа, План Б продукција и Александар Белов, ја крунисале со промовирање на неговата најнова песна, со наслов "Една". Видео записот на песната, под режисерска палка на Дарио Јанковиќ, бил снимен на повеќе локации во Битола. Спотот бил премиерно и ексклузивно прикажан на Сител Телевизија во естрадниот магазин Бекстејџ. Песната станала огромен хит на сите радио и ТВ станици во Македонија. Поради големиот успех, после еден месец, била објавена екс-ју верзија на песната "Једна" за балканските земји.

Песни

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-12-02. Посетено на 2008-12-08.
  2. „Aleksandar Belov - Operacija Trijumf“. web.archive.org. 2009-05-31. Архивирано од изворникот на 2009-05-31. Посетено на 2020-10-19. no-break space character во |title= во положба 17 (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. 3,0 3,1 http://www.a1.com.mk/operacija-triumf/kandidati/belov.asp