Пекче
}} Пекче или Бекче (хангул: 백제 ханча: 百濟) ― корејско кралство кое се наоѓало во југозападна Кореја и постоело од 18 година п.н.е. [1] до 660 г. Заедно со Когурјо и Сила било едно од трите древни корејски кралства. Во Пекче живееле приближно 3.800.000 луѓе (760.000 домаќинства), што било речиси исто со населението во Когурјо (3.500.000 луѓе) и многу поголемо од она во Сила (850.000 луѓе).[2]
Пекче | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
18 г. п.н.е.–660 г. | |||||||
Главен град |
| ||||||
Говорени јазици | Пекче јазик (кореански), Традиционален кинески, (книжевен) | ||||||
Вероисповед | Будизам, Конфуцијанство, Таоизам, Шаманизам | ||||||
Уредување | Монархија | ||||||
Крал | |||||||
• 18 п.н.е. – 28 CE | Онџо (прв) | ||||||
• 346–375 | Кинчого | ||||||
• 523–554 | Сонг | ||||||
• 600–641 | Му | ||||||
• 641–660 | Уиџа (последен) | ||||||
Историски период | Ancient | ||||||
• Основање | 18 г. п.н.е. | ||||||
• Престанала да постои | 660 г. | ||||||
Население | |||||||
• 7-ми век | Околу 3,800,000 (760,000 домаќинства) [2] | ||||||
| |||||||
Денес дел од | Северна Кореја Јужна Кореја |
Пекче бил основан од Онџо (трет син од основачот на Когурјо, Џумонг) во Вирјсеонг (денешен јужен Сеул). Пекче и Когурјо тврделе дека се земји-наследнички на Бујо (држава основана во денешна Манџурија по падот на Гоџосон).
Пекче често војувал против Когурјо и Сила за доминација на Корејскиот Полуостров. За време на својот врв во 4 век, Пекче го контролирал речиси целиот западен дел од Корејскиот Полуостров, а на север се протегало до Пјонгјанг, а можно е и да имал територии во Кина. Пекче станал голема регионална морска сила, со политички и трговски врски со Кина и Јапонија.
Пекче било голема поморска сила;[4] неговата наутичка вештина, што го направила Феникија во Источна Азија, била можне значајна за ширењето на будизмот низ Источна Азија и континенталната култура во Јапонија. [5] [6]
Во 660 година, Пекче било поразено од династијата Танг и Сила, и станало дел од Обединета Сила.
Етимологија
уредиИсторичарите за државата најчесто го користат името Пекче (백제), што значи „сто окрузи“, но Онџо го основал кралството како 十濟, што фигуративно значи „десетици окрузи“.[7] За време на владеењето на Гунчого (肖古王) било преименувано во Пекче.
Историја
уредиОсновање
уредиВо Пекче живееле домородниот народ Хан (Ханџа: 韓人) и корејскиот Јемаек (хања: 濊貊族) од Когурјо и Бујео.
Според кинеските Записи за трите кралства, Пекче бил основан во 18 година п.н.е.[1] откако кралот Онџо со група луѓе од Когурјо пристигнал до сливот на реката Хан, во близина на денешен Сеул.
Самгук Саги дава детален извештај за основањето на Пекче. Џумонг го напуштил кралството Бујо за да го основа новото кралство Когурјо, а во кралсвото Бујо го оставил неговиот син Јури. Џумонг станал божествен крал Донгмеонг и со Сосеоно имал уште два сина: Онџо и Бирју. Откако подоцна Јури пристигнал во Когурјо, Џумонг веднаш го назначил за престолонаследник. Откако видела дека Јури ќе биде следниот крал, Сосеоно го напуштила Когурјо. Таа со себе ги зела двата сина Бирју и Онџо за да основаат свои кралства. Таа е запаметена како клучна фигура во основањето на Когурјо и на Пекче.
Онџо се сместил во Вирисеонг (денешен Ханам) и својата земја ја нарекол Сипје (십제, 十濟, што значи „Десет вазали“), а Бирју се населил во Мичухол (денешен Инчеон).
Мичухол бил на мочурливо земјиште и имало проблеми при населувањето, а населението во Вирисеонг живеело просперитетно. Бирју потоа отишол кај Онџо и го побарал престолот на Сипје. Кога Онџо одбил, Бирју објавил војна, но ја изгубил. Од срам, Бирју извршил самоубиство, а неговите луѓе се преселиле во Вирисеонг, каде кралот Онџо ги пречекал и ја преименувал својата земја Пекче („Сто вазали“).
Кралот Онџо, под притисок на други махански држави, го преселил главниот град од југ на север од реката Хан, а потоа повторно на југ, веројатно целосно во денешен Сеул.
Во првите векови од нашата ера, Пекче постепено стекнувал контрола врз другите махански племиња.
Проширување
уредиКралството Пекче, кое припаѓало на Маханската Конфедерација, прво кон себе ја припоило областа околу сливот на реката Хан, потоа ја соборило доминантната држава Мокџи (목지국, 目支國), и на крај го припоила Махан како држава во склоп на кралството.
За време на владеењето на кралот Кои (234–286), Пекче продолжило да ја зацврстува Маханската Конфедерација и веќе било кралство во буквална смисла. Во 249 година, според древниот јапонски текст Нихон шоки, Пекче на исток се проширил до Конфедерацијата Каја. Пекче како кралство за првпат се спомнува во кинеските записи во 345 година. Првите дипломатски претставништва од Пекче стигнале во Јапонија околу 367 година (Според Нихон Шоки:247).
Кралот Кинчого (346–375), со војна против Когурјо ја проширил територијата на Пекче на север, а на југ ги анектирал преостанатите махански заедници. За време на владеењето на Кинчого, територијата на Пекче го зафаќала речиси целиот западен дел од Корејски Полуостров (освен двете пјонјаншки покраини), а во 371 година, Пекче го поразил Когурјо кај Пјонгјанг. Пекче продолжил активно да трговува со Когурјо и да ја усвојува кинеската култура и технологија. Будизмот станал официјална државна религија во 384 година.
Пекче, исто така, станал поморска сила и ги продолжил меѓусебните односи на добра волја со јапонските владетели од периодот Кофун, пренесувајќи во Јапонија континентална култура. Кинескиот начин на пишување, будизмот, напредното грнчарство, погребите церемонии и други аспекти од културата биле воведени од страна на аристократи, занаетчии, научници и монаси.[8] [9] [10]
Унѓински период
уредиВо 5 век, Когурјо го нападнал Пекче, при што Пекче загубил значителен дел од своите северни територии. Во 475 година, Сеулскиот регион паднал во рацете на Когурјо. Главниот град на Пекче од 475 до 538 година се наоѓал во Унѓин (денешен Гонџу).
Изолиран во планинско место, новиот главен град бил безбеден од нападите на Когурјо, но бил исклучен од светот. Сепак, градот бил поблиску до Сила, и Сила и Пекче склучиле воен сојуз против Когурјо.
Повеќето карти од периодот на Трите кралства покажуваат дека Пекче ги зафаќа покраините Чунгчеонг и Џеола, јадрото на земјата во тоа време.
Саби период
уредиВо 538 година, кралот Сонг го преселил главниот град во Саби (денешен округ Бујео), и повторно од Пекче направил силна држава. Привремено, го сменил официјалното име на земјата како Нампујо (хангул: 남부여; ханча: 南扶餘; ПР: Nambuyeo [na̠m.pu.jʌ̹]; буквално „Јужен Пујо“), и се однесувало на поранешната држава Пујо од која што Пекче тврдел дека потекнува. За време на периодот Саби имало процут на културата во Пекче, проследено со раст на будизмот.[11]
Притиснат од Когурјо од север и од Сила од исток, Сонг се обидел да ги зајакне односите со Кина. Местоположбата на Саби, на пловната река Геум, ги олеснувал врските со Кина, и овозможиле процут на трговијата и дипломатијата за време на неговото владеење, а продолжиле и во VII век.
Во VII век, Кралството Сила станало многу моќно, а Пекче пополека почнал да пропаѓа.
Пад на кралството
уредиВо 660 година, заедничка војска од Сила и Танг го нападнале Пекче, кој во тоа време бил сојузник со Когурјо. Војската од Пекче била поразена во битката кај Хвангсанбол. Главниот град Саби паднал веднаш потоа, и Пекче бил анектиран од Сила. Кралот Уиџа и неговиот син Бујо Јунг биле протерани во Кина, а дел од владејачката класа побегнала во Јапонија. По падот на Саби се случила една од најозлогласените епизоди во корејската историја, бидејќи безброј дворски дами, наложници и жени од благородништвото за да не бидат заробени од војската на Сила-Танг извршиле самоубиство така што скокнале од карпа во близина на Саби. Во знак на сеќавање на поразот на Пекче и на самоубиството на дворските дами и наложниците од кралството кои скокнале од карпата, на тоа место денес стои натпис „Карпа на цветовите што паѓаат“.[12]
Будистичкиот свештеник Дочим (도침, 道琛) и поранешниот воен генерал на Пекче Пујо Боксин се обиделе да го возобноват Пекче. Тие го пречекале принцот на Пекче, Пујо Пунг, кој се вратил од Јапонија за да стане крал со Џуриу (주류, 周留, во денешен Сеочеон, јужен Чунгчеонг) како негово седиште. Тие во Саби го опколиле генералот од династијата Танг, Лиу Ренјуан (劉仁願). Царот Гаозонг го испратил генералот Лиу Ренгуи да му помогне на Ренјуан против силите на отпорот од Пекче, но не биле доволно силни за да го задушат бунтот.
Пекче побарал јапонска помош, а кралот Пунг се вратил во Пекче со контингент од 10.000 војници. Пред да пристигнат бродовите од Јапонија, неговите сили се бореле со контингент на силите Танг во округот Унѓин. [12]
Во 663 година, силите за возобновување на Пекче и јапонската поморска флота се собрале во јужниот дел на Пекче за да се соочат со силите на Сила во битката кај Пекан. Династијата Танг испратила 7.000 војници и 170 бродови. Во август 663 година, по пет поморски конфронтации во кои секогаш победувала заедничката флота на Сила и Танг, Пујо Пунг избегал во Когурјо, а Сила и Танг ја одбраниле државата и не дозволиле возобновување на Пекче.[12]
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Korea, 1–500 A.D.“. Heilbrunn Timeline of Art History. New York: The Metropolitan Museum of Art. October 2000. Архивирано од изворникот на 2015-11-14.
- ↑ 2,0 2,1 Chosun Education (2016). „[ 기획 ] 역사로 살펴본 한반도 인구 추이“. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Chosun Education)“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Il-yeon (1281). Samgungnyusa.
- ↑ Ebrey, Walthall & Palais 2006.
- ↑ Kitagawa, Joseph (5 September 2013). The Religious Traditions of Asia: Religion, History, and Culture. Routledge. стр. 348. ISBN 9781136875908.
- ↑ Ebrey, Walthall & Palais 2013.
- ↑ „백제(百濟) – 한국민족문화대백과사전“. encykorea.aks.ac.kr. Посетено на 2023-02-04.
- ↑ „Korean Buddhism Basis of Japanese Buddhism“. Seoul Times. 2006-06-18. Архивирано од изворникот на 2016-03-03.
- ↑ „Buddhist Art of Korea & Japan“. Asia Society Museum. Архивирано од изворникот на 2016-03-03.
- ↑ „Kanji“. Japan Guide. Архивирано од изворникот на 2012-05-10.
- ↑ Il-yeon 2006.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Maldonado, Álvaro (2019). „A study of Baekje-Yamato relation changes with a focus on Baekje's capitals“. Asiademica. 13: 119. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Maldonado“ е зададен повеќепати со различна содржина.
Наводи
уредиБиблиографија
уреди
- Best, Jonathan W. (2007). A History of the Early Korean Kingdom of Paekche, together with an annotated translation of "The Paekche Annals" of the "Samguk sagi". Harvard East Asian Monographs. Massachusetts: Harvard University, Asia studies.
- Brown, Delmer M., уред. (1993). The Cambridge History of Japan. Cambridge University Press. ISBN 9780521223522.
- Ebrey, Patricia Buckley; Walthall, Anne; Palais, James B. (2006). East Asia: A Cultural, Social, and Political History (англиски). Houghton Mifflin. ISBN 9780618133840. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Ebrey, Patricia Buckley; Walthall, Anne; Palais, James B. (2013). East Asia: A Cultural, Social, and Political History (англиски). I: To 1800. Cengage Learning. ISBN 978-1111808150. Архивирано од изворникот 2016-12-03. Посетено на 2016-09-12. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Il-yeon (2006) [1281]. Samguk Yusa: Legends and History of the Three Kingdoms of Ancient Korea. Book Two. Преведено од Tae-Hung Ha; Grafton K. Mintz. Silk Pagoda. ISBN 1-59654-348-5. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Kōzō, Yamamura (1997). The Cambridge history of Japan. John Whitney Hall. Cambridge University Press. ISBN 0-521-22354-7.
- Lee, Kenneth B (1997). Korea and East Asia : the story of a Phoenix. Praeger. ISBN 0-2759-5823-X.