Кофукуџи (јапонски: 興福寺) — древен будистички храм во Јапонија во градот Нара. Храмот е заштитен како место на светското наследство на УНЕСКО. Овој храм е главниот храм на школата Хосо (што одговара на индиската филозофска школа Јогачхара, основач на школата е Дошо). Храмот ја продолжува традицијата на Куша и Сарвастивада, сосредоточена на проучувањето на трактатот на Васубандху „Абхидхармакоша“. Храмот е еден од седумте најголеми храмови на југот. Основан е во Кјото, но е преместен во Нара во 710 г.

Кофукуџи
Храмот Кофукуџи
Основни податоци
МестоНара, Префектура Нара
Координати34°41′00″N 135°49′52″E / 34.68325° СГШ; 135.83117° ИГД / 34.68325; 135.83117
ПрипадностХосо
БожествоШака Њораи (Шакјамуни)
ЗемјаЈапонија Јапонија
Мреж. местоkohfukuji.com
Архитектонски опис
ОсновачИмператор Тенџи
Завршен669 г.

Храмот бил оштетен и уништен од граѓански војни и пожари многупати, и бил обновен исто толку пати, иако на крајот некои од важните градби, како една од трите златни сали, Нандаимон, Чумон и ходникот никогаш не биле преустроени и денес ги нема.[1]

Наводи

уреди
  1. Turnbull, Stephen (1998). The Samurai Sourcebook. Cassell & Co. стр. 200. ISBN 1-85409-523-4.

Надворешни врски

уреди