Мисионерство
Мисионерство (латински: missio = „задача, испраќање“) — дејност на верските организации и нивните членови (наречени мисионери), која службено е насочена кон преобратување на неверниците кон нивната вера.[1][2][3]
Настанување
уредиБудистите биле првите што го започнале мисионерството (III век пр. н. е.); тоа потоа станало одлика на христијанството и исламот. Засадувањето на католицизмот било идеолошко покритие за германското феудално-колонијалистичко напредување на Исток: мисионерите учествувале во крстоносните војни, придонесувајќи за остварување на политичките и трговските цели на западноевропските феудалци. Во XV–XIX век, мисионерството, вклучувајќи го и протестантското, им помогнало на колонизаторите да освојат и „развијат“ нови земји. Во периодот на распадот на колонијалниот систем, мисионерството станало активен водач на политиката на неоколонијализмот.
Мисионерството во Македонија
уредиХристијанството во Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на своето мисионерство, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија бил четирипати. При второто мисионерско патување, во 50 или 51 година ги основал црквите во Филипи, Солун и Берија (Дела 16,9-17,14). 2). При своето трето мисионерско патување, во 57 година, посетувајќи ги вторпат истите места. Заедно со Лука ја крстосувал Македонија, проповедајќи го Евангелието низ сите македонски градови до Илирик и до источниот брег на Јадранското Море. Во тоа време, во Македонија, го напишал и го испратил Второто послание до Коринтјаните (Дела 20,1; 2. Кор. 2, 12-13; 2. Кор 7,5-9; Рим 15,19; Дела 20,2). 3) Во 58 година минал по третпат низ Македонија, враќајќи се кон Ерусалим и ги посетил градовите по обратен ред: Берија, Солун, Филипи (Дела 20,3-6). 4) И, четврти пат, кога од Македонија го напишал и испратил Првото послание до Тимотеја, во 64/65 година (1. Тим. 1,3).
Нова епоха
уредиВо врска со растот на атеизмот во современите буржоаски земји, Католичката и Протестантската црква почнале да создаваат установи за „внатрешна мисија“ — враќање на христијаните што ја напуштиле црквата.
Книжевност
уреди- Barrett, David, ed. World Christian Encyclopedia, Oxford University Press, 1982.
- Beaver, R. Pierce. "North American Thought on the Fundamental Principles of Missions During the Twentieth Century". Church History 21.4 (1952): 345–364.
- Beaver, R. Pierce. ed American Missions in Bicentennial Perspective(1977).
- Beaver, Robert Pierce. American Protestant Women in World Mission: History of the First Feminist Movement in North America. (WB Eerdmans Publishing Company, 1980).
- Beaver, Robert Pierce. Church, state, and the American Indians: two and a half centuries of partnership in missions between Protestant churches and government (Concordia Pub. House, 1966).
- Beaver, Robert Pierce. Missionary Motivation through Three Centuries (1968).
- Філософський словник / за ред. В. І. Шинкарука. — 2-ге вид., перероб. і доп. — К. : Головна ред. УРЕ, 1986. (украински)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Мисионерство“ на Ризницата ? |
- Missionary Organizations, missionary organizations directory
- Missiology.org, resources on missions (Christian) education.
- LFM. Social sciences & missions (academic journal)