Махабхарата (деванагари: महाभारत) — хиндуистички еп напишан на санскрит. Насловот може да се преведе како „големата повест за династијата Барата“. Барата е легендарниот крал за кого се смета дека го основал кралството Баратаварша. „Махабхарата“ е најголемото дело во светската книжевност, составено од 18 книги со над 200.000 стихови. Епот бил создаван во текот на осум векови, од 4 век п.н.е до 4 век од новата ера.[1]

Илустрација на ракописот - битката на Курукшетра
Дел од статиите
Хиндуизам
Историја  · Божества
Секти  · Митологија
Верувања
Реинкарнација  · Мокша
Карма  · Самсара  · Маја
Нирвана  · Дарма
Јога  · Ајурведа
Југа  · Вегетаријанство
Бакти  · Арта
Текстови
Упанишади  · Веди
Багават гита
Рамајана  · Махабхарата
Пурана  · Аранјака
Сродни статии
Хиндуизам по земји
Водачи  · Мандир  ·
Касти  · Мантра
Речник  · Празници
Мурти

„Махабхарата“ е еден од двата големи епови на древна Индија, заедно со „Рамајана“. Епот е дел од хиндуистичката историја, и е важен дел од хинду-митологијата. „Махабхарата“ има огромна важност за културата во Индија, зборувајќи за целите на човекот (арта или цел, кама или задоволство, дарма или должност и мокша или ослободување) и претставува обид да се објасни врската меѓу поединецот со општеството и со светот (природата на себството), како и работата на кармата.

Содржина

уреди

Во основа, „Махабхарата“ се состои од два дела при што едната половина е посветена на долготрајната борба меѓу Пандуите и Куруите, додека втората половина ја сочинуваат разни поединечни епизоди, како што се приказната за Нал и Дамајанта, за Савитра, за Багавадгита, итн. Основната тема во главниот еп е постојаната борба меѓу двете ариевски племиња, Пандуите и Куруите, при што основната тема е испреплетена со разни борби со џинови.[2]

Осврт кон епот

уреди

„Махабхарата“ има големо историско значење, зашто дава слика на животот во древната Индија - животот на аристократијата, различните религиозни, филозофски и морални сфаќања, врската меѓу војничката аристократија и свештенството, воените стратегии и тактики, одликите на патријархалното семејство итн. Исто така, епот се одликува и со голема уметничка вредност, зашто во него е насликана цела галерија човечки типови.[3] Оваа книга е неповторлив документ за древната индиска култура, највеличествениот дострел на старата индиска книжевност и еден од најголемите културни дострели во човековата цивилизација.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Vojislav Đurić, „Pogovor“, во: Pesma o kralju Nalu. Beograd: Rad, 1963, стр. 129.
  2. Vojislav Đurić, „Pogovor“, во: Pesma o kralju Nalu. Beograd: Rad, 1963, стр. 129-132.
  3. Vojislav Đurić, „Pogovor“, во: Pesma o kralju Nalu. Beograd: Rad, 1963, стр. 129-130.
  4. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 10.

Надворешни врски

уреди