Боболец

село во Драмско, Егејска Македонија

Боболец или Бублич (грчки: Πύργοι, Пирги; до 1927 г. Βοβλίτσι, Вовлици[1]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Просечен на Драмскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 151 жител (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци од мешана вероисповед, кои и денес се мнозинство.[2]

Боболец
Πύργοι

Поглед на селото

Боболец во рамките на Егејска Македонија
Боболец
Местоположба на Боболец во Егејска Македонија
Боболец на карта

Карта

Координати 41°15′08″N 24°01′27″E / 41.25222° СГШ; 24.02417° ИГД / 41.25222; 24.02417
Држава Грција
Област Источна Македонија и Тракија
Округ Драма
Општина Просечен
Општ. единица Просечен
Ист.-гео. област Зихна
Население 151 жит.
(2021)
Шифра во ЕЛСТАТ 0205011001
Надм. вис. 630 м
Боболец на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 19 км северозападно од градот Драма и 12 км североисточно од општинскиот центар Просечен, во јужното подножје на ридот Мраморец, огранок на Боздаг, на надморска височина од 630 м.[2] Сместено е на десната страна на реката Сушица, која ја образува блиската Боболечка Клисура.

Историја

уреди
 
Рушевини на станбени кули во селото

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Боболец било македонско село во Драмската каза на Драмскиот санџак. Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во Боблиц имало 66 домаќинства со 279 машки жители. Дел од селското население биле Македонци-муслимани.[3][4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Боболец, на север од Драма; се минува преку Плевна бидејќи помеѓу Драма и Боболец се издига стрмен врв на Боздаг. На 1 12 ч. североисточно од Плевна. Околината е планинска; селаните се рудари и дрвари. Црква во која се служи мешано. 30 македонски и 30 помачки куќи.[5]

Кон крајот на XIX век Васил К’нчов го забележал селото со 18 македонски и 50 помачки куќи.[3][6] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Боболец имало 240 Македонци-христијани, 245 Македонци-муслимани и 7 Роми.[3][7]

Христијанското население на селото било под влијание на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Баболец (Baboletz) имало 160 Македонци под влијание на патријаршијата. Во селото работело грчко училиште со еден учител и 10 ученици.[3][8]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 169 жители, кои поради војните во 1920 г. се зголемиле на 442 лица.[2]

Во 1924 г. муслиманското население било иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле бегалски семејства од Мала Азија, така што селото станало мешана населба.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Пирги (Πύργοι), во превод „кули“.[1]

Стопанство

уреди

Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а поради пространите пасишта во околината, внимание му се посветува и на сточарството.[2]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 396 375 450 226 259 250 318 274 151
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 51,4 квадратни километри.[2] Општината Боболец, која била укината во 1997 година и станала дел од општината Просечен, која во 2011 година станала дел од поголемата општина Просечен.

Селото припаѓа на општинската единица Просечен со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Просечен, во округот Драма. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Боболец, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Клисури

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2023-11-12.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 143.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Райчевски, Стоян (2004). „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (70/100/16)|format= бара |url= (help) (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 113. ISBN 954-9308-51-0. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  5. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 4.
  6. Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 28.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 198. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 204–205.

Надворешни врски

уреди