Сушица (река во Драмско)

Сушица или Куру Чај (грчки: Σούσιτσα,[1] Σόσιτσα) — река во Драмско, Егејска Македонија.[2][3]

Сушица
Σούσιτσα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајДрамско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоБоздаг
 • координати41°17′39″N 24°04′44″E / 41.2942° СГШ; 24.0790° ИГД / 41.2942; 24.0790
Устие 
 • место
Панега кај Голем Сивендрик
 • координати
41°07′33″N 23°58′24″E / 41.1257° СГШ; 23.9733° ИГД / 41.1257; 23.9733
Особености на сливот
Сушица (река во Драмско) во рамките на Просечен (општина)
извор
утока

Течение

уреди

Реката извира од планината Боздаг јужно под сртот Карталка (2.035 м), на кој се наоѓа пештерата Снежница. Тече под името Наковица прво на југозапад низ истоимената шума Наковица, а потоа на запад низ Боболечката Клисура. Ги прима големите десни притоки Ловна и Дебелина, и кај поранешното село Кочан свртува на југ. Ја прима реката Преход што проаѓа низ Боболец, а потоа и големата лева притока Буро. Излегува од планината кај селото Плевна, минува западно покрај селото и се влева во Панега северозападно над селото Голем Сивендрик.[2]

Притоки

уреди

→ лева, ← десна

  • ← Ловна[2]
  • ← Дебелина[2]
    • → Усоница[2]
  • ← Преход[2]
  • → Буро[2]

Наводи

уреди
  1. „Δράμα“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 27 декември 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. Dráma GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)