Илија Пиперкоски
Илија Пиперкоски (4 април 1985 во Охрид) — македонски филмски режисер, сценарист, продуцент, професор за сценарио, режија и ПР.
Пиперкоски е автор на енциклопедија за филм, како и книги, есеи и уметнички перформанси, чии дела имаат повеќе фестивалски проекции, вклучувајќи ги : Битола, Струмица и Скопје-Македонија, Биертан -Романија, Бугарија, Тел Авив -Израел, Пекинг -Кина, Букурешт -Романија, Болзано -Италија, Германија итн. Предава на Универзитет за театар и филм „I.L.Caragiale“ во Букурешт, Романија. На институтот за комуникациски студии е ангажиран како стручњак од практиката во областа на мултимедијалната продукција и друштвените медиуми. Тој е сопственик на продукциската куќа „Pandora`s box“ и обучувач за видео продукција и пишување на сценарија.[1] Од октомври, 2017 година работи во Општина Охрид во секторот за поддршка на Градоначалникот како шеф на кабинет.
Животопис
уредиИлија Пиперкоски е роден во Охрид, Македонија, на 4 април 1985 година. Своето основно образование го завршил во ОУ. „Григор Прличев“ во својот роден град, како и средно образование во УСО. „Св.Климент Охридски“ (познато како Охридска гимназија).
- 2005-2009 година - дипломирал на Универзитетот за театар и кино ( Bachelor at University for Theatre and Cinema) I.L.Caragiale - Букурешт, Романија;
- 2010-2012 година- магистрирал на Универзитетот за театар и кино ( Bachelor at University for Theatre and Cinema) I.L.Caragiale - Букурешт, Романија;
- 2012-2015 година - станал доктор на науки на Универзитетот за театар и кино ( Bachelor at University for Theatre and Cinema) I.L.Caragiale - Букурешт, Романија;
Творештво
уредиИлија Пиперкоски бил сценарист и режисер на играниот филм „Дедо и внук“ (2017-2019).[2] Главните улоги ги толкувале: Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Иваноска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов, Наум Цветкоски. Овој филм бил започнат со пишување на крајот на 2013 година. Со снимање се започнало во 2017 година, а премиерата се планирала на 6.12.2019 во Охрид. Карактеристично за овој филм било тоа што е прв филм целосно сниман во Охрид, од почеток до крај. Дедо и внук се вброил во филмови кои имаат интимна приказна, семејна драма со многу емоции, психолошка драма со акција меѓу луѓе, филм на карактери. Филмот бил снимен со македонско-романска копородукција. [3] [4] [5] [6] [7] [8]
Документарен филм
уредиРежирал документарни филмови, од кои едниот е „Охрид, град на светлината“ (2017)во пет епизоди. Подоцна ги снимил и „Ѓорче Петров“ (2018) и „Методи Патчев“ на кои бил и режисер и сценарист. Во 2015 година го режирал долгиот документарен филм „Последниот Македонец од Македонија“ (2015, „The Last Macedonian - The road to extinction”). Низ 2013 година снимил пет документарни филма, на кои им бил сценарист и режисер, и тоа: „Тиквешко востание“ („Tikves Rebelion”), „Охридско востание“ („Ohrid Rebelion”), „Христо Матов“ („Hristo Matov“), „Петар Шанданов“ („Petar Shandanov“) и „Пере Тошев“ („Pere Toshev“). Во 2010 година бил режисер и сценограф на филмот „Прочистување на душата“ („Purification of the soul“), а во 2007 година сценарист, режисер и продуцент на филмот „Јас и мојот живот без некои работи“ („Me and my life without some things“).
Краток филм
уредиРежирал краткометражни филмови, а еден од нив е „Матасари“ (2011, „Matasari”) [9] . Со овој филм се претставил на еден од најпрестижните филмски фестивали, фестивалот „Next Film“ во Букурешт.[10] Во 2014 година го создал филмот „Краткиот пат за далеку“ („The short way, to far away”) на кој бил и сценарист и режисер. Пиперкоски се поставил во улога на режисер и сценарист и за филмот „Супер момче“ (2013, „SuperBoy”).[11]
Режирал една ТВ емисија.
Илија Пиперкоски бил помошник-директор на повеќе од дваесет играни филма.[12]
Филмографија
уредиИлија Пиперкоски бил глумец во филмот „Нешто добро во животот“ („Ceva Bun de la Viata“ , 2011 [13] [14]), каде го играл ликот Илија (Ilie). Во 2017 година бил асистент на режисерот за краткометражниот филм „Допир“ (Dopir Aka Touch), додека пак во 2015 година бил помошник- режисер на режисерот Стојан Вујичиќ за краткиот филм „Брат за еден ден“ („Brother for a day”). Истата, 2015 година, бил помошник-режисер на режисерот Дарко Митревски за филмот „Трето полувреме“ („Third half“). Подоцна, во 2017 година бил и продуцент на документарниот серијал за Охрид, „Охрид: град на светлината“ („Ohrid: City of Light“). Во 2013 година го започнал со пишување сценариото за филмот „Дедо и внук“ („Grandfather and Grandson“).
Во 2022 година бил извршен продуцент на филмот Преекспонирано (Things Unsaid) [15] [16]
Илија бил режисер и на реклами. Во 2022 [17] и 2023 [18] година.
Фестивали
уреди- Со филмот „Последниот Македонец од Македонија“ („The Last Macedonian - The road to extinction“) [19] во 2015 година настапил на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола (Manaki Brothers Film Festival- Bitola) [20] [21]
- Со филмот „Матасари“ („Matasari“) настапил на повеќе фестивали и тоа во 2012 година на:
- Филмски Фестивал „Тимисорт“ во Романија (Timishort Film Festival Romania);
- Филмски Фестивал „Полна месечина“Биертан, Романија („Full Moon-Horror & Fantasy Film Festival - Biertan, Romania);
- Филмски Фестивал „Тимисорт“ во Романија( Timishort film festival- Romania);
- интернационален Филмски Фестивал „IN THE PALACE“ во Бугарија (International Short Film Festival -Bulgaria);
- интернационален Филмски Фестивал „Тел Авив“ во Израел (Tel Aviv International Film Festival- Tel Aviv, Israel );
- интернационален Филмски Фестивал „Пекинг“ во Кина (Beijing International Film Festival- Beijing, China);
- Филмски Фестивал „Следен Филмски Фестивал“ во Букурешт, Романија (Next Film Festival, Bucharest, Romania);
- Филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, Македонија (Manaki Brothers Film Festival- Bitola, Macedonia);
- Филмски фестивал „Cinedays“ во Скопје, Македонија (Cinedays-Skopje,Macedonia);
- Со филмот „Јас и мојот живот без некои работи“ („Me and my life without some things’) настапил на:
- фестивал „CineDays“ во 2007 во Скопје, Македонија (Cinedays, 2007-Skopje,Macedonia);
- фестивал „Астер Фест“ во 2008 година во Струмица, Македонија (Aster Fest 2008- Strumica, Macedonia);
- Фестивал „Болзано“ во 2008 година во Болзано, Италија (Bolzano Film Festival, Bolzano, Italy 2008);
- 16-ти филмски фестивал „Контравизија“ во 2008 година во Германија (16th Film festival CONTRAVISION- Germany 2008);
- Фестивал „Да кино“ во 2008 година во Букурешт, Романија (Film Festival – Bucharest, Romania 2008);
- Фестивал „Астра“ во 2009 година во Сибиу, Романија (Astra Film Festival 2009-Sibiu, Romania);
Награди и признанија
уредиНадворешни врски
уреди- Cel Ales (2015)
- Trailer Cel Ales
- Trailer Ceva Bun de la Viata/ Нешто добро во животот
- Trailer Matasari #1/ Матасари
- Trailer Matasari #2 / Матасари
- ОХРИД, Документарен филм (ЕП 01) OHRID, Dokumentary Movie (EP 01)
- ОХРИД, Документарен филм (ЕП 02) OHRID, Dokumentary Movie (EP 02)
- ОХРИД, Документарен филм (ЕП 03) OHRID, Dokumentary Movie (EP 03)
- ОХРИД, Документарен филм (ЕП 04) OHRID, Documentary Movie (EP 04)
- ОХРИД, Документарен филм (ЕП 05) OHRID, Documantary Movie (EP 05)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Институт за комуникациски студии“. Архивирано од изворникот на 2019-02-22. Посетено на 2019-02-01.
- ↑ Режисерот Илија Пиперкоски во Охрид го почна снимањето на својот прв игран филм
- ↑ Официјален трејлер на филмот „Дедо и внук“
- ↑ Краток спот 2
- ↑ Ексклузивно интервју со Илија Пиперкоски пред премиерата на филмот „Дедо и внук“[мртва врска]
- ↑ Официјална страна на филмот „Дедо и внук“
- ↑ 90 минути емисија на ТВ Телма
- ↑ Илија Пиперкоски гостин во емисијата „Под лупа“ на ТВМ
- ↑ „Илија Пиперкоски- Агенција за иселеништво на Република Македонија“. Архивирано од изворникот на 2020-09-26. Посетено на 2019-02-01.
- ↑ „Matasari“ на Илија Пиперкоски на фестивал во Романија[мртва врска]
- ↑ Мојот живот, мојот свет[мртва врска]
- ↑ IMDb
- ↑ Trailer Oficial
- ↑ IMBd
- ↑ [https://www.youtube.com/watch?v=Q__hjUNuB1c / Trailer Oficial
- ↑ IMBd
- ↑ / Д-р. Баткоски
- ↑ / Д-р Баткоски
- ↑ [ https://www.imdb.com/title/tt4895432/?ref_=nm_knf_t_4/ IMBd ]
- ↑ IMBd
- ↑ [ https://www.youtube.com/watch?v=ATJPokg4Bdg/ Цел филм ]