Бен Кингсли

англиски глумец

Бен Кингсли (англ. Ben Kingsley), роден како Кришна Пандит Банџи (англ. Krishna Pandit Bhanji; р. 31 декември 1943 г.) ― англиски глумец. Во текот на неговата кариера добил многу награди меѓу кои: Оскар, БАФТА, Греми и две награди Златен глобус, а исто така бил предложен за четири Еми-награди за серија во ударен термин и две награди „Лоренс Оливие“. За неговите заслуги за британската киноиндустрија, во 2002 година Кингсли бил назначен за витез-бакалауреат.

Сер
Бен Кингсли
Бен Кингсли во 2014 г.
Роден(а)Кришна Пандит Банџи
31 декември 1943(1943-12-31)(80 г.)
Снејнтон, Англија, Обединето Кралство
Занимањеглумец
Активен период1966–денес
Сопружник
  • Анџела Морант (в. 1966; раз. 1976)
  • Алисон Сатклиф (в. 1978; раз. 1992)
  • Александра Кристман (в. 2003; раз. 2005)
  • Даниела Левендер (в. 2007)
Деца4
Потпис

Живот и кариера

уреди

Кришна Пандит Банџи бил роден на 31 декември 1943 година, во Снејнтон, Англија.[1][2][3] Неговата мајка била англиска глумица и манекенка што била родена вонбрачно и „не сакала да зборува за нејзиното потекло“.[4][5][6] Неговиот татко бил роден во Занзибар (денес дел од Танзанија) во семејство со индиско потекло.[7][8]

1967 ― 1981: Театарски глумец и почетоци на кариерата

уреди

Во 1967 година Кингсли се приклучил на Кралската Шекспирова компанија (RSC).[9] Следните 15 години се посветил исклучиво на работа во театар, а на театеарот во Вест Енд дебитирал во 1967 година во претставата „Како ви е арно, така“.[10] Потоа глумел и во други драмски претстави како: Од влакно ортома, Ричард III, Бура, Сон на летната ноќ, Хамлет и Веселите жени од Виндзор.[10]

 
Кингсли во Шведска, 1983 година

Во 1960-тите, го сменил неговото име во Бен Кингсли, сметајќи дека странското име ќе му ја попречи кариерата.[11][12] Во 1971 година Кингсли дебитирал на Бродвеј со драмската претстава Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир.[13] Во 1981 година се вратил на Бродвеј играјќи ја главната улога во претставата од Рејмонд Фицсимонс Едмунд Кин (1983).[14] Тој во Сиднеј во 1982 го глумел Вили Ломан во претставата Смртта на продавачот работена според драмата од Артур Милер, во која исто така глумел и Мел Гибсон.

1982 ― 1998: Премин кон филмски и телевизиски улоги

уреди

Пресвртна точка во кариерата на Кингсли бил животописниот филм Ганди (1982), во режија на Ричард Атенборо, во кој Кингсли ја играл насловната улога на антиколонијалистичкиот активист и миротворец Махатма Ганди. За неговата изведба, Кингсли добил многу признанија вклучувајќи ги: Оскар за најдобар глумец, награда БАФТА за најдобар глумец во главна улога и Златен глобус за најдобар глумец во филмска драма. Следната година глумел во британскиот драмски филм Предавство (1983), адаптација на истоимената драма од 1978 година од Харолд Пинтер. За неговата изведба ја освоил наградата „Evening Standard“.[15]

 
Кингсли на филмскиот фестивал во Венеција во 1990 година

Во текот на 1980-тите, Кингсли глумел во многу филмови, вклучувајќи ги: Дневникот на желката (1985) во режија на Џон Ирвин, Морис (1987) кој бил адаптација од истоимениот роман од 1971 година од Е.М. Форстер,[16] го глумел рускиот композитор Дмитриј Шостакович во „Сведоштво“, главниот лик Василиј Паскали во „Островот на Паскали“ (1988) и д-р Џон Вотсон во „Без трага“ (1988). Кингсли бил номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога за улогата на Мејер Лански во филмот Багзи (1991). Имал споредни улоги во филмовите: Патики (1992), Дејв (1993) и како учителот по шах Брус Пандолфини во Барајќи го Боби Фишер (1993).

Во историската драма од Стивен Спилберг, „Шиндлеровата листа“ (1993), Кингсли го глумел Ицак Стерн, човек кој го преживеал холокаустот. За овој филм Кингсли бил номиниран за наградата БАФТА за најдобар глумец во споредна улога. Кингсли глумел заедно со Сигурни Вивер во „Смртта и девојката“ од Роман Полански (1994), откако претходно глумел со неа во Дејв.

Во 1996 година го глумел Фесте во Спроти водици, филмска адаптација на драмата од Вилијам Шекспир.

1999–денес: Подоцнежни улоги

уреди

Кингсли го глумел Дон Логан, насилен психопат и регрутер за лондонското подземје, во „Секси ѕвер“ од Џонатан Глејзер (2000). [17] Оваа улога на Кингсли му донела уште една номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога. Една година подоцна, тој ја освоил наградата „Кристален глобус“ за исклучителен уметнички придонес во светската кинематографија на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари. Во 2003 година го глумел полковникот Масуд Амир Бехрани во филмот „Куќа од песок и магла“ во режија на Вадим Перелман. За неговата улога бил предложен за наградата Оскар, наградата Златен глобус и наградата Independent Spirit за најдобар глумец.[18][19] Следната година имал споредна улога во психолошкиот трилер Suspect Zero (2004).

 
Кингсли на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, 2012 година

Во јули 2006 година, Кингсли добил номинација за „Еми награда за серија во ударен термин“ за извонреден глумец во главна улога во ограничена серија или филм за неговата изведба во телевизискиот филм на HBO „Госпоѓа Харис“ (2005), во кој го глумел познатиот кардиолог Херман Тарноуер, кој бил убиен од неговиот љубовница, Џин Харис.[20] Во 2007 година, Кингсли глумел мафијаш во комедијата You Kill Me, и платен убиец во War, Inc.[21] Кингсли добил номинација за најдобар британски глумец на годината од Лондонскиот кружок на филмски критичари.[22]

Во 2010 година го позајмил гласот на ликот по име Сабин во играта Fable III од студиото Lionhead и глумел заедно со Леонардо ди Каприо во Островот Шатер (2010) во режија на Мартин Скорсезе. Истата година, Кингсли дебитирал во Боливуд со трилерот Teen Patti (2010). Следната година се појавил во следниот филм од Скорсезе, детскиот авантуристички филм Хуго (2011), каде го глумел францускиот илузионист Жорж Мелије. Улогата на Кингсли на Мелије, исто така, му ја донела наградата Сатурн за најдобар глумец. Во 2013 година, Кингсли го глумел негативецот Тревор Слетери во филмот Ајронмен 3 и протагонистот Мејзер Рекхем во научно-фантастичниот филм Ender's Game. Една година подоцна го играл хебрејскиот роб Нан во Егзодус: Богови и кралеви од Ридли Скот и Меренкаре, симулакрум на египетски фараон и татко на Ахменра, Ноќ во музејот: Тајната гробница[23] во кој глумеле и: Бен Стилер, Робин Вилијамс, Овен Вилсон, Рами Малек и Ден Стивенс.

Истата година, Кингсли ја повторил неговата улога на Слатери во краткиот филм „Сите поздравете го кралот“.

Во 2015 година, Кингсли портретирал Сики инструктор за возење во филмот „Learning to Drive“. [24] Го позајмил гласот на Багира во адаптацијата во живо на „Книга за џунглата“ од Џон Фавро (2016), римејк на оригиналниот филм од 1967 година.[25] Кингсли, исто така, ја снимил Автобиографијата на Јоги од Јогананда. Во 2018 година бил наратор во документарниот филм Сè или ништо: Манчестер Сити кој го следел соборувањето на рекордот на Манчестер Сити во Премиер лигата во сезоната 2017-18.[26] Кингсли ја повторил неговата улога на Тревор Слетери во филмот Шанг-Чи и легендата за десетте прстени (2021).[27] Глумел во „Прекрасната приказна за Хенри Шугар“ од Вес Андерсон (2023), филмска адаптација на расказот од Роалд Дал. Филмот освоил Оскар за најдобар краток филм во живо.[28]

Кингсли треба да го игра Ибрахим Ариф во филмот според повеќенаградуваната серија од Ричард Осман Четврточен клуб за убиства.[29] Снимањето започнало во летото 2024 година.

Наводи

уреди
  1. „Kingsley, Sir Ben, (born 31 Dec. 1943), actor“. Who's Who. 2007. doi:10.1093/ww/9780199540884.013.23178.
  2. Steele, Francesca (19 April 2014). „Ferdinand Kingsley interview: 'Yeah, but mum's dad was totally bald too!'. The Spectator. Посетено на 27 April 2018.
  3. „Ben Kingsley“. Belief. BBC Radio 3. Посетено на 27 April 2018.
  4. Husband, Stuart (24 April 2013). „Sir Ben Kingsley: 'Without a mask, I haven't got a clue'. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 5 June 2018.
  5. Pfefferman, Naomi (18 May 2001). „Shoah dramas continue to compel actor Ben Kingsley“. J. The Jewish News of Northern California. Посетено на 5 June 2018.
  6. Tugend, Tom (13 April 2001). „Incidental Intelligence“. The Jewish Journal of Greater Los Angeles. Архивирано од изворникот на 13 October 2007.
  7. Bennetts, Leslie (13 December 1982). „Ben Kingsley's Journey From Hamlet to Gandhi“. The New York Times. Посетено на 10 April 2022. Although born and raised in England, Mr. Kingsley is half Indian: his mother was an English model and his father, a physician, was Indian.
  8. „Sir Ben Kingsley's gold turban“. A History of the World in 100 Objects. BBC Radio 4. Посетено на 27 April 2018. ...[H]is grandfather (a spice trader) [...] was a prominent member of the Ismaili Koja community in Zanzibar (in the Indian Ocean). Ismaili's are Shi'a Muslims, and followers of the Aga Khan (a descendent of the prophet Muhammad).
  9. „Birthdays – Sir Ben Kingsley“. The Times. Посетено на 13 August 2020.
  10. 10,0 10,1 „Kingsley, Ben. RSC Productions“. RSC. Посетено на 12 August 2020.
  11. Stated in interview on Inside the Actors Studio
  12. "Sir Ben's Sexy honour", BBC News. 31 December 2001.
  13. „A Midsummer Night's Dream (Broadway, 1971)“. Playbill. Посетено на 12 March 2024.
  14. „Edmund Kean (Broadway, 1983)“. Playbill. Посетено на 12 March 2024.
  15. „Ben Kingsley – Awards“. IMDB. Посетено на 12 March 2024.
  16. „Maurice (1987)“. Rotten Tomatoes. Посетено на 12 March 2024.
  17. „Sexy Beast (2000)“. Rotten Tomatoes. Посетено на March 13, 2024.
  18. „2004 Academy Awards“. Oscars.org. 4 October 2014. Посетено на March 13, 2024.
  19. „Ben Kingsley“. Golden Globe Awards. Посетено на March 13, 2024.
  20. „Sir Ben Kingsley“. Emmy Awards. Посетено на March 13, 2024.
  21. „Elegy (2008)“. Rotten Tomatoes. Посетено на March 13, 2024.
  22. Child, Ben (19 December 2008). „Slumdog Millionaire leads London critics' nominations“. The Guardian. Посетено на March 13, 2024.
  23. „Ridley Scott In 'Exodus' Talks With Ben Kingsley, John Turturro, Sigourney Weaver, Aaron Paul“. Deadline Hollywood. 27 August 2013. Посетено на 16 September 2013.
  24. Doty, Meriah (16 April 2015). „Ben Kingsley Reveals the Challenges of 'Learning to Drive' and the Beauty of Connecting With Fans“. Yahoo. Посетено на 22 May 2015.
  25. „Ben Kingsley To Voice Bagheera In Disney's 'The Jungle Book'. Deadline. 25 June 2014. Архивирано од изворникот на 28 June 2014. Посетено на 25 June 2014.
  26. „All or Nothing: Manchester City“. Amazon. Посетено на 31 May 2020.
  27. Boone, John (17 August 2021). „Sir Ben Kingsley Confirms His MCU Return in 'Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings'. Entertainment Tonight. Архивирано од изворникот на 18 August 2021. Посетено на 24 October 2021.
  28. „Wes Anderson to Direct Roald Dahl's 'Wonderful Story of Henry Sugar' for Netflix with Benedict Cumberbatch“. IndieWire. 7 January 2022. Посетено на 7 January 2022.
  29. Shoard, Catherine (2024-04-23). „Helen Mirren, Pierce Brosnan and Ben Kingsley set for film of Richard Osman's The Thursday Murder Club“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2024-04-23.

Надворешни врски

уреди
  • Ben Kingsley at the BFI's Screenonline
  • Ben Kingsley on Charlie Rose