Едвард Морган Форстер

Едвард Морган Форстер (англиски: Edward Morgan Forster) — англиски писател на романи, раскази, либрета и есеи. Најпознат е по ироничните романи, во кои низ добро осмислени дејствија ја отсликува класната разлика и лицемерноста во британското општество на почетокот од XX век. Форстеровите стремежи кон разбирањето и сочувството може да се согледа во епиграфот на неговиот роман Howards End: “Only connect” (Само спој).

Едвард Морган Форстер
Е. М. Форстер
ЗанимањеПисател (романи, раскази, есеи)
НационалностАнгличанец
Период1901–70
Жанрреализам, симболизам, модернизам
Предметкласна поделба, пол, хомосексуалност

Клучни теми

уреди

Хуманизмот е присутен во сите романи на Форстер. Тој бил претседател на Хуманистите од Кембриџ од 1959 сѐ до својата смрт и советник во Британската хуманистичка асоцијација од 1963 сѐ до својата смрт. Во романите го прикажува стремежот на луѓето да се поврзуваат и покрај пречките од современото општество. Овој хуманистички став го изразува во есејот „Моите верувања“ (What I Believe).

Двата најславни романи на Форстер „Патување во Индија“ и „Хауардс Енд“ ја истражуваат ненадминливоста на класните разлики. Во „Соба со поглед“ покажува како имотот и класната припадност ја отежнуваат интеракцијата меѓу луѓето. Посмртниот роман „Морис“ ја истражува хомосексуалната љубов како дел од општеството.

И сексуалноста е клучна тема во романите на Форстер. Се покажало дека, во текот на својата писателска кариера, Форстер преминал од хетеросексуална во хомосексуална љубов. Предговорот на „Морис“ ја опишува неговата борба со хомосексуалноста. Оваа тема се појавува и во други негови раскази, изразито во „Животот потоа“ (The Life to Come).

Форстер често употребува симболизам и мистицизам како техника во своите романи. Примери за ова може да се најдат во „Патување во Индија“: осата е симбол за единство на живиот свет,[1] а г-ѓата Мур има мистична врска со минатото и неверојатна способност да се поврзува со луѓе надвор од нејзиниот круг.

Одбрана дела од Форстер

уреди

Романи

уреди
  • Каде што ангелите се плашат да стапнат (1905)
  • Најдолгото патување (1907)
  • Соба со поглед (1908)
  • Хауардс Енд (1910)
  • Едно патување до Индија (1924)
  • Морис (напишан во 1913–14, објавен посмртно во 1971)
  • Книга за љубовта

Одбрани дела за Форстер

уреди
  • Abrams, M.H. and Stephen Greenblatt, "E.M. Forster." The Norton Anthology of English Literature, Vol. 2C, 7th Edition. New York: W.W. Norton, 2000: 2131–2140.
  • Ackerley, J. R., E. M. Forster: A Portrait (Ian McKelvie, London, 1970)
  • Bakshi, Parminder Kaur, Distant Desire. Homoerotic Codes and the Subversion of the English Novel in E. M. Forster's Fiction (New York, 1996).
  • Beauman, Nicola, Morgan (London, 1993).
  • Brander, Lauwrence, E.M. Forster. A critical study (London, 1968).
  • Cavaliero, Glen, A Reading of E.M. Forster (London, 1979).
  • Colmer, John, E.M. Forster – The personal voice (London, 1975).
  • Crews, Frederick, E. M. Forster: The Perils of Humanism (Textbook Publishers, 2003).
  • E.M. Forster, ed. by Norman Page, Macmillan Modern Novelists (Houndmills, 1987).
  • E.M. Forster: The critical heritage, ed. by Philip Gardner (London, 1973).
  • Forster: A collection of Critical Essays, ed. by Malcolm Bradbury (New Jersey, 1966).
  • Furbank, P.N., E.M. Forster: A Life (London, 1977–78).
  • Haag, Michael, Alexandria: City of Memory (London and New Haven, 2004). This portrait of Alexandria during the first half of the twentieth century includes a biographical account of E.M. Forster, his life in the city, his relationship with Constantine Cavafy, and his influence on Lawrence Durrell.
  • Kermode, Frank, Concerning E. M. Forster, (London, Weidenfeld & Nicolson, 2010)
  • King, Francis, E.M. Forster and his World, (London, 1978).
  • Martin, John Sayre, E.M. Forster. The endless journey (London, 1976).
  • Herz, Judith and Martin, Robert K. E. M. Forster: Centenary Revaluations (Macmillan Press, 1982).
  • Martin, Robert K. and Piggford, George (eds.) Queer Forster (Chicago, 1997)
  • Mishra, Pankaj (ed.) "E.M. Forster." India in Mind: An Anthology. New York: Vintage Books, 2005: 61–70.
  • Moffat, Wendy, E.M. Forster: A New Life, (Bloomsbury, 2010). Forster may have helped the gay cause more than you think.
  • Scott, P.J.M., E.M. Forster: Our Permanent Contemporary, Critical Studies Series (London, 1984).
  • Summers, Claude J., E.M. Forster (New York, 1983).
  • Trilling, Lionel (1943), E. M. Forster: A Study, Norfolk: New Directions.
  • Wilde, Alan, Art and Order. A Study of E.M. Forster (New York, 1967).
  • Lewis, Robin Jared, E. M. Forster's Passages to India, Columbia University Press, New York, 1979.
  • Singh, K. Natwar, Editor, E. M. Forster: A Tribute, With Selections from his Writings on India, Contributors: Ahmed Ali, Mulk Raj Anand, Narayana Menon, Raja Rao & Santha Rama Rau, (On Forster's Eighty Fifth Birthday), Harcourt, Brace & World Inc., New York, 1 January 1964.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

Sources

ЛГБТ