Веселите жени од Виндзор

Веселите жени од Виндзор (англиски: The Merry Wives of Windsor ) – комедија од Вилијам Шекспир, првпат издадена во 1602 година, но веројатно напишана пред 1597 година.

Веселите жени од Виндзор
Факсимил од првото фолио од 1623 година
АвторВилијам Шекспир
Изворен насловThe Merry Wives of Windsor
ЗемјаАнглија
Јазиканглиски
Издадена
1602

Контекст

уреди

Оваа комедија била напишана за помалку од две недели на барање на кралицата Елизабета I од Англија која сакала повторно да го види Фалстаф кој претходно се појавил во драмата Хенри IV.

Заплет

уреди

Сер Џон Фалстаф решава да им се додворува на госпоѓите Рабуш и Плиткавода, две весели буржујки од Виндзор за да излезе од тешката финансиска криза во која се наоѓа.

Истото љубовно писмо тој им го испраќа и на двете госпоѓи. Кога двете пријателки го откриваат овој маневар, решаваат да се пошегуваат на сметка на невештиот голем заводник.

Госпоѓа Плиткавода го повикува Фалстаф да дојде кај неа кога мажот ѝ не е дома. Фалстаф прифаќа и оди на состанокот. Господинот Плиткавода, известен, се враќа дома. При пристигањето на мажот, Фалстаф, со извесни тешкотии се крие во кошница за валкани алишта кои треба да се носат на перење, a која слугите ја истураат во Темза.

Госпоѓа Плиткавода повторно го повикува Фалстаф и приказната се повторува. Овој пат, мажот ѝ се враќа дома преправен во жена. Мислејќи дека има работа со вештерка, Фалстаф буквално скока надвор од куќата.

Двете госпоѓи им ја објаснуваат ситуацијата на нивните мажи и сите решаваат да се пошегуваат со Фалстаф за последен пат. Госпоѓите Плиткавода и Рабуш договараат ноќен состанок во Виндзорската шума, наговарајќи го да се преправи во фантом за да не биде препознаен. Фалстаф радо прифаќа.

Во меѓувреме, на Ана Рабуш, ќерката на госпоѓа Рабуш, ѝ се додворуваат тројца претенденти. Сушко, изборот на татко ѝ , доктор Кајус, изборот на мајка ѝ, и на крајот младиот убав Фентон со кој таа сака да се омажи. Сите се договараат за состанок во шумата. Ана им бега на двајцата претенденти кои не ги сака. Таа бега со Фентон и се мажи со него. Фалстаф го исмеваат група деца преправени во самовили и џуџиња.

Лица

уреди
  • Сер Џон Фалстаф
  • Фентон
  • Шупелко, окружен судија
  • Сушко, роднина на Шупелко
  • Господин Плиткавода, благородник од Виндзор
  • Господин Рабуш, благородник од Виндзор
  • Вилијам Рабуш, син на господин Рабуш
  • Сер Хју Еванс, велшки поп
  • Доктор Кајус, француски лекар
  • Гостилничар
  • Намќор, придружник на Фалстаф
  • Пиштол, придружник на Фалстаф
  • Немтур, придружник на Фалстаф
  • Робин, паж на Фалстаф
  • Наивко, слуга на Сушко
  • Рагби, слуга на доктор Кајус
  • Госпоѓа Плиткавода
  • Госпоѓа Рабуш
  • Госпоѓица Ана Рабуш, нејзина ќерка заљубена во Фентон
  • Госпоѓа Брзофатка, слугинка на доктор Кајус

Веселите жени од Виндзор на македонски јазик

уреди

Оваа комедија на македонски јазик ја превел Драги Михајловски и е достапна на семрежјето.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
 
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: