Островот Шатер
Островот Шатер (англиски: Shutter Island), може да се сретне и како Остров на проклетството — американски филм (психолошки трилер) од 2010 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги толкуваат: Леонардо ди Каприо, Бен Кингсли, Марк Рафало, Емили Мортимер, Мишел Вилијамс, Патриша Кларксон и Макс фон Сидов. Филмот е снимен според истоимениот роман на Денис Лихејн од 2003 година. Покрај добрите оцени од страна на филмските критичари, филмот остварил и голем комерцијален успех, заработувајќи околу 300 милиони долари.
Содржина
уредиМладиот федерален полицаец Теди Дениелс (го игра Ди Каприо) во 1954 година добива задача да го истражи исчезнувањето на една пациентка од психијатриската болница сметена на еден остров во близината на Бостон. Таму, тој наидува на неразбирање и отпор од страна на персоналот во болницата, а ситуацијата станува затегната кога, поради невреме, се прекинуваат комуникациите со копното и група криминалци успеваат да се ослободат од ќелиите во кои биле затворени. Навлегувајќи подлабоко во она што се случува на островот, Теди запаѓа во кошмар и започнува да се сомнева во своите сеќавања, во својот соработник, па дури и во војот здрав разум. На карјот, ситуацијата се менува од корен, кога докторите му кажуваат на Теди дека тој е психички болен човек, кој веќе долго време се лекува во болницата и дека неговата полициска истрага е само дел од лекувањето.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Мрачни мистерии во осамената психијатриска клиника“, Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 3.