Хуго (англиски: Hugo) - американски филм од 2011 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Аса Батерфилд, Клое Грејс Морец и Емили Мортимер.

СодржинаУреди

Хуго е дванаесетгодишно момче, кое нема родители и живее покрај ѕидините на железничката станица во Париз. Со помош на едно необично девојче, Хуго ја почнува потрагата по татко му, кој таинствено исчезнал. Кога ќе ја открие тајната на неговото исчезнување, Хуго започнува волшебно патување, кое ќе промени сè околу него.[1]

НаводиУреди

  1. „Хуго“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 28.