Балиски јазик
Балиски јазик (Basä Bali) — јазик од поширокото малајско-полинезиски семејство кој го говорат 3,3 милиони луѓе[1] на индонезискиот остров Бали, на северот на Пенида, западниот дел на Ломбок и источна Јава.[2] Највеќето говорници на балискиот го владеат и индонезискиот јазик.
Балиски | |
---|---|
ᬪᬵᬱᬩᬮᬶ, ᬩᬲᬩᬮᬶ Bhāṣa Bali, Basä Bali | |
Застапен во | Индонезија |
Подрачје | Бали, Пенида, Ломбок и Јава |
Народ | Балијци, Балиаги |
Говорници | 3,3 милиони (2000) |
Јазично семејство | |
Претходни облици: | старобалиски
|
Писмо | латиница, балиско |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | ban |
ISO 639-3 | ban |
Во 2011, Културната агенција на Бали објавила дека на островот Бали нема повеќе од 1 милион жители што го користат балискиот јазик во секојдневниот живот бидејќи во градовите родителите говорат само на индонезиски (па дури и англиски), а истиот има исчезнато од установите и медиумите. Најголемиот дел од населението не го владее и користи балиското писмо, а во секојдневието, јазикот се употребува смешан со индонезиски. Меѓутоа, иселениците во други подрачја вон Бали го користат јазикот во изворен облик и затоа тие играат важна улога во неговото зачувување.[3]
Повисоките регистри на јазикот имаат многу заемки од јаванскиот. На Бали се користи и кави (стар облик на класичниот јавански) во богослужби, обреди и свечености.
Фонологија
уредиСамогласки
уредиПредни | Средни | Задни | |
---|---|---|---|
Затворени | i | u | |
Средни | e | ə | o |
Отворени | a |
Литературниот правопис ги означува обата гласа /a/ и /ə/ со a. Меѓутоа, a обично се изговара како [ə] кога стои на крајот на зборот, а [ə] се јавува и во претставките ma-, pa- и da-.[4]
Согласки
уредиУснени | Забни | Предно- непчени |
Задно- непчени |
Гласилни | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Избувни | p | b | t | d | c | ɟ | k | ɡ | ||
Носни | m | n | ɲ | ŋ | ||||||
Струјни | s | h | ||||||||
Трепетни | r | |||||||||
Странични | l | |||||||||
Приближни | w | j |
Акцент
уредиАкцентот во балискиот паѓа на последниот слог.[4]
Граматика
уредиЗборовниот ред е сличен на индонезискиот, а глаголите и имениките исто така минимално се менуваат. Меѓутоа, изведувањето игра значајна улога и се користат наставки за определен и неопределен член, како и присвојност (по избор).[4]
Регистри
уредиБалискиот има разни регистри зависно од односот кон и статусот на соговорникот: низок (basa ketah), среден (basa madia) и висок (basa singgih). Високиот се одликува со многу заемки од санскрит и јавански.
Бројки
уредиЈазикот користи декаден броен систем, но има и голем број на зборови за поединечни бројки како 45, 175 и 1600.
Писмо
уредиБалискиот денес се пишува на латиница, но порано се користело балиското писмо.
Балиско писмо
уредиБалиското писмо („чаракан“) е азбучнослоговно писмо (абугида) и води изворно потекло од индиското писмо брами и е речиси исто како јаванското. Најстариот пронајден запис на ова писмо датира од XI век, но денес само малку луѓе имаат познавања од него.[5]
Латиница
уредиДенес во улилиштата на Бали се изучува само латиницата, локално наречена Tulisan Bali.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Податок од 2000 г.
- ↑ Ethnologue
- ↑ „Балискиот јазик никогаш нема да умре“. The Jakarta Post. 30 март 2012. (англиски)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Spitzing, Günter (2002). Practical Balinese: Phrasebook and Dictionary. Rutland VT: Tuttle Publishing. стр. 22.
- ↑ Omniglot
- ↑ Јазиците на Бали Архивирано на 31 март 2012 г. – Bali Vision (англиски)
Надворешни врски
уредиВикимедииниот Инкубатор испробува Википедија на балиски јазик |
- Агер, Сајмон. „Балиски јазик“. Omniglot. Посетено на 7 март 2007.
- Балиски јазик - Ethnologue (англиски)
- Балиска дигитална библиотека