Јадрени малајско-полинезиски јазици

Јадрените малајско-полинезиски јазици се гранка на австронезиското семејство[1] за скои се смета дека со време се распрснале од нивната прататковина, островот Сулавеси. Се нарекуваат „јадрени“ бидејќи го сочинуваат концептуалното јадро на малајско-полинезиското семејство. Овие јазици се среќаваат ширум Индонезија, со исклучок на средишниот дел на Борнео, Сабах и северот на Сулавеси, како и во Меланезија и тихоокеанското подрачје.

Јадрени малајско-полинезиски јазици
Географска
распространетост:
Југоисточна Азија и тихоокеанско подрачје
Класификација:австронезиски
Гранки:

Главни гранки на јадрените малајско-полинезиски јазици:
  сундско–сулавеска (чаморскиот е вон картата)
  централна малајско-полинезиска
  источна малајско-полинезиска
  океанска (највеќето се вон картата)

Групата ги содржи јазиците што го напуштиле т.н. „австронезиско порамнување“ наследено од прамалајскополинезиската синтакса. Тука спаѓаат традиционалните географски групи како централните, источните, и дел од западните малајско-полинезиски јазици, дел кој се нарекува внатрешни малајско-полинезиски јазици.

Затоа, внатрешните малајско-полинезиски јазици (сундско-сулавеските) се дефинираат негативно, т.е. оние јазици на Сунда и Сулавеси кои не се вбројуваат во централно-источните малајско-полинезиски јазици. Централно-источните претставуваат подрачна група, различна од останатите малајско-полинезиски јазици поради нивните неавстронезиски (папуански) супстрати, наместо поради некаква генеалошка сродност.

Јазици

уреди

Јадрените малајско-полинезиски јазици се состојат од голем број на кладови со неутврдена сродност. Тука се наведени оние што не се сметаат за спорни како единици:

Наводи

уреди
  1. Fay Wouk and Malcolm Ross (ed.), 2002, The history and typology of western Austronesian voice systems. Australian National University.
  • K. Alexander Adelaar and Nikolaus Himmelmann, 2005, The Austronesian languages of Asia and Madagascar. Routledge.
  • Austronesian Basic Vocabulary Database[1]