Ајвалакдере

(Пренасочено од Ајвал’кдере)

Ајвалакдере (грчки: Κυδωνιά, Кидонија, до 1928 г. Αϊβαλίκ Δερέ Μαχαλάδες, Ајвалакдере Махаладес[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 35 жители (2021).

Ајвалакдере
Κυδωνιά
Ајвалакдере is located in Грција
Ајвалакдере
Ајвалакдере
Местоположба во областа
Хаџи Маала во рамките на Лагадина (општина)
Хаџи Маала
Местоположба на Хаџи Маала во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 23°13′E / 40.967° СГШ; 23.217° ИГД / 40.967; 23.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛахна
Надм. вис.&10000000000000507000000507 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно35
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 507 метри.

Историја

уреди

Во XIX век Ајвалакдере е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 750 жители Турци[3][4].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 624 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 79 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Кидонија.[6]

Население

уреди

Во 1928 година селото броело 150 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 195 жители.

Селото во пописот од 1951 година било евидентирано како напуштена населба, на пописот од 1961 година, во селото живееле 115 жители, во 1971 година имало 5 жители, во 1981 година имало 31 жител, додека во 1991 година имало 80 жители[8]. Денеска, населението на селото е 61 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 195 115 5 31 80 61 29 35
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Κυδωνιά
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 89.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-21.