Арпаџик (село)
Арпаџик или Стерна (грчки: Στέρνα, Стерна)[3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Арпаџик Στέρνα | |
---|---|
Координати: 41°15′N 24°35′E / 41.250° СГШ; 24.583° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Бук |
Општ. единица | Караџаќој |
Надм. вис. | 180 м |
Население (2001)[2] | |
• Вкупно | 36[1] |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 46 километри источно од градот Драма и на 8 километри источно од Општина Бук. Селото се наоѓа на десниот брег од реката Места. Селото се наоѓа на надморска височина од 180 метри.
Историја
уредиСелото Арпаџик во текот на XIX век се наоѓало во составот на Отоманското Царство.
Според грчката статистика од 1913 година во селото живееле 123 жители[4] Во 1920 година во селото биле регистрирани 111 жители.[5] Според договорот од Лозана потпишан помеѓу Турција и Грција во 1923 година, муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови, додека не негово место било населено грчко население од Анадолија.
Демографија
уредиДо 1928 година во Арпаџик биле населени 13 грчки семејства со 60 бегалци од Турција.[7]
Во 1928 година селото броело 112 жители, додека во 1940 година селото броело 577 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 156 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 150 жители, во 1971 година имало 70 жители, во 1981 година имало 50 жители, додека во 1991 година имало 53 жители[8]. Денеска, населението на селото е 36 жител според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 577 | 156 | 150 | 70 | 50 | 53 | 36 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ ΓΕΝΙΚΗ ΓΡΑΜΜΑΤΕΙΑ ΕΣΥΕ (2001). „Данни от преброяването на населението в Гърция от 2001 година“ (PDF). стр. 69. Архивирано (PDF) од изворникот 2009-03-18. Посетено на 4 мај 2009.
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија, том 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. стр. 139. ISBN 9989-9819-4-9. OCLC 44748962.
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 89.