Црква „Св. Ѓорѓи“ - Арменско

црква во Арменско, Леринско

Свети Ѓорѓи (грчки: Aγίου Γεωργίου) — манастирска црква во селото Арменско, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Ѓорѓи
Aγίου Γεωργίου
Поглед на црквата
Карта
40°46′25.5″N 21°18′27.2″E / 40.773750° СГШ; 21.307556° ИГД / 40.773750; 21.307556
МестоАрменско, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1873
Управа
Архијерејско намесништвоЛеринско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Црквата е изградена во 1873 г. и е еден од најпретставителните храмови во тој крај.[2] Според Георги Трајчев, манастирот на ова ацрква е основан во 1860 г.[1] За неговата историја тој вели:

Грчкиот владика прави обиди да го завладее. Се вмеша и власта. Владиката тврди дека манастирот му припаѓа нему бидејќи тој го осветил. Но селаните одговараат умно и духовито дека и тие се венчани од него (владиката), па така и нивните жени би требало, според неговата логика, да бидат негови (на владиката). Власта, слушајќи го тој разобличувачки аргумент против дедо владика, ја уважи молбата на селаните и манастирот остана во нивна сопственост.[1]

На крајот од отоманскиот период во 1912 г. Арменскиот манастир заедно со Ајтоскиот манастир („Св. Архангели“) во Ајтос и Нередскиот манастир („Св. Лука“) во Неред бил еден од трите манастири на Бугарска егзархија во Леринско.[3]

Црквата во архитектонски поглед претставува трикорабна базилика со трем од запад. Олтарниот простор е живописан. Има вреден разбан и насликан иконостас со стари икони.

Прогласена е за заштитен споменик на културата во 1985 г.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 199.
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β/Φ36/67505/1475/20-12-1984 - ΦΕΚ 47/Β/29-1-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-14. Посетено на 15 мај 2015.
  3. Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 198 – 200. no-break space character во |page= во положба 4 (help)