Иван Попконстантинов Попов — македонски револуционер и офицер на бугарската армија, член и војвода на Македонската револуционерна организација [1][2].

Иван Попов
Роден 1871
Ново Лески, Неврокопско Пиринска Македонија
 починал-дата= 15 септември 1921
Починал Витоша, Бугарија

Животопис

уреди

Иван Попов е роден во 1871 година во неврокопското село Ново Лески, Пиринска Македонија. Добива основно образование во родното село. Од 1889 до 1895 година е на воена служба во Сливен.

Како фелдфебел од бугарската армија Гоце Делчев го свртува кон ВМОРО и го праќа за организационен воjвода во Костурскиот револуционерен реон во 1902 година.

На Смилевскиот конгрес е избран за централен воjвода на Костурско. Во текот на Илинденското востание учествува во борби како воjвода, заедно со Васил Чакаларов и Пандо Кљашев. Во Битката кај селото Вишени, неговата чета убива 50 селани од селото Жервени, кои се враќале од пазарот во Костур.[3]

Во септември заедно со Лазар Поп Трајков и Манол Розов се повлекуваат во Прилепско. По крајот на востанието бега во Грција, каде е уапсен. Во ноември заминува со брод во Бургас.

По повторното навлегување во Македонија, учествува и во борбата со грчката оружена пропаганда. До Балканската воjна е воjвода на чета №5 во Костурско. По мобилизацијата од 18 септември 1912 година е воjвода на партизанска чета, дел од 4-та чета на Деветтата велешка дружина на Македонско-одринското ополчение.

Во српско заложништво е од 18 јули до 18 декември 1913 година. Награден е со орден За храброст 3-ти степен и е повишен во чин потпоручник. Во Втората балканска војна е во одредот на Васил Чакаларов. Во Првата светска војна е командир на разузнавачкото одделение.

Иван Попов си го одзел животот на 15 септември 1921 г. во месноста Паша Бунар кај Драгалевскиот манастир на планината Витоша околу Софија.

Мисли за него

уреди
Без двоумење можам да речам дека меѓу многуте први македонски јунаци, во најблагородна смисла на зборот, Иван Попов е меѓу најпрвите. Попов беше необично чиста душа со цврст карактер и крајно скромен. Немаше училишно образование, но се одликуваше со голема, вродена интелигенција. (Љубомир Милетиќ)

Галерија

уреди

Извори

уреди
  1. Енциклопедия „България“, том 5, Издателство на БАН, София, 1986.
  2. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993.
  3. Хр. Силянов, „Освободителнитѣ борби на Македония“, том I, II фототипно изд. "Наука и Изкуство", София, 1983, 302 стр.

Литература

уреди