Симо Стојанов или Симос Стојанис, Симос Јоанидис, Симос Арменскиотис (грчки: Σίμος Αρμενσκιώτης) — гркомански револуционер, деец на Грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Симо Стојанов
Роден ?
Арменско, денес Грција
Починал ?
 ?

Животопис

уреди

Стојанов е роден во леринското село Арменско, тогаш во Османлиското Царство. Со засилувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија влегол во четата на Коте Христов како негов аѓутант. Дејствувал со Евтимиос Каудис в реонот на Пелистер, а на 13 ноември учествувал во нападот врз селото Зелениче, при што загинале невини селани.

По заробувањето и бесењето на Христов во 1905 година, Стојанов ја напуштил Македонија и заминал за Атина. Се вратил во Македонија и со Георгиос Цондос ги обиколувал Лерин и Баба Планина.

Од 1906 година започнал да раководи со сопствена чета и дејствувал заедно со Павле Илиев. На 24 октомври 1906 година ликвидирал неколку Македонци егзархисти на патот од Трсино за Лерин [1].

До 1908 година со својата чета ја обиколувал Нередска Планина, а во меѓувреме му било наредено да го ликвидира Васил Чекаларов, но во тоа не успеал.

Во негова чест, новите грчки власти во 1957 година леринското село Матешница го преименувале во Симос Јоанидис[2][3].

Извори

уреди
  1. „Δημήτρης Λιθοξόου, Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Φλώρινας, Τύρσια“. Архивирано од изворникот на 2011-02-19. Посетено на 2011-01-28.
  2. Γενικό Επιτελείο Στρατού, Διεύθυνσις Ιστορίας Στρατού, Ο Μακεδονικός Αγών και τα εις Θράκην γεγονότα, Αθήνα 1979, σσ. 133, 301.
  3. Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σ. 162