Панко Стамкоски (1938 - 10 јули 2007) — демократ, активен член на поткомитетот на ДООМ, во Мелбурн, и потпретседател на координативниот одбор на ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ, за дијаспората.[1]

Панко Стамкоски
Роден 1938
Арменско, Егејска Македонија
Починал 10 јули 2007
Мелбурн, Австралија
Националност Македонец
Сопружник Марика
Деца Тони и Џорџ

Животопис

уреди

Со група деца бегалци и со членови од своето семејство, при завршувањето на Граѓанска војна во Грција, се населил во Скопје, Република Македонија. Талентот за драмска уметност му донел вработување во Народниот театар на Македонија, во Скопје, каде со групата на познатиот глумец Петре Прличко, учествувал во разни театарски претстави, во 1950-те години, и патувал со подвижниот театар низ републиката. Семејството Стамкоски, емигрира во Австралија, Мелбурн, во 1962 година.

Активност во Австралија

уреди

Во Австралија, Панко Стамкоски активно ја пропагира меѓу македонските иселеници идејата за создавање на суверена македонска држава и одвојување од Југославија. Во почетокот на 1980-те, се поврзува со Народна македонска револуционерна организација (НМРО) од Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија, и заедно со емигрантите од Пиринска Македонија, Крсто Јанчев Димитров, Ѓорги Чочков и други, го издаваат списанието „Глас на Македонците”. Панко Стамкоски, во првата половина на 1980-те, оформува македонски неделен весник „Македонија”, што го уредува до крајот на својот живот.

Покрај редактирање на весникот “Македонија”, ја преведува старата оригинална карта на Македонија, која била изработена во Франција, во минатиот век, а пуштена во продажба од Божин Павловски. Панко бил поборник за македонска историја која започнува од античкиот период.

На 16 и 17 мај 1981 одина, во Мелбурн, Австралија, Панко Стамкоски организира конференција на која присуствувале претставници од повеќето македонски организации во Австралија, и на која учествувал и претставник на поткомитетот на ДООМ од Европа.

Наводи

уреди