Долни Орман

(Пренасочено од Ласкарево)

Долни Ормансело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Долни Орман
Ласкарево
Долни Орман is located in Бугарија
Долни Орман
Долни Орман
Местоположба во областа
Ласкарево во рамките на Пиринска Македонија
Ласкарево
Местоположба на Ласкарево во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°32′N 23°20′E / 41.533° СГШ; 23.333° ИГД / 41.533; 23.333
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна938 км2 (362 ми2)
Надм. вис.&10000000000000258000000258 м
Население (2015)
 • Вкупно167
 • Густина0,18/км2 (0,46/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2811
Повик. бр.07435

Географија и местоположба уреди

Селото Ласкарево се наоѓа на 11 километри источно од Свети Врач и на 22 километри од бугарско-грчката граница кај селото Кулата. Ласкарево се наоѓа во западното подножје на Пирин Планина, на надморска висина од 258 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 938 км2. Теренот е полупланински и климата се одликува со слаби зими и топли лета. Низ селото тече реката Забрдна. Селото има редовна автобуска линија со Свети Врач и соседните села.

Историја уреди

Османлиско Царство уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долне Ормане Ласкарево (Dolné Ormané Laskarévo) е село со 42 семејства и 140 Македонци[1][2].

Во 1891 година Георги Стрезов го споменал селото, кое во тоа време било мала на селото Орман:

Орман, на СЗ од Мелник 112 час пат. Изградено е на едно ридско место. Се раскажува дека ова место некогаш било непроодна шума, оттука и името на селото; и сега остатоците од оваа шума се видливи под селото. Куќите се распространети во текот на 12 час и се поделени во неколку населби. Главни се Горни Орман или Ласкарево и Долни Орман или Ладарево. Локална приказна раскажува дека овие села и Склавие биле населени од тројца браќа: Ладар, Ласкар и Славко, по кого биле именувани. Се сее сусам, памук, анасон и жито, а се занимаваат и со лозарство. За двете маали има една црква „Света Марина“; се чита мешано; училиште нема. В селото се гледаат остатоци од уште две цркви: Св. Спас и Св. Атанас. Во Ладарево 60 куќи, во Ласкарево 30, сите бугарски.[1][3]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 160 жители, сите Македонци[1][4].

Бугарија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Денес, во селото има кметство, црква, продавници и куќи за гости. Формирана е ловна група. Постојат здравствени и образовни институции во соседното село Склаве (3 км) и во општинскиот град Свети Врач (7 км). Природните услови придонесуваат за одгледување на индустриски и постојани култури - главно лозови насади, како и одгледување на животни.

Население[1][5] уреди

Население на Долни Орман по попис[5]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 543 570 551 554 435 373 339 257 205 167
Население по возраст
од 2011 година
[6]:

Знаменитости уреди

Зачувани се пет згради со статус на споменици на културата во Ласкарево. Тие се од типот на огражденско-малешевската архитектура. На југот на селото се наоѓаат траги од населби кои датираат од првиот милениум п.н.е., како и остатоци од римската ера поврзани со античкиот град Свети Врач. Најмалиот град во Бугарија, Мелник, се наоѓа на 14 километри од селото.

Редовни настани уреди

Секоја година во селото има собир по повод Спасовден. Литургија се одржува во храмот „Свети Спас“.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
  3. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 27.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
  5. 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Ласкарево, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  6. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.