Горни Орман

(Пренасочено од Ладарево)

Горни Ормансело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Горни Орман
Ладарево
Горни Орман is located in Бугарија
Горни Орман
Горни Орман
Местоположба во областа
Горни Орман во рамките на Пиринска Македонија
Горни Орман
Местоположба на Горни Орман во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°33′N 23°20′E / 41.550° СГШ; 23.333° ИГД / 41.550; 23.333
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна4.025 км2 (1,554 ми2)
Надм. вис.&10000000000000383000000383 м
Население (2015)
 • Вкупно27
 • Густина0,0.067/км2 (0,017/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2811
Повик. бр.07435

Географија и местоположба

уреди

Селото Горни Орман се наоѓа на 12 километри источно од Свети Врач, во јужните делови на планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 383 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 4025 км2. Сместено е во средината на линијата што ги поврзува градовите Свети Врач и Мелник. Има многу добар потенцијал за рурален туризам. Поврзано е со асфалтен пат до автопатот Е79 - оддалечено 7 км од селото Ново Делчево. Низ селото минува мала река, која пак се влева во реката Струма. Интересни места во полупречник од 20 км се градот Свети Врач, градот Мелник, Роженски манастир, Рупите со куќата и црквата „Св. Петка“.

Јужно од селото е црквата „Света Марина“, до која се наоѓаат гробиштата на селото и соседното село Ласкарево. На 17 јули - Маринден - селото има собир.

Историја

уреди

Османлиско Царство

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горне Ормане Ласкарево (Gorné Ormané Lidarévo) е село со 28 семејства и 100 Македонци[1][2].

В 1891 година Георги Стрезов пише за селото:

Орман, на СЗ од Мелник 112 час пат. Изградено е на едно ридско место. Се раскажува дека ова место некогаш било непроодна шума, оттука и името на селото; и сега остатоците од оваа шума се видливи под селото. Куќите се распространети во текот на 12 час и се поделени во неколку населби. Главни се Горни Орман или Ласкарево и Долни Орман или Ладарево. Локална приказна раскажува дека овие села и Склавие биле населени од тројца браќа: Ладар, Ласкар и Славко, по кого биле именувани. Се сее сусам, памук, анасон и жито, а се занимаваат и со лозарство. За двете маали има една црква „Света Марина“; се чита мешано; училиште нема. В селото се гледаат остатоци од уште две цркви: Св. Спас и Св. Атанас. Во Ладарево 60 куќи, во Ласкарево 30, сите бугарски.[1][3]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 360 жители, сите Македонци[1][4].

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[1][5]

уреди
Население на Горни Орман по попис[5]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 225 271 238 184 156 111 78 63 32 27
Население по возраст
од 2011 година
[6]:

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Личности

уреди
Родени
  • Стојан Иванов Антонов, бугарски деец, загинал во Втората светска војна[7]
  • Костадин Димитров Георгиев (18 септември 1920 – 31 јануари 2013),
  • Георги Димитров Георгиев (15 март 1919 – 16 март 1984)
  • Георги Христов Шингаров (7 септември 1934)
  • Димитар Георгиев Милев (20.12.1895 – 24.10.1976)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 – 141.
  3. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 27.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
  5. 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Ладарево, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  6. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  7. ДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 103, л. 136