Љубиша Георгиевски
Љубиша Георгиевски (30 мај 1937, Битола - 6 декември 2018, Скопје[1]) — македонски театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот, политичар, и професор по театарска режија и глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Љубиша Георгиевски | |
---|---|
VII Претседател на Собранието | |
На должноста 1 август 2006 – 21 јуни 2008 | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Претходник | Љупчо Јордановски |
Наследник | Трајко Вељаноски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 30 мај 1937 Битола, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
Починал(а) | 6 декември 2018 Скопје, Македонија | (возр. 81)
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Професија | политичар, режисер |
Вероисповед | православен христијанин |
Кариера
уредиДипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.
Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и глумечка игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.
Зборувал англиски, француски, италијански, руски, бугарски, а се служи и со словенечки, полски и романски.[2]
Има објавено десеттина книги.[се бара извор] Како филмски режисер има режирано четири филма: „Под исто небо“ (1964), „Планината на гневот“ (1968), „Републиката во пламен“ (1969), „Цената на градот“ (1970).[3]
Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.
Награди
уредиДобитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.
Добитник е на бројни награди за режија. Наградата „11 Октомври“ (1981), Наградата на Здружението на драмските уметници во СРМ (1962), „Војдан Чернодрински“ (1965, 1990, 1994), „Стерја“ (1965, 1981), „Златен венец“ на МЕС Сараево (1969, 1974, 1976, 1977, 1978), Награда на Зружението на театарските работници на БиХ (1972), „Јоаким Вуиќ“ (1974).[3]
Други награди
уреди- „4 Ноември“ на градот Битола (2012)
- Орден „Стара планина“ 1 степен (Бугарија) (2004) [4]
Политичка кариера
уредиНа претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Бил амбасадор и ја претставува Република Македонија во:
Бил претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Почина поранешниот претседател на Собранието, Љубиша Георгиевки“. Архивирано од изворникот на 2020-05-26. Посетено на 2021-08-10.
- ↑ 2,0 2,1 Љубиша Георгиевски Архивирано на 22 февруари 2014 г., Собрание на Република Македонија.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 49–50. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 4,0 4,1 „УКАЗ № 320 ОТ 15.10.2004 Г. ЗА НАГРАЖДАВАНЕ НА Г-Н ЛЮБИША ГЕОРГИЕВСКИ-ИЗВЪНРЕДЕН И ПЪЛНОМОЩЕН ПОСЛАНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЯ В РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ, С ОРДЕН "СТАРА ПЛАНИНА" ПЪРВА СТЕПЕН“. Държавен вестник. 95. 26 октомври 2004. Посетено на 4 јануари 2019.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Љупчо Јордановски |
Претседател на Собранието на Македонија 2006–2008 |
Наследник Трајко Вељаноски |