Зомби

(Пренасочено од Zombie)

Зомби (множина: зомбија;[1] хаитско-креолски: zonbi; Северен Мбунду: nzumbe) — поим со кој се означува мртовец оживеан по магичен пат, како на пример со помош на вештерство.[2] Преносно се користи за да се означи човек под хипноза, несвесен, но кој сепак може да се движи и да реагира на надворешните дразби. Од крајот на XIX век, терминот зомби станал популарен посебно во Северна Америка и во европскиот фолклор.

Луѓе маскирани во зомбија од серијата Живи мртовци

Зомбијата се многу популарни во современата фантастика на ужасите, главно поради успехот на филмот „Ноќта на живите мртовци“ од 1968 година на Џорџ А.Ромеро кој придонесе ликот на зомби да се искористи како главна тема во разни книги филмови и телевизиски емисии.[3] Зомби-фантастиката во моментот претставува значителено важен хорорски под жарн во која најчесто се опишуваат настани поврзани со истребувањето на цивилизацијата поради тоа што повеќето од населението се претвораат во зомбија што јадат човечко месо. Чудовиштата најчесто се крволочно жедни по човечкото месо, но особено омилен им е човековиот мозок. Понекогаш самите зомби се жртви на измислена пандемска болест која ги воскреснува мртвите или пак ги принудува живите да се однесуваат на тој начин, но најчесто причината поради која настанала болеста не е дадена во приказната.

Религија

уреди

Западноафриканска вуду-религија

уреди

Според принципите на западноафриканската вуду-религија мртов човек може да биде оживеан само од бокор или од волшебник. Зомбијата се управуваат од страна на бокорот, бидејќи тие не се во состојба свесно да донесуваат одлуки. Исто така поимот зомби е и другото име на вуду-змијата Ива Дамбала Ведо, поимот е од нигерско-конгоанско потекло и е доста сличен на поимот нзамби во конгоанскиот киконго јазик, кој значи Бог. Во рамките на западно–африканската вуду-традиција постои астралното зомби, дел од човековата душа заробен од бокорот што тој ја користи со цел да ја зајакне својата моќ. Астралното зомби вообичаено се чува во шише коешто бокорот може да го продаде на своите клиенти како амајлија за среќа, излекување од различни болести и успех во работата. Постои верување дека по некое време Бог ќе ја земе душата назад, и поради тоа зомбито е привремно духовно битие.[4] Исто така според една вуду легенда се вели дека ако зомбите се хранат со сол тие самите ќе се вратат во своите гробови.

Вуду-религијата во Хаити

уреди

Во 1937 година, додека го истражувала фолклорот во Хаити, Зора Нејл Хурстон се сретнала со случајот на една жена која се појавила во селото. Нејзиното семејство твредло дека таа жена била Фелисија Феликс — Ментор, која што била почината и закопана во 1907 година на возраст од 29 години. Хурстон ги следела гласините дека погодените лица биле под дејство на силни психоактивни дроги, но таа не била во можност да ги пронајде луѓето кои можеле да ѝ дадат повеќе информации. Таа напишала:

Ако некогаш науката навлезе во суштината на вуду религијата во Хаити и Африка тогаш ќе бидат откриени некои важни медицински тајни кои до ден денешен не ѝ се познати на медицинската наука.[5]

Неколку децении подоцна Харвардскиот етноботаничар Вејд Дејвис во своите две книги: „Змијата и виножитото“ (1985) и „Патувања низ темнината: Етноботаниката на Хаитските зомби“ (1988) го претставил фармаколошкиот случај за зомбите. Дејвис допатувал во Хаити во 1982 година и како резултат на неговите истражувања тврдел дека жив човек може да се претвори во зомби со навлегување на два специјални прашоци во крвта најчесто преку отворена рана . Првиот coup de poudre во чиј состав се наоѓа тетродотоксин, моќен и честопати фатален нервотоксин. Вториот прав кој се состои од разложени лекови како што е биволчето. Заедно овие честички предизвикуваат состојба слична на мртовец во која волјата на жртвата целосно ќе биде подложна на бокорот. Дејвис исто така ја популаризира и приказната за Клариус Нарцис кој тврдеше дека станал зомби со примање на лекови.

Процесот опишан од страна на Дејвис е почетна состојба на смртта како исчекување, по што следи повторно будење вообичаено откако тој беше закопан во психотична состојба. Психозата предизвикана од дрога и психолошка траума беше хипотеза од Дејвис за да ги поткрепи културно-научените верувања и да го предизвика поединецот да го реконструира својот идентитет како оној на зомбито, се знае дека тие се мртви и немаат друга улога во општеството на Хаити. Во 1988 година според книгата на дејвис Змијата и виножиото беше снимен серијалот хорор-филмови на режисерот Вес Крејвен Кошмарот во улицата на брестовите ,сепак содржината на книгата значително се разликувала од содржината на самата книга . Тврдењата на Дејвис се доста критикувани особено оние кои тврдат дека хаитските вештерки –докторки можат да ги задржат зомбите во состојба на индуциран фармаколошки транс многу години. Симптомите на труење од тетрдотоксинот се разновидини од вкочанестост и гадење , парализа ,особено на мускулите на дијафрагмата , несвест па сè до смрт , но тие не вклучуваат тетеравење ниту пак транс кој наликува на мртвите . Според психологот Теренс Хејнс научната заедница го отфрла тетродотоксинот како причина за оваа состојба, а проценката на Дејвис за тоа како се однесуваат зомбите на Хаити се смета за премногу лековерна.[6]

Шкотскиот психијатар Р.Д. Ленг ја истакнува врската помеѓу социјалните и културните очекувања и принудувања во проучувањето на шизофренијата и другите ментални болести укажувајќи на тоа дека шизогенезата има допирни точки со некои психолошки аспекти на зомбификацијата.[7]

Јужна Африка

уреди

Во некои заедници во Јужна Африка се верува дека само мртов човек може да биде претворен во зомби и тоа од страна на некое дете.[8] Се вели дека магијата што ја фрлило малото дете може да ја раскине само доволно моќен сангома.[9]

Зомбите во уметноста и во популарната култура

уреди

Зомбите редовно се среќаваат во фантастичните филмови и претстави како и филмови и претстави со хорор-содржини. Уште од 1929 година, со појавата на романотМагичниот остров“ на Вилијам Сибрук, зомбите станаа дел од американскиот говор. Од 2009 година, зомбите почнаа да ја загрозуваат популарноста на вампирите во поп-културата.

Филм

уреди

Зомбите се јавуваат како честа тема во хорор-филмовите снимени по Втората светска војна. Еден од поуспешшните филмови со ваква тема е „Карневал на душите“ од 1962 година, кој подоцна извршил големо влијание врз овој жанр.[10] Првично објавен во 1968 година, филмот Ноќ на живите мртовци (филм) го претставува концептот на однесувањата на зомбите подобро од кое било литературно или филмско дело пред неа.[11] Во овој филм делумно е објаснета причината за реанимација на зомбите (зрачење од вселенскиот брод).

Во популарната култура, зомбите типично се претставени како безумни, несмасни мртовци кои се распаѓаат, жедни за човечко месо или мозок. Сепак, во неодамна снимените популарни зомби-филмови се забележува значително зголемување на нивните способности за што сведочат следниве филмови: „Колин“, „28 дена подоцна“ и во филмот од 2004 година „Будењето на мртвите“. Концептот на модерните зомби е тесно поврзан со Акаполипса на зомбите, истребување на општеството како резултат на зараза. Научникот Ким Пафренрот изјавува дека зомбите се целосно и буквално акаполиптични повеќе од кое било друго чудовиште, тие се сигнал за крајот на светот.

Публикации и литература

уреди

Иако зомбите се појавуваа во многу книги пред и по појавувањето на „Ноќта на живите мртовци“, сепак дури во 1990 година, со објавувањето на антологијата „Книга на мртвите“ во која се опишани приказните на Ромеро инспирирани од приказните на Стивен Кинг и други автори, зомби-фантастиката доби статус на посебен книжевен поджанр. Во 2005 година, романот „Возвишување“ на Брајан Кин ја добива познатата награда „Брам Стокер“.

Неодамна публикуваните попознатите книги со зомби-тематика се „Клетка“ од Стивен Кинг од 2006 година и „Светска војна З“ од Макс Брукс кои се вброија во бестселерите на Њујорк Тајмс. Брукс е автор и на култниот хит „Водич за опстанок на зомбите“, исцрпно истражуван водич во кој се опишани начините на кои зомбите преживуваат, публикуван во 2003 година.

Зомбите се искористени како главен мотив во десетици романи и стрипови. Како и вампирите и другите измислени суштества така и прототипот на зомби се распространува насекаде низ светот.

Телевизија

уреди

Еден од најпознатите телевизиски настап со зомби тематика е „Трилер“ на Мајкл Џексон од 1983 година , краток филм и музички спот во режија на Џон Лендис. Песната е придружена со рап пеење од страна на Винсент Прајс добро познатиот глас од хорор-филмовите и ѕвезда од погореспоменатиот филм „Последниот човек на земјата“. Трилер е еден од најпопуларните музички видеа на сите времиња, филмска пародија со хорор-содржина во која е прикажан кореографскиот зомби-настап на танчерите и Џексон облечени како зомби. Многу медиуми во поп културата како и многу зомби-филмови како што е Ноќта на живите мртовци 2 му оддадоа почит на оваа сцена и го сместија Трилерот на Мајкл Џексон во историјата на зомбите.

Научно фантастичните серии како што се „Бафи убиецот на вампири“ и Досие Х понекогаш ги вметнуваат зомбите како дел од нивните научно фантастични /хорор-содржини.

Ширењето на зомби-епидемиите во стилот на Ромеро честопати се дел во голем број амимирани шоуа како на пример во „Ноќ на вештерките“ во Симпсонови, Саут парк, и Освојувачот Зим. На Далечниот Исток зомбите исто така се неодминлив дел на анимираните филмови , како што се: самураи Champloo , Токио Majin Gakuen Kenpucho, YuYu Hakusho и многу други во и надвор од рамките на хорор-жанрот.

Игри

уреди

Зомбите и вампирите се доста популарна тема во видео игрите особено во игрите каде што едно лице ги доживува дејствата преку очите на главниот лик и во игрите каде што се прифаќаат одредени улоги. Попознати видео игри од оваа област се: серијата Притаено зло, Воздигање на мртвите, Куќата на мртвите, Карнивл, Лефт 4 дет. Една од најпопуларните игри од ваков тип ,со околу 30.680 посети на ден е масовно играната игра на интернет „Урбански мртов“ со слободно –мрежен прелистуваж на играта во која зомбите и преживеаните се обидуваат да воспостават контрола врз еден руиниран град. Некои од игрите дури му дозволуват на играчот да ја игра улогата на зомби како на пример Зомбито Стабс во играта Бунтовник без пулс. Најчесто во овие игри зомбите се отпорни на повеќето напади освен на траумата на главата (која во истиот тој момент ги уништува зомбите). Зомбите исто така се дел од играта „Сага суперстар тенис“, во делот каде што играчот мава тениски топчиња по зомбите со цел да ги уништи.

Концептот на инфицирани мртви се појавува често во видео игрите меѓутоа тоа не мора да значи дека тие мртви мораат да бидат само инфицирани луѓе. Ликот Флод од играта Хало како и Хедкраб од играта Хафлајф се зомби вонземјани кои имаат способност да ги убијат своите противници и опседнуваат нивните тела .

Надвор од видеоигрите, зомби-тематиката се среќава и во многубројните игри со карти како што се : прибирањето на Магија, играта Зандани и џинови , и играта Зомби. Играта „Луѓе наспроти зомби“ е многу популарна зомби тематска акциона игра која се игра во живо во колеџ кампуси ширум светот.

Музика

уреди

Многу песни и бендови се основани врз основа на овие вампири кои обожаваат да јадат човечко месо, како песната „Трилер“ на Мајкл Џексон и творечката работа на музичарот Роб Зомби. Зомбите се појавуваат скоро во секој музички жанр започнувајќи од поп па сè до хеви металот вклучувајќи ги и некои поджанрови како хорор-панкот во кои зомби тематиката е естетски проширена. Хорор-панкот е тесно поврзан со поджанровите Дедрок и Сајкобили. Овие поджанрови не доживеале огромна светска слава, иако поджанрот Сајкобили достигнал одредена популарност. Зомбите се појавуваа во песните и во знак на протест симболизирајќи ја безумената приврзаност кон власта, особено во спроведувањето на законите и на вооружените сили. Примери на такви песни се: песната „Зомби“ на Фела Кути од 1976 година, истоимената песна на групата „Кранберис“ од 1994 година, песната „Зомби за љубов“ (Zombie for Love) на американската рок-група Грин он Ред (Green on Red) од 1988 година,[12] песната „Танцував со зомби“ (англиски: I Danced With A Zombie) на американскиот џез-рок музичар Џејмс Вајт (James White) од 1983 година,[13] и песните „Ноќ на живите мртовци“ (англиски: Night Of The Living Dead) и „Асто зомби“ (англиски: Astro Zombies) на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits) од 1982 година.[14]

Уметност

уреди

Уметникот Џулијан Мекдоналдс има направено неколку слики во видео арт на кои се прикажани зомби.Сликите на Тема Хорор-шминказа првпат беа изложени на 8 септември 2006 година во галеријата Виламсбург во Бруклин.

Прехранбени производи

уреди

Многу компании од целиот свет силно се фокусираат на создавање на производи насочени кон културата на зомбите. Тука спаѓаат: тајландскиот уметник Китивати Унаро кој прави печива кои личат на делови од човечкото тело; калифорниската компанија „Харкос Лабс“ која продава мостри со запечатена крв и чадено месо од зомб; како и низа помали компании со иновативни производи, како: Зомби минт бомбони (кои имаат вкус на гнили мозоци), енергетскиот пијалак „Врисокот на Зомбите“ и гуми за џвакање во облик на човековиот мозок.

Зомби-акаполипса

уреди

Зомби-акаполипсата претставува конкретно сценарио за акаполиптична фикција во која вообичаено има научно фантастичен /хорор-мотив. Во зомби-акаполипста ширењето на непријателски настроените кон човековиот живот зомби се здружуваат и извршуваат напад врз цивилизацијата. Луѓето кои се нападнат од зомби се здобиваат со особините на зомбите т.е. се претвораат во зомби .Ова доведува до драстично зголемување на кризата на ширење на зомби-чумата/вирусот најчесто во воените и полициските организации која доведува до паника кај граѓанското општество, само само изолираните можат да преживеат, чистејќи ги улиците за храна и намирници во свет сведен на прединдустриската непријателска пустина.

Книжевниот поттекст на зомби-акаполипсата е тоа што цивилизацијата е навистина кревка за да се најде лице в лице со вистинските преседантски закани и тоа што повеќето луѓе неможат да го поддржат она што е добро за сите ако личната цена е превисока . Описот на овој тип на акаполипса силно го менува општествениот пејзаж на Соединетите Американски Држави во 1960 година кога основоположникот на овој жанр филмот Ноќта на живите мртовци за првпат е созадаен. Многумина сметаат дека зомбите им овозможуваат да се справат со своите немири позрвазни со гласините за крајот на светот. Еден наушник смета дека повеќе од кое било чудовиште , зомбите се целосно и буквално акаполтични –тие се сигнал за крајот на светот. Поради големиот број на филмови и видео игри , идејата за зомби-акаполипсата ја достигнува својата врвна точка. Нејзините обожаватели вложуваат огромни напори за созадавање на идните хипотетички зомби-акаполипси . Напорите вклучуваат создавање оружје и продавање на постери со цел да се информираат луѓето како да преживеат зомби-појава .

Филозофски зомби

уреди

Поимот филозофски зомби се користи во Филозофијата на умот , област која ја истражува поврзаноста помеѓу свесната мисла и физичкиот свет. Филозофското зомби е хипотетичко лице кое нема целосна свест но поседува човечки физички особини или однесување на нормален човек ; тој се користи како нулта хипотеза во филозофските дебати поврзани со проблемот, тело-ум. Филозофскиот контекст на поимот претставува кованица воведена од старана на филозофот Дејвид Чалмерс во средината на 1990 година.

Општествен активизам

уреди

Некои од обожавателите на зомбите ја продолжуваат традицијата на Џорџ А.Ромеро за користење на зомбите како социјален коментар. Општествените зомби-прошетки редовно се одржуваат во некои земји. Понекогаш тие се едноставно дел од надреалистичката уметност, но понекогаш тие се користат како политички протест против властите.

Зомби-филмови

уреди
Филм Година Режисер
The Plague of the Zombies 1967 Џоан Џилинг
Night of the Living Dead 1968 Џорџ Ромеро
Children Shouldn't Play with Dead Things 1972 Боб Кларк
Dawn of the Dead 1978 Џорџ Ромеро
Zombie 1979 Луцио Фулци
Hell of the Living Dead 1980 Бруно Матеи
City of the Living Dead 1980 Сергио Салвати
Burial Ground 1981 Андреа Бианчи
Cementerio del terror 1985 Rubén Galindo Jr.
Day of the Dead 1985 Џорџ Ромеро
The Return of the Living Dead 1985 Dan O'Bannon
The Video Dead 1987 Роберт Фалкон Скот
Zombie Nightmare 1987 Jack Bravman
Return of the Living Dead Part II 1988 Ken Wiederhorn
Flesheater 1988 Бил Хинзман
Zombie 3 1988 Луцио Фулци,Клаудио Фрагасо,Бруно Матеи
Night of the Living Dead 1990 Том Савини
Braindead 1992 Питер Џексон
Return of the Living Dead 3 1993 Брајан Јужна
The Dead Hate the Living! 2000 Дејв Паркер
Children of the Living Dead 2001 Тор Рамзи
Притаено зло 2002 Paul W. S. Anderson
Undead 2003 Michael Spierig, Peter Spierig
House of the Dead 2003 Уве Бол
Shaun of the Dead 2004 Edgar Wright
Resident Evil: Apocalypse 2004 Alexander Witt
Dawn of the Dead 2004 Зек Снајдер
Death Valley: The Revenge of Bloody Bill 2004 Byron Werner
Dead & Breakfast 2004 Matthew Leutwyler
Земја на мртвите 2005 Џорџ Ромеро
Return of the Living Dead: Necropolis 2005 Ellory Elkayem
Return of the Living Dead: Rave to the Grave 2005 Ellory Elkayem
House of the Dead 2 2005 Мајкл Хурст
Day of the Dead 2: Contagium 2005 Ana Clavell
Severed 2005 Carl Bessai
Dead Men Walking 2005 Питер Мервис
Fido 2006 Andrew Currie
The Quick and the Undead 2006 Џералд Нот
Night of the Living Dead 3D 2006 Џеф Бродстрит
Dead and Deader 2006 Patrick Dinhut
The Zombie Diaries 2006 Мајкл Бартлет
Resident Evil: Extinction 2007 Russell Mulcahy
28 недели подоцна 2007 Juan Carlos Fresnadillo
Undead or Alive 2007 Glasgow Phillips
Flight of the Living Dead: Outbreak on a Plane 2007 Скот Томас
Diary of the Dead 2007 Џорџ Ромеро
Planet Terror 2007 Роберт Родригес
The Mad 2007 Џон Калангис
Island of the Living Dead 2007 Бруно Матеи
Zombie Town 2007 Damon Lemay
Zombie Strippers! 2008 Џеј Ли
Day of the Dead 2008 Стив Минер
Zombies! Zombies! Zombies! 2008 Џејсон Марфи
Dance of the Dead 2008 Грег Бишоп
Resident Evil: Degeneration 2008 Макото Камија
Зомбиленд 2009 Ruben Fleischer
Dead Snow 2009 Томи Виркола
Survival of the Dead 2009 Џорџ Ромеро
Zone of the Dead 2009 Милан Конјевиќ,Милан Тодоровиќ
Doghouse 2009 Џејк Вест
The Horde 2009 Yannick Dahan, Benjamin Rocher
Resident Evil: Afterlife 2010 Paul W. S. Anderson
The Dead 2010 Howard J. Ford, Jonathan Ford
The Dead and the Damned 2010 Рене Перес
Zombie Apocalypse 2011 Nick Lyon
Juan of the Dead 2011 Alejandro Brugués
Zombie Apocalypse: Redemption 2011 Рајан Томпсон
Rise of the Zombies 2012 Nick Lyon
Cockneys vs Zombies 2012 Matthias Hoene
Resident Evil: Retribution 2012 Paul W. S. Anderson
Zombibi 2012 Martijn Smits, Erwin van den Eshof
Dead Before Dawn 2012 Април Мулен
Night of the Living Dead: Resurrection 2012 Џејмс Плумб
Detention of the Dead 2012 Alex Craig Mann
Resident Evil: Damnation 2012 Макото Камија
Abraham Lincoln vs. Zombies 2012 Richard Schenkman
Dead Season 2012 Adam Deyoe
Zombies Vs. Strippers 2012 Alex Nicolaou
Osombie 2012 John Lyde
Светска војна 3 2013 Марк Форстер
Warm Bodies 2013 Џонатан Левин
Zombie Massacre 2013 Luca Boni, Marco Ristori
Zombie Night 2013 John Gulager
Stalled 2013 Кристијан Џејмс
Go Goa Gone 2013 Raj Nidimoru, Krishna D.K.
Zombie Hunter 2013 K. King
Code Red 2013 Валери Милев
The Dead 2: India 2013 Jonathan Ford, Howard J. Ford
The Zombie King 2013 Aidan Belizaire
Wyrmwood: Road of the Dead 2014 Kiah Roache-Turner
Dead Snow 2: Red vs. Dead 2014 Томи Виркола
Goal of the Dead 2014 Thierry Poiraud, Benjamin Rocher
Apocalypse L.A. 2014 Turner Clay
Scouts Guide to the Zombie Apocalypse 2015 Кристофер Ландон
Dead Rising: Watchtower 2015 Зек Липовски
Freaks of Nature 2015 Robbie Pickering
The Rezort 2015 Стив Баркер
Zombie Massacre 2: Reich of the Dead 2015 Marco Ristori, Luca Boni
I Am a Hero 2015 Shinsuke Sato
Navy Seals Vs. Zombies 2015 Stanton Barrett
Pride and Prejudice and Zombies 2016 Burr Steers
Resident Evil: The Final Chapter 2016 Paul W. S. Anderson
Dead Rising: Endgame 2016 Пат Вилијамс
Train to Busan 2016 Yeon Sang-ho
Zombies 2016 Hamid Torabpour
Ibiza Undead 2016 Енди Едвардс
Day of the Dead: Bloodline 2017 Hèctor Hernández Vicens
Anna and the Apocalypse 2017 John McPhail
Dead Trigger 2017 Mike Cuff, Scott Windhauser
Resident Evil: Vendetta 2017 Takanori Tsujimoto
The End? 2017 Daniele Misischia
Attack of the Southern Fried Zombies 2017 Марк Њутон
Redcon-1 2018 Chee Keong Cheung
Zombieland: Double Tap 2019 Ruben Fleischer
Little Monsters 2019 Abe Forsythe
The Dead Don't Die 2019 Jim Jarmusch
Zombie Tidal Wave 2019 Anthony C. Ferrante
Blood Quantum 2019 Jeff Barnaby
Strain 100 2020 Хасан Хусеин
Peninsula 2020 Yeon Sang-ho
Army of the Dead 2021 Зек Снајдер
Wyrmwood: Apocalypse 2021 Kiah Roache-Turner
Почеток на притаено зло: Ракун Сити 2021 Johannes Roberts
Night of the Animated Dead 2021 Jason Axinn
Day Zero 2022 Joey De Guzman
Zombie Town 2023 Peter Lepeniotis
Zom 100: Bucket List of the Dead 2023 Yusuke Ishida
Resident Evil: Death Island 2023 Eiichirô Hasumi
We Are Zombies 2023 Eiichirô Hasumi
Festival of the Living Dead 2024 Jen Soska, Sylvia Soska
Apocalypse Z: El principio del fin 2024 Carles Torrens
Twilight Of The Dead TBA
Queens of the Dead 2025 Тина Ромеро
Zombie Plane TBA
The Last Train to New York TBA Timo Tjahjanto
Zombikini 2025 Jason Wright
Deadlocked: Dad of the Dead 2025 Casey Jackson
Crawlers 2025 Gisyerg Bermudez
28 Years Later 2025 Danny Boyle
The Return of the Living Dead 2025

Зомби-серии

уреди
Серија Година
Dead Set 2008
The Walking Dead 2010-2022
Z Nation 2014-2018
Fear the Walking Dead 2015-2023
Black Summer 2019-2021
The Walking Dead: World Beyond 2020-2021
Day of the Dead 2021
Tales of the Walking Dead 2022
The Walking Dead: Dead City 2023
The Walking Dead: Daryl Dixon 2023
The Walking Dead: The Ones Who Live 2024
More Tales from the TWDU TBA



Наводи

уреди
  1. Разговорно може и: зомбиња.
  2. „Zombie“. Oxford English Dictionary. Oxford University Press. 1998.
  3. Smith, Neil (March 7, 2008). „Zombie maestro lays down the lore“. London: BBC News. Посетено на 2009-10-01.
  4. *McAlister, Elizabeth. 1995.“A Sorcerer's Bottle: The Visual Art of Magic in Haiti.” In Donald J. Cosentino, ed., Sacred Arts of Haitian Vodou. UCLA Fowler Museum of Cultural History, 1995: 304–321.
  5. Hurston, Zora Neale. Dust Tracks on a Road. 2nd Ed. (1942: Urbana: University of Illinois Press, 1984, p. 205).
  6. Hines, Terence; "Zombies and Tetrodotoxin"; Skeptical Inquirer; May/June 2008; Volume 32, Issue 3; Pages 60–62.
  7. Oswald, Hans Peter (2009 (84 pages)). Vodoo. BoD – Books on Demand. стр. 39. ISBN 3837059049. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. Marinovich, Greg; Silva Joao (2000). The Bang-Bang Club Snapshots from a Hidden War. William Heinemann. стр. 84. ISBN 0434007331.
  9. Marinovich, Greg; Silva Joao (2000). The Bang-Bang Club Snapshots from a Hidden War. William Heinemann. стр. 98. ISBN 0434007331.
  10. IMdb Carnival of Souls (1962) (пристапено на 10 јули 2018)
  11. "Mumble-Jumble" Архивирано на 15 август 2013 г., Тајм, 9 September 1940.
  12. DISCOGS, Green On Red ‎– Here Comes The Snakes (пристапено на 8 октомври 2018)
  13. DISCOGS, James White (2) ‎– James White's Flaming Demonics (пристапено на 7.9.2021)
  14. Misfits – Walk Among Us (пристапено на 2.4.2023)

Надворешни врски

уреди