Фела Кути

Нигериски музичар и активист

Фела Кути (роден Олуфела Олусегун Олудотун Рансоме-Кути, на 15 октомври 1938- 2 август 1997) исто така познат како Фела Аникулапо Кути или едноставно Фела, бил нигериски мулти-инструменталист, музичар и композитор, предводник на “Afrobeat“ музиката, активист за човековите права и политички неконформист.

Фела Кути
Фела Кути во 1970 година
Животописни податоци
Родено имеОлуфела Олусегун Олудотун Рансоме-Кути
Познат(а) и какоФела Аникулапо Кути
Фела Рансоме-Кути
Роден(а)15 октомври 1938(1938-10-15)
Абеокута, Нигерија
Починал(а)2 август 1997(1997-08-02) (возр. 58)
Лагос, Нигерија
ЖанровиАфробит, хајлајф
Занимањапејач - текстописец, инструменталист, активист
ИнструментиСаксофон, вокали, синтисајзер, труба, гитара, тапани
Период на активност1958–1997
Издавачи"Barclay"/"PolyGram", "MCA"/"Universal", "Celluloid", "EMI Nigeria", "JVC", "Wrasse", "Shanachie", "Knitting Factory"
СоработнициАфрика '70, Египет '80, Koola Lobitos, Нигерија '70, Хуј Масекела, Џинџер Бејкер, Тони Ален, Феми Кути, Сеун Кути, Рој Ерс, Лестер Боуви
Мреж. местоfelaproject.net

Животопис

уреди

Раниот живот и кариера

уреди

Фела Олуфела Олусегун Олудотун Рансоме-Кути ) е роден на 15 октомври 1938 г. во Абеокута, државата Огун, Нигерија во фамилија од повисока средна класа. Неговата мајка, Фанмилајо Рансом Кути била феминистичка активистка во анти колонијалните движења; неговиот татко Пречесниот Израел Олудотун Рансом-Кути, бил протестантски свештеник и училиштен директор како и прв претседател на Нигеријското друштво на учители. Неговите браќа, Беко Рансом-Кутии Оликоје Рансом Кути, биле лекари, добро познати во Нигерија. Фела му бил прв братучед на истакнатиот нигериски писател Воле Шојинка, првиот африкански добитник на Нобелова награда за литература.

Фела бил пратен во Лондон, во 1958г., да студира медицина, но наместо тоа тој одлучил да студира музика во Тринити колеџот за музика. Додека бил таму, ја оформил групата “Koola Lobitos“, свирејќи спој од џез и хајлајф. Во 1960г., Фела се оженил со својата прва жена Ремилекун (Реми) Тејлор, со која имал 3 деца (Феми, Јеми и Сола). Во 1963г., Фела се преселил назад во Нигерија, ја преоформил групата “Koola Lobitos“ и се обучувал како продуцент во радио за нигеријското здружение за радио емитување. Некое време тој свирел со Виктор Олаија и неговите “All Stars“.

Во 1967 г., тој отишол во Гана за да осмисли нов музички правец. Тоа било кога Кути за првпат ја нарекол својата музика Афро бит (Afrobeat). Во 1969г., Фела заедно со својот бенд отишле во Соединетите Американски Држави каде поминале 10 месеци во Лос Ангелес. Додека биле таму, Фела го открил движењето “Black Power“ (црна моќ), преку Сандра Смит (сега Сандра Исадоре), член на партијата Црни пантери (Black Panther Party). Искуство кое ќе има големо влијание врз неговата музика и политички гледишта. Тој го променил името на бендот во „Нигерија 70-ти“. Набргу, некој промотер ги известил властите дека Фела и неговиот група се без работни дозволи во САД Бендот веднаш снимил брза сесија во Лос Ангелес, која била издадена подоцна како “The '69 Los Angeles Sessions“.

По враќањето на Фела и неговиот бенд во Нигерија, како што темите на текстовите од песните ги смениле од љубовни во социјални теми, така и името на бендот го промениле во “The Afrika '70“ (Африка 70-ти). Тој тогаш ја оформил Република Калакута, комуна, студио за снимање и дом за луѓето кои биле поврзани со бендот и која подоцна тој ги прогласил за независни од државата Нигерија. Фела создал ноќен клуб во хотелот “Empire“, првично наречен “Afro-Spot“ а потоа “Afrika Shrine“ (африкански храм),каде тој настапувал регуларно и одржувал персонализирани Јоруба (Yoruba religion) традиционални церемонии во чест на античките верувања на неговото племе. Тој исто така го променил средното име во Аникулапо (што значи “тој што си ја носи смртта во торбичка“), објаснувајќи дека неговото оригинално средно име Рансом значело име на роб.

Музиката на Фела станала многу популарна меѓу нигериската публика и Африканците во глобала. Всушност, тој одлучил да пее на поедноставен англиски јазик за да може во музиката да уживаат луѓето низ цела Африка, каде што локалните јазици се различни и многубројни. Како што музиката на Фела станувала сè попопуларна во Нигерија и пошироко, така станувала непопуларна кај власта, и затоа зачестиле нападите врз Република Калакута. Во текот на 1972, Џинџер Бејкер го снимил албумот “Stratavarious“ заедно со Фела а покрај него се појавува и Боби Гас. Во овој период, Кути уште повеќе се вмешал во религијата Јоруба.

Фела и “Африка 70-ти“ во 1977 го издале албумот „Зомби“ , кој бил остар напад врз Нигериските војници,во кој ја користеле метафората “зомби“ за да ги опишат методите на Нигериската војска. Албумот станал огромен хит и ја разбеснил владата која извршила брутални напади врз Република Калакута, меѓу кои и нападот во кој илјадници војници ја нападнале комуната. Фела бил претепан, а неговата постара мајка била фрлена од прозор, што предизвикало смртоносни повреди. Републиката Калакута била запалена, како и студиото на Фела и неговите инструменти, а оригиналните ленти биле уништени. Фела тврдел дека ќе бил убиен доколку не интервенирал одговорниот командант за време на тепањето. Реакцијата на Фела по нападот, била да го пренел ковчегот на мајка му во воените бараки во Лагос (Dodan Barracks), каде била резиденцијата на Генерал Олусегун Обасањо, и ги напишал двете песни "Coffin for Head of State“ (ковчег за државниот врв) и "Unknown Soldier" (непознат војник), што се однесува на официјалната истрага која тврди дека комуната била уништена од страна на непознат војник.

Податотека:Fela and Band in Concert (Berlin 1978).jpg
Фела и бендот на концерт во (Берлин 1978).

Фела и неговиот бенд се сместиле во хотелот “Crossroads“, поради тоа што “Shrine“ и комуната биле уништени. Во 1978, Фела, во знак на одбележување на годишнината од нападот на Република Калакута, во 1978, се оженил со 27 жени, од кои повеќето биле негови танчерки, пејачки и композиторки. Подоцна, тој користел ротациски систем и живеел истовремено со 12 жени. Годината била исто така обележана и со два познати концерти, од кои првиот се одржал во Акра и за време на песната “Зомби“ се кренал бунт кој му довел на Фела забранет влез во Гана. Вториот концерт се одржал на берлински џез фестивал, по кој повеќето од неговите колеги го напуштиле поради гласините дека Фела планирал да го искористи целиот приход за да ја финансира својата претседателска кампања.

И покрај големите пречки, Фела одлучил да се врати назад. Тој оформил политичка партија која ја нарекол “Movement of the People“ (Движење на народот). Во 1979, тој се кандидирал на првите избори после 10 години за претседател во Нигерија, но неговата кандидатура била одбиена. Во ова време, Фела формирал друг бенд наречен „Египет 80’“ и продолжил да снима албуми и да прави турнеи низ државата. Фела и понатаму ја разбеснувал политичката власт, користејќи го името на корпорацијата “I.T.T” на потпретседателот Мошуд Абиола и на тогашниот генерал Олесугун Обасанџо на крај од добро продаваната 25 минутна политичка тирада со наслов “International Thief-Thief” (меѓународен крадец-крадец).

80-ти и натаму

уреди

Во 1984, владата на Мухамаду Бухари, кон која Фела бил критички поставен, го уапсила со обвинение дека шверцувал девизи, при што “Amnesty International” и останати организации за човекови права го прогласиле за полититички затвореник. По 20 месеци, од затвор го ослободил генералот Ибрахим Бабангида. При неговото ослободување тој се развел од останатите 12 жени, велејќи дека бракот носи љубомора и себичност.

Покрај се, Фела продолжил да снима албуми со “Египет 80’“, имал многубројни успешни турнеи низ С.А.Д и Европа, продолжувајќи да биде политички активен. Во 1986г., Фела настапувал на стадион во Њу Џерси, како дел од концертот на “Amnesty International A Conspiracy of Hope”, делејќи ја сцената со Боно, Карлос Сантана и др. Во 1986, Фела и “Египет 80’“ го издале албумот кој бил за анти-расистичка поделеност “Beasts of No Nation “ (ѕверови без нација), на насловната имало слики од претседателот на С.А.Д Роналд Реган, премиерката Велика Британија Маргарет Тачер и премиеротот на Јужна Африка Питер Вилем Бота.

Интересот за правење албуми се намалил во 90-тите, па најпосле Фела престанал воопшто да издава албуми. Во 1993, тој со уште 4 членови организацијата „Африка ‘70“ биле уапсени за убиство. Борбата против воената корупција во Нигерија го земала својот данок, посебно за време на диктаторот Сани Абача. Исто така се ширеле гласини дека Фела страдал од болест за која одбивал да се лекува.

Неговата смрт

уреди

На 3 август 1997, Оликоје Рансоме-Кути, веќе познат ХИВ активист и бивш министер за здравство, ја стаписал јавноста со веста за смртта на неговиот брат кој починал од тумор предизвикан од сида. Повеќе од милион луѓе присуствувале на погребот на Фела на местото каде порано бил „африканскиот храм“. Нов африкански храм бил отворен по смртта на Фела во друг оддел на Лагос, под надзор на неговиот син Феми Кути.

Музика

уреди

Музичкиот стил на Фела се нарекува Афробит, стил кој во голема мера тој го создал, што претставува комплексна мешавина од џез, фанк, нигериски хајлајф, психоделичен рок и традиционални западно африкански рефрени и ритми. Афробитот многу презема и од домородниот “"tinker pan“- африкански стил со ударни инструменти, кој Фела го стекнал додека студирал во Гана со Хју Масекела. Од голема важноста бил и придонесот на Тони Ален (тапанарот на Фела во период од 20 год) при создавање на афробитот. Фела еднаш славно изјавил дека без Тони Ален, не би постоел афробитот.

Одлика на афробитот се голем бенд составен од многу инструменти, вокали и музичка структура составена од џезерски, фанки трубачки делови. Користење на рифовски засновано “бескрајно возење“, каде основниот ритам составен од тапани, пригушена западноафриканска гитара и мелодични рифови на бас гитарата се повторуваат цело време додека трае песната.

Бендот на Фела бил препознатлив по тоа што користеле два баритон саксофони, со обзир на тоа што повеќето групи користеле само еден таков инструмент. Ова е вообичаена техника во африканските и музичките стилови со африканско влијание, а може да се забележат и кај фанкот и хип-хопот. На моменти, бендовите на Фела настапувале со двајца басисти кои истовремено свиреле испреплетени мелодии и ритми. Секогаш имало двајца или повеќе гитаристи. Електричната западно африканска гитара била од особено значење кај афробит бендовите, ја користеле за да се добие основната структура, свирејќи повторувачки акордско-мелодиски линии или рифови.

Елементи кои се често присутни во музиката на Фела се „прашање и одговор“ во една строфа и фигуративни но едноставни стихови. Исто така, песните на Фела биле многу долги, најмалку по 10-15 минути, некои достигнувале и по 20 до 30 минути траење, а пак некои песни траеле и по 45 минути кога ги изведувале во живо. Тоа било една од причините поради што неговата музика никогаш не достигнала значајна популарноста надвор од Африка. Неговите плочи често имале по една песна од 30 минути на едната страна. Обично, песната има инструментален вовед , околу 10-15 минути долг, пред Фела да почне да го пее „главниот“ дел од песната, вклучувајќи ги неговите текстови со што песната продолжува уште 10-15мин. Поради тоа на некои снимки, многумина ги делат неговите песни на два дела, прв дел (инструменталниот), проследен со остатокот од песната како втор дел.

Повеќето од неговите песни биле испеани на нигериски едноставен англиски, но исто така извел неколку песни и на јазикот Јоруба. Главни инструменти кои Фела ги користел биле саксофон и синтисајзер, но тој исто така свирел и на труба, електрична гитара, и повремено свирел на тапан. Фела одбивал да ги изведува песните откако веќе ги снимил, што исто така ја спречувало неговата популарност надвор од Африка.

Фела бил познат по шоуменството и неговите концерти често биле ексцентрични и диви. Својот сценски настап го претставувал како духовна „андерграунд“ игра. Фела се обидел да направи филм, но ги изгубил сите материјали во пожарот кој бил подметнат во неговата куќа од страна на воената влада која била на власт. Замислата на Кути била дека уметноста, а со тоа и неговата музика, би требало да имаат политичко значење.

Дискографија

уреди

Филмографија

уреди
  • Fela in Concert, 1981, (VIEW)
  • Music is the Weapon, 1982, Stéphane Tchal-Gadjieff and Jean Jacques Flori (Universal Music)
  • Fela Live! Fela Anikulapo-Kuti and the Egypt ’80 Band, 1984, Recorded Live At Glastonbury, England (Yazoo)
  • Fela Kuti: Teacher Don't Teach Me Nonsense & Berliner Jazztage '78 (Double Feature), 1984, (Lorber Films)

Предлошка:Check quotationFemi Kuti—Live at the Shrine, 2005, recorded Live At Lagos, Nigeria (Palm Pictures)

Надворешни врски

уреди