Светска војна З
Светска војна З: Усна историја на војна со зомби (2006) е апокалиптичен хорор роман напишан од Макс Брукс. Романот е колекција од поединечни извештаи кои ги раскажува агент на повоената комисија на Обединетите Нации, после катастрофалниот глобален конфликт против зомби чумата. Други пасуси забележуваат очајна борба долга една деценија, што им се случила на луѓе од различни националности. Исто така опишани се социјалните, политичките, верските, и еколошките промени.
Податотека:World War Z book cover.jpg Насловна страница на првото издание | |
Автор | Макс Брукс |
---|---|
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Жанр | хорор, апокалипса |
Published | 2006 (Кроун) |
Медиум | Печатено издание (тврда и мека корица), e-книга, аудио книга |
Страници | 342 страници |
ISBN | 0-307-34660-9 |
OCLC | 65340967 |
813/.6 22 | |
LC Class | PS3602.R6445 W67 2006 |
Претходна | Водич за преживување на зомбите |
Светска војна З е продолжување на книгата на Брукс „упатство за преживување“, односно Водич за преживување на зомбите од (2003), но тонот е многу посериозен. Според книгата, во 2013 година снимен е филмот со ист наслов, во режија на Марк Форстер, во кој главната улога ја игра Бред Пит.