Хорор (жанр)
Хорор или ужаси — жанр од фикцијата што има за цел да предизвика страв, шок, вознемиреност или одбивност.[1] Хоророт се дели на поджанрови: психолошки хорор и натприроден хорор, а спаѓа во доменот на шпекулативната фикција.
Преовладувачки елементи во овој жанр се: духови, демони, вампири, врколаци, ѓаволи, вештерки, чудовишта, вонземјани, дистописки и постапокалиптични светови, сериски убијци, канибализам, психопати, сатанизам, црна маѓија, култови и тортура.
Историја
уредиПред 1000 г
уредиХорор жанрот влече корени од фолклорот и религиозните традиции поврзани со смртта, задгробниот живот, злото, демоните и нивното отелотворение во личноста.[2] Приказните се однесувале на суштества како: демони, вештерки, вампири, врколаци и духови. Во Европа хоророт за прв пат се среќава во делата на Античките Грци и Старите Римјани.[3] Познатиотот роман од Мери Шели од 1818 година за Франкенштајн бил под силно влијание на митот за Хиполит, кого Асклепиј го оживеал по смртта.[4] Еврипид напишал драми засновани на митот: Хиполит Калиптомен и Хиполит.
Плиниј Помладиот (61 до ок.113) ја раскажува приказната за Атинодор Кананит кој купил опседната куќа во Атина. Атинодор бил претпазлив затоа што куќата била евтина. Додека пишувал книга за филозофија, го посетил дух врзан во синџири. Духот исчезнал во дворот. Следниот ден, во дворот пронашле необележан гроб.[5]
Елементи од хорор жанрот се појавуваат и во библиските текстови, особено во Откровението.[6][7]
После 1000
уредиПриказните за врколаци биле популарни во средновековната француска литература. Една од дванаесетте лаи од Марија Француска е приказна за врколак под наслов „Бисклавре“.
Многу дела од хорор-жанрот потекнуваат од најсуровите личности од 15 век. Дракула се поврзува со влашкиот принц Влад III, чии наводни воени злосторства биле објавени во германски памфлети. Наводните сериски убиства на Жил де Ре се смета дека се инспирација за „Сината брада“.[8] Мотивот на жена вампир е најчесто изведен од Ержебет Батори, и помогнал во појавата на хорор фантастиката во 18 век, како на пример преку книгата Трагика на историјата од Ласло Турочи од 1729 година.[9]
XVIII век
уредиВо XVIII век се забележува постепен развој на романтизмот и готскиот хорор жанр. Овој жанр се потпирал на пишаното и материјалното наследство од доцниот среден век, а се оформил со семиналниот и контроверзен роман од Хорас Волпол, Замокот Отранто (1764). Всушност, првото издание било објавено како да се работи за вистинска средновековна романса од Италија, откриена и повторно објавена од измислен преведувач.[10] Откако било откриено дека се работи за современо дело, многумина го сметале за анахрон, реакционерен или едноставно со лош вкус, но веднаш станал популарен.[10] Отранто бил инспирација за Ватек (1786) од Вилијам Бекфорд, Сицилијанска романса (1790), Мистериите на Удолфо (1794) и Италијанецот (1796) од Ен Редклиф и Калуѓер (1797) од Метју Луис.[10] Многу хорор романи од овој период ги напишале жени и биле наменети за женската публика, а најчесто сценарио на романите било снаодлива жена да се најде во мрачен замок.[11]
XIX век
уредиГотскиот роман станал жанр кој денешните читатели го нарекуваат хорор литература од XIX век. Најпознати дела кои продолжуваат да бидат инспирација за романи и филмови и денес биле: „Ивица и Марица“ од браќата Грим (1812), Франкенштајн од Мери Шели (1818), „ Вампирот “ од Џон Полидори (1819), Мелмот скитникот од Чарлс Матурин (1820), „ Легенда за заспаната долина “ од Вашингтон Ирвинг (1820), Мумија (1827) од Џејн К. Лаудон, Ѕвонарот на богородичната црква од Виктор Иго (1831), Варнеј вампирот од Томас Пекет Перст (1847), делата од Едгар Алан По, делата од Шеридан Ле Фану, Чудниот случај на д-р Џекил и г-дин Хајд од Роберт Луис Стивенсон (1886), Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајлд (1890), Невидливиот човек од Х.Г. Велс (1897) и Дракула од Брам Стокер (1897). Сите овие дела создале трајна вредност за ужасот што се потврдува во подоцнежните адаптации и реинтерпретации во романи, драми и филмови.[12]
XX век
уредиНаглата појава на евтини периодични списанија на почетокот од векот довело до процут во пишувањето хорор. На пример, Гастон Леру ја објавил својата серија „Фантомот од операта“ пред да стане роман во 1910 година. Во Русија, писателот Александар Бељаев ги популаризирал овие теми во својата приказна „Главата на професорот Довел“ (1925), во која луд доктор врши експериментални трансплантации на глава и реанимации на телата украдени од мртовечницата, и која првпат беше објавена како серијал за списание пред да биде објавена како роман. Подоцна, се појавиле специјализирани публикации за да им овозможат на хорор писателите простор за објавување на своите дела, а најпознати биле Чудни приказни и Непознати светови.[13]
Влијателните хорор писатели од почетокот на 20 век почнале да објавуваат во овие списанија. Хорор авторот ХФ Лавкрафт и неговото дело Митови за Ктхулху го популаризирал жанрот космички хорор, а М.Р. Џејмс е заслужен за редефинирањето на приказните за духови во тој период.[14]
Сериските убијци станале честа тема. Жолтиот печат и сензационализмот на разни убијци, како Џек Мевосек, и помалку познатите, Карл Панцрам, Фриц Харман и Алберт Фиш, го овековечиле овој феномен. Ваквиот тренд продолжил во повоениот период. Во 1959 година, Роберт Блох, инспириран од сериски убиства го напишал Психо. Во 1981 година, Томас Харис го напишал Црвениот змеј, запознавајќи не со д-р Ханибал Лектор. Во 1988 година, било објавено продолжение на романот, Кога јагнињата ќе стивнат.
Првите кино филмови биле инспирирани од многу аспекти на хорор литературата и започнала традиција на снимање хорор филмови и негови поджанрови што продолжува до ден-денес. Сè до појавата на слешер и сплатер филмовите во 1960-тите и 1970-тите, стриповите (како оние објавени од EC Comics (најзначајни Tales From The Crypt )) ги задоволувале барањата на читателите за хорор сцени во 1950-тите, затоа што филмската технологија во тоа време не можела да ги понуди.[15] Ваквите сцени ги направиле овие стрипови контроверзни, и како последица на тоа, често биле цензурирани.[16][17]
Современите приказни за зомби со мотиви на живи мртовци се преземени од делата од Х.Ф Лавкрафт „ Ладен воздух “ (1925), „Во трезорот“ (1926) и „ Отфрлен “ (1926) и делото од Денис Витли „Чуден конфликт“ (1941). Романот „ Јас сум легенда “ од Ричард Матесон (1954) влијаел на цел жанр на апокалиптична зомби-фантастика во филмовите на Џорџ А. Ромеро.
Во доцните 1960-ти и раните 1970-ти, огромниот комерцијален успех на три книги - Розмариното бебе (1967) од Ајра Левин, Егзорцист од Вилијам Питер Блати и Другиот од Том Трајон - ги охрабрил издавачите да почнат да објавуваат многу други хорор романи, и на тој начин создавајќи „процут на хоророт“.[18]
Еден од најпознатите хорор писатели од крајот на 20 век е Стивен Кинг, познат по Кери, Сјаење, Тоа, Мизерија и неколку десетици други романи и околу 200 раскази.[19][20] Други популарни хорор писатели од овој период се: Ен Рајс, Брајан Ламли, Греам Мастертон, Џејмс Херберт, Дин Кунц, Клајв Баркер,[21] Ремзи Кембел,[22] и Питер Штрауб.
Награди и здруженија
уредиЗдружението на хорор писатели ја доделува Брам Стокер наградата за врвни достигнувања во хорор жанрот, именувани во чест на Брам Стокер, автор на хорор романот Дракула.[23]
Поврзано
уреди- Поврзани жанрови
- Хорор филм
Наводи
уреди- ↑ Carroll, Noël (1990). The Philosophy of Horror or Paradoxes of the Heart. New York, NY: Routledge. стр. 28, 36, 53. ISBN 0-415-90145-6.
Art-horror requires evaluation both in terms of threat and disgust. ... some emotional states are the cognitive-evaluative sort. And, of course, I would hold that art-horror is one of these. ... The audience's psychological state, therefore, diverges from the psychological state of characters in respect of belief, but converges on that of characters with respect to the way in which the properties of said monsters are emotively assessed.
- ↑ Jackson, Rosemary (1981). Fantasy: The Literature of Subversion. London: Methuen. стр. 53–5, 68–9.
- ↑ „Even Ancient Greeks and Romans Enjoyed Good Scary Stories, Professor Says“. phys.org (англиски). Посетено на 2020-09-02.
- ↑ Though the sub-title of Frankenstein references the titan Prometheus, none of the ancient myths about Prometheus is itself a horror tale.
- ↑ Pliny the Younger (1909–14). "LXXXIII. To Sura". In Charles W. Eliot. Letters, by Pliny the Younger; translated by William Melmoth; revised by F. C. T. Bosanquet. The Harvard Classics. 9. New York: P.F. Collier & Son.
- ↑
Beal, Timothy (23 October 2018). „Left Behind Again: The Rise and Fall of Evangelical Rapture Horror Culture“. The Book of Revelation: A Biography. Lives of Great Religious Books. Princeton: Princeton University Press (објав. 2018). стр. 197. ISBN 9780691145839. Посетено на 9 April 2021.
Taken together with the rapture and tribulation themes in evangelical apocalyptic horror movies, this zombie connection testifies to the variety of ways that Revelation feeds into deep, largely repressed correspondences between religion and horror in contemporary culture.
- ↑
Pippin, Tina (1992). Death and Desire: The Rhetoric of Gender in the Apocalypse of John. Wipf and Stock Publishers (објав. 2021). стр. 105. ISBN 9781725294189. Посетено на 9 April 2021.
If these books were arranged in a bookstore, one would find all the women writers under 'science fiction.' The Apocalyse, on the other hand, would be found under 'horror literature.'
- ↑ Kiernan, Dr. Jas. G. "Sexual Perversion, and the Whitechapel Murders." The Medical Standard: IV.5. G. P. Engelhard and Company: Chicago.
- ↑ in Ungaria suis cum regibus compendia data, Typis Academicis Soc. Jesu per Fridericum Gall. Anno MCCCXXIX. Mense Sepembri Die 8. p 188-193, quoted by Farin
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 "The Castle of Otranto: The creepy tale that launched gothic fiction". BBC. Retrieved 15 July 2017
- ↑ Richard Davenport-Hines (1998). Gothic: 1500 Years of Excess, Horror, Evil and Ruin. London: Fourth Estate.
- ↑ Christopher Frayling (1996). Nightmare: The Birth of Horror. London: BBC Books.
- ↑ "Unknown". in: M.B. Tymn and Mike Ashley, Science Fiction, Fantasy, and Weird Fiction Magazines. Westport: Greenwood, 1985. pp.694-698. ISBN 0-313-21221-X
- ↑ „Medieval Studies and the Ghost Stories of M. R. James By Patrick J. Murphy“. www.psupress.org. Посетено на 2020-03-17.
- ↑ Hutchings, Peter (2008). The A to Z of Horror Cinema. The A to Z Guide Series. 100. Lanham, MD: The Scarecrow Press, Inc. стр. 72. ISBN 978-0-8108-6887-8. Посетено на 29 October 2015.
- ↑ Collins, Max Allan (28 February 2013). "11 Most Controversial Comic Books". HuffPost. Retrieved 5 February 2019.
- ↑ Hansen, Kelli (1 October 2012). "Banned Books Week: Comics and Controversy". University of Missouri. Retrieved 5 February 2019.
- ↑ "Ira Levin's Rosemary's Baby (1967), Thomas Tyron's The Other (1971), and William Peter Blatty's The Exorcist (1971) were all released within a few years of one another...and their immense combined sales indicted to many publishers that horror was now a profitable marketing niche." Simmons, David, American Horror Fiction and Class: From Poe to Twilight. London: Palgrave Macmillan 2017 ISBN 9781137532800 (p.119)
- ↑ Barone, Matt (8 November 2011). "The 25 Best Stephen King Stories" Архивирано на 7 февруари 2019 г.. Complex. Retrieved 5 February 2019.
- ↑ Jackson, Dan (18 February 2016). "A Beginner's Guide to Stephen King Books". Thrillist. Retrieved 5 February 2019.
- ↑ K.A. Laity "Clive Barker" in Richard Bleiler, ed. Supernatural Fiction Writers: Contemporary Fantasy and Horror. New York: Thomson/Gale, 2003. ISBN 9780684312507 (pp. 61–70).
- ↑ K.A. Laity, "Ramsey Campbell", in Richard Bleiler, ed. Supernatural Fiction Writers: Contemporary Fantasy and Horror. New York: Thomson/Gale, 2003. ISBN 9780684312507 (pp. 177–188.)
- ↑ „The Bram Stoker Awards“. Horror Writer's Association. Архивирано од изворникот на 10 March 2007. Посетено на 13 April 2010.
Дополнителна литература
уреди- Нил Барон, хорор литература: Водич за читател . Њујорк: Гарланд, 1990 година.ISBN 978-0824043476ISBN 978-0824043476 .
- Џејсон Колавито, Знаејќи го стравот: наука, знаење и развој на жанрот хорор . Џеферсон, NC: Мекфарланд, 2008 година.ISBN 978-0786432738ISBN 978-0786432738 .
- Брајан Дочерти, Американска хорор фикција: од Брокден Браун до Стивен Кинг . Њујорк: Свети Мартин, 1990 година.ISBN 978-0333461297ISBN 978-0333461297 .
- 9781594749810
- Стивен Џонс и Ким Њуман, (уред. ), Хорор: 100 најдобри книги . Њујорк: Керол и Граф, 1998 година.ISBN 0786705523ISBN 0786705523 .
- Стивен Кинг, Данс Макабре . Њујорк: Куќата на Еверест, 1981 година.ISBN 978-0896960763ISBN 978-0896960763 .
- HP Lovecraft, Натприроден хорор во литературата, 1927 година, rev. 1934 година, собрани во Дагон и други макабри приказни . Аркам куќа, 1965 година.
- Дејвид Ј. Скал, шоуто чудовиште: културна историја на ужасот . Њујорк: Нортон, 1993 година.ISBN 978-0859652117ISBN 978-0859652117 .
- Андреа Саучели „Хорор и расположение“ Архивирано на 17 мај 2021 г., Американски филозофски квартал, 51:1 (2014), стр. 39–50.
- Џина Вискер, хорор фикција: вовед . Њујорк: Континуум, 2005 година.ISBN 978-0826415615ISBN 978-0826415615 .