Born This Way
Born This Way е вториот студиски албум на американската артистка Лејди Гага, издаден на 23 мај преку Interscope Records. Албумот е следбеник на претходните албуми The Fame (2008) и The Fame Monster (2009). Како ко-продуцент на речиси секоја песна на албумот, Гага соработувала со голем број продуценти, вклучувајќи ги RedOne и Фернандо Гарибеј, со кои работела и претходно, а и нови продуценти како Диџеј Snake, Диџеј White Shadow, Џеп Лорсен, Роберт Џон „Мат“ Ланг и Клинтон Спаркс. Исто така соработувала со артисти како саксофонистот на E Street Band Клеренс Клејмонс и гитаристот Брајан Меј од Queen на песни на албумот.
„Born This Way“ | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Студиски албум од Лејди Гага | ||||||||||
Издаден | 23 мај 2011 | |||||||||
Снимен | 2010 | |||||||||
Жанр | Поп, денс, електронска музика | |||||||||
Траење | 61:07 (Стандардна верзија) | |||||||||
Издавачка куќа | Streamline, Interscope, Kon Live | |||||||||
Продуцент | Диџеј Снејк, Диџеј White Shadow, Фернандо Гарибеј, Лејди Гага, Роберт Џон „Мат“ Ланг, Џеп Лорсен, RedOne, Клинтон Спаркс | |||||||||
Лејди Гага — Хронологија | ||||||||||
|
Музиката на Born This Way содржи синтпоп и денс-поп елементи кои биле присутни на нејзините претходни албуми. Покрај тоа, албумот исто така содржи различни инструментации кои не биле користени на нејзините претходни песни и албуми; електронски рок и техно се примери за тоа.[1] Исто така содржи поширок спектар на различни музички жанрови како опера, хеви метал, диско, хаус и рокенрол додека темите на песните вклучуваат сексуалност, религија, слобода, феминизам и индивидуализам. Покрај различни коментари од некои религиозни и конзервативни коментатори, албумот бил добро прифатен од страна на критичарите; различните музички стилови и вокалите на Гага биле предмет на пофалба. Сепак, други критичари забележале дека Гага премногу се трудела да им задоволи на сите слушатели на албумот со пораката за зајакнување на личноста. Неколку публикации го вклучиле албумот во нивните годишни списоци за најдобри албуми. Born This Way добил три номинации на Греми Наградите, вклучувајќи ја и третата последователна номинација на Гага за Албум на Годината.[2]
Born This Way се појавил на првите пет места на различни табели низ светот, вклучувајќи ја и табелата Билборд 200. Во САД, Born This Way продал 1.108 милиони копии во првата недела - тоа претставувало најголемиот број продажби во првата недела по издавањето на албумот во последните пет години; околу 440,000 копии биле продадени на страницата Амазон во само првите два денаа по издавањето со цена од 99 центи. Четири синглови од албумот – „Born This Way“, „Judas“, „The Edge of Glory“, и „Yoü and I“ – се искачиле меѓу првите десет места на Билборд Хот 100 и „Born This Way“ станала илјадитата песна која го достигнала првото место откако табелата за првпат се појавила во 1958 година.[3] Истоимената песна исто така била најбрзо продаван сингл во историјата на iTunes,[4] и промоционалниот сингл „Hair“ се појавил на табелите во шеснаесет држави.
Гага ги изведувала песните од албумот во различни прилики, вклучувајќи ги настапите на истакнати церемонии како 53тите Греми Награди и 2011 МТВ Видео Музички Награди, како и на други настани и телевизиски појавувања. За дополнителна промоција на албумот и неговите песни, Лејди Гага исто така ја започнала светската Born This Way Ball турнеја во април 2012.
Позадина и снимање
уредиВо март 2010, Гага изјавила дека почнала да работи на нов албум, тврдејќи дека ги напишала повеќето од песните за претпоставениот албум.[5] Ви меѓувреме, продуцентот RedOne го опишал како „албумот за слобода“ на Гага[6] по што нејзиниот менаџер, Трој Картер, верувал дека јавната слека на пејачката ќе почне да се менува по издавањето на Born This Way.[6] Неколку месеци по изјавувањето за албумот, Гага тврдела дека завршила со пишувањето на песните за албумот: „Дојде многу брзо. Работев на него со месеци и се чувствувам уверена дека е завршен сега. На некои артисти им требаат години. Мене не. Јас пишувам музика секој ден.“[7] Во друго интервју, таа го прогласила албумот како „химна на генерацијата“ и додала, „Ја содржи најдобрата музика која ја имам напишано во мојот живот. Веќе го напишав првиот сингл од албумот и ви ветувам, овој албум е најдобар во мојата кариера.“[7][8]
Покрај сесиите на турнејските автобуси, снимачките сесии и постапки за албумот се случувале во Abbey Road Studios во Лондон, Англија, Studios 301 во Сиднеј, Австралија, Sing Sing Studios во Мелбурн, Австралија, Gang Studios во Париз, Франција, Livingroom Studios во Осло Норвешка, Allerton Hill во Британија, Warehouse Productions Studio во Омаха, Небраска, Studio at the Palms во Лас Вегас, Невада Officine Meccaniche во Милан, Италија, Miami Beach Recording Studio во Мајами, и Germano Studios во Њујорк.[9] Брајан Меј, гитарист во бендот Queen и Клеренс Клејмонс, поранешен член на E Street Band, работеле со Гага на албумот.[10][11]
Пишување и композиција
уредиВлијанија и теми
уредиСпоред музичката композиција, Born This Way се смета има значајна промена од претходните албуми на Гага.[12] Вклучува поширок број на музички жанрови како опера,[13] хеви метал,[14] рокенрол,[15] Еуропоп,[16] New Wave,[17] маријачи,[18] електро-индустријал,[19][20] диско,[21][22] и хаус како и голем број различни иструменти и музички стилови. Пример за ова е инструментот орган кој може да биде слушнат во завршниот дел на „Born This Way“,[23] машки вокален хор инспириран од Грегоријанска миса во „Bloody Mary“,[13] гитари и виолини во „Americano“,[24] и електрични гитари во „Bad Kids“.[24] Песните „Hair“ и „The Edge of Glory“ се разликуваат од остатокот на албумот; содржат саксофонска изведба од Клеренс Клејмонс, член на E Street Band.[11] Во некои интервјуа, Гага изјавила дека најмногу била инспирирана од Мадона,[25] Витни Хјустон,[14][25][26] и Брус Спрингстин[14][22][26][27] како и поголеми музички влијанија од Iron Maiden,[14] Kiss,[14] Queen,[10] TLC,[25] Пет Бенатар,[28] и En Vogue.[25]
Албумот најмногу содржи брзи денс песни, опишани како „химни со силни денс битови.“[29] Неколку месеци пред издавањето на Born This Way, Гага ја опишала новата музика како „нешто многу подлабоко од перика или кармин или фустан од месо“ и откако го слушнал албумот во целост, Акон забележал дека ќе ја пренесе музиката на „следен левел.“[30] Албумот содржи наводи кон некои религиски фигури во Христијанството, како Јуда Искариотски, Марија Магдалена и Исус од Назарет.[31] Некои песни од албумот содржат наводи кон голем број социјални теми, како Законот за имиграција во Аризона.[18] Пораките за сексуалност и феминизам се најзабележливите компоненти на Born This Way.[13][16][18] Други теми кои се вклучени во албумот се индивидуализам, еднаквост и слобода.[32]
Музика и текст
уреди„[Албумот] е како Витни, но замислете ако Брус Спрингстин имаше бебе со Витни Хјустон – така е... И тоа беше тоа! Направивме дете. Конечно. После сето тоа блудство мизерно долго и мачно, Фернандо и јас го зачнавме.“
Албумот започнува со „Marry the Night“, песна напишана со почит кон Њујорк.[33] Претставува денс-поп песна која содржи црковни ѕвона,[34] огромен four on the floor хаус бит,[35] фанк рок-инспириран дел,[36] како и елементи од диско, техно, фанк и Hi-NRG музика.[16][37][38] Звукот на песната бил спореден со хер метал артистите од 1980-тите artists, вклучувајќи ги Бон Џови, Пет Бенатар и Бони Тајлер.[36] Следната, „Born This Way“ е за тоа како секој човек е еднаков, без разлика на бојата на кожата или сексуалната ориентација и како секоја личност може да го исполни својот сон. Песната била споредена со „Express Yourself“ и содржи Еуродиско битови.[39] Третата песна на албумот, „Government Hooker“, содржи елементи на опера музика,[13] и денс мелодија која потсетува на техно, транс, индустријал и пост-диско,[21][22][40][41] како и хип-хоп-инспириран бит.[41] Песната била споредена со работата на германскиот електронски бенд Kraftwerk.[40]
Четвртата песна е „Judas“, за која Гага потврдила дека е инспирирана од Библиската личност Јуда Искариотски.
Песни во албумот
уредиСтандардно издание | ||||
---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текстописци | Продуцент(и) | Траење |
1. | „Marry the Night“ | Лејди Гага, Фернандо Гарибеј | Лејди Гага, Гарибеј | 4:25 |
2. | „Born This Way“ | Лејди Гага, Џеп Лорсен | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow | 4:20 |
3. | „Government Hooker“ | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Диџеј White Shadow, Гарибеј*, Диџеј Снејк* | 4:14 |
4. | „Judas“ | Лејди Гага, RedOne | Лејди Гага, RedOne | 4:09 |
5. | „Americano“ | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow, Чече Алара | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow | 4:07 |
6. | „Hair“ | Лејди Гага, RedOne | Лејди Гага, RedOne | 5:08 |
7. | „Scheiße“ | Лејди Гага, RedOne | Лејди Гага, RedOne | 3:46 |
8. | „Bloody Mary“ | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Диџеј White Shadow, Гарибеј*, Клинтон Спаркс* | 4:05 |
9. | „Bad Kids“ | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow | 3:51 |
10. | „Highway Unicorn (Road to Love)“ | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow | 4:16 |
11. | „Heavy Metal Lover“ | Лејди Гага, Гарибеј | Лејди Гага, Гарибеј | 4:13 |
12. | „Electric Chapel“ | Лејди Гага, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Диџеј White Shadow | 4:12 |
13. | „Yoü and I“ | Лејди Гага | Роберт Џон „Мат“ Ланг | 5:07 |
14. | „The Edge of Glory“ | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Гарибеј | 5:21 |
Вк. траење: |
61:07 |
Бонус песни | ||||
---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текстописци | Продуцент(и) | Траење |
15. | „Born This Way“ (Jost & Naaf Ремикс; не се појавува како бонус песна во Северно-Американските изданија) | Лејди Гага, Лорсен | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow, Jost & Naaf (ремикс) | 5:58 |
16. | „Born This Way“ (LLG vs. GLG Радио Ремикс; Јапонска бонус песна) | Лејди Гага, Лорсен | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow, Guéna LG (ремикс) | 3:50 |
Специјално издание
уредиДиск еден | ||||
---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текстописци | Продуцент(и) | Траење |
1. | „Marry the Night“ | Лејди Гага, Фернандо Гарибеј | Лејди Гага, Гарибеј | 4:25 |
2. | „Born This Way“ | Лејди Гага, Џеп Лорсен | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow | 4:20 |
3. | „Government Hooker“ | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Диџеј White Shadow, Гарибеј*, Диџеј Снејк* | 4:14 |
4. | „Judas“ | Лејди Гага, RedOne | Лејди Гага, RedOne | 4:09 |
5. | „Americano“ | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow, Чече Алара | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow | 4:07 |
6. | „Hair“ | Лејди Гага, RedOne | Лејди Гага, RedOne | 5:08 |
7. | „Scheiße“ | Лејди Гага, RedOne | Лејди Гага, RedOne | 3:46 |
8. | „Bloody Mary“ | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Диџеј White Shadow, Гарибеј*, Клинтон Спаркс* | 4:05 |
9. | „Black Jesus † Amen Fashion“ | ејди Гага, Диџеј White Shadow | ејди Гага, Диџеј White Shadow | 3:36 |
10. | „Bad Kids“ | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow | 3:51 |
11. | „Fashion of His Love“ | Лејди Гага, Гарибеј | Лејди Гага, Гарибеј | 3:39 |
12. | „Highway Unicorn (Road to Love)“ | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow | 4:16 |
13. | „Heavy Metal Lover“ | Лејди Гага, Гарибеј | Лејди Гага, Гарибеј | 4:13 |
14. | „Electric Chapel“ | Лејди Гага, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Диџеј White Shadow | 4:12 |
15. | „The Queen“ | Лејди Гага, Гарибеј | Лејди Гага, Гарибеј | 5:17 |
16. | „Yoü and I“ | Лејди Гага | Лејди Гага, Ланг | 5:07 |
17. | „The Edge of Glory“ | Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow | Лејди Гага, Гарибеј | 5:21 |
Вк. траење: |
73:38 |
Диск два | ||||
---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текстописци | Продуцент(и) | Траење |
1. | „Born This Way“ (The Country Road Верзија) | Лејди Гага, Лорсен | Лејди Гага, Гарибеј[42] | 4:22 |
2. | „Judas“ (Диџеј White Shadow Ремикс) | Лејди Гага, RedOne | Лејди Гага, RedOne (ремикс од Пол Блер) | 4:08 |
3. | „Marry the Night“ (Zedd Ремикс) | Лејди Гага, Гарибеј | Лејди Гага, Гарибеј (ремикс од Ентон Заславски) | 4:21 |
4. | „Scheiße“ (DJ White Shadow Mugler) | Лејди Гага, RedOne | Лејди Гага, RedOne (ремикс и дополнителна продукција од Пол Блер) | 9:35 |
5. | „Fashion of His Love“ (Fernando Garibay Ремикс) | Лејди Гага, Гарибеј | Лејди Гага, Гарибеј (ремикс и дополнителна продукција од Фернандо Гарибеј) | 3:45 |
Вк. траење: |
26:07 |
Диск два - бонус песни | ||||
---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текстописци | Продуцент(и) | Траење |
6. | „Born This Way“ (Jost & Naaf Ремикс; не се појавува како бонус песна во Северно-Американските изданија) | Лејди Гага, Лорсен | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow, Jost & Naaf (ремикс) | 5:58 |
7. | „Born This Way“ (LLG vs. GLG Радио Ремикс; Јапонска бонус песна) | Лејди Гага, Лорсен | Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow, Guéna LG (ремикс) | 3:50 |
- Забелешки
- (*) негира ко-продуцент
- „Yoü and I“ содржи елементи од песната „We Will Rock You“ на бендот Queen, напишана од Брајан Меј.
Наводи
уреди- ↑ Perpetua, Matthew (2011-03-23). „Lady Gaga Says She Loves Bruce Springsteen, Won't Do Reality TV“. Rolling Stone. Посетено на 2012-02-06.
- ↑ Grein, Paul (2011-12-01). „Grammy Snubs and Surprises“. Yahoo! Music. Yahoo!. Посетено на 2011-12-04.
- ↑ Trust, Gary (2011-02-16). „Lady Gaga Claims 1,000th Hot 100 No. 1 with 'Born This Way'“. Билборд (магазин). Посетено на 2012-07-28. Text "Billboard]] " ignored (help)
- ↑ Kaufman, Gil (2011-02-18). „Lady Gaga's 'Born This Way' is the Fastest-Selling Single In iTunes History – Music, Celebrity, Artist News“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-02-21. Посетено на 2011-12-05.
- ↑ Montogomery, James (2010-03-26). „Lady GaGa: "My Next Album Will Be My Best Yet"“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2010-03-31. Посетено на 2010-04-19.
- ↑ 6,0 6,1 Vena, Jocelyn (November 15, 2010). „Lady Gaga's Born This Way Is 'Incredible,' Manager Says“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2012-11-07. Посетено на 2011-01-15.
- ↑ 7,0 7,1 Michaels, Sean (2010-06-23). „Lady Gaga's new album 'finished'“. The Guardian. London: Guardian News and Media. Посетено на 2010-06-23.
- ↑ Dinh, James (2010-06-01). „Lady Gaga Wants Next Album To Be Her 'Iconic Moment'“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-11-16. Посетено на 2011-07-24.
- ↑ (2011) Album notes for Born This Way by Lady Gaga [CD booklet]. Interscope Records.
- ↑ 10,0 10,1 Kaufman, Gil (2011-04-18). „Lady Gaga Reveals Surreal Born This Way Cover“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2012-05-12. Посетено на 2011-05-10.
- ↑ 11,0 11,1 Andy Greene (2011-02-18). „Exclusive: How E Street Band Saxophonist Clarence Clemons Ended Up on Lady Gaga's New Album“. Rolling Stone. Wenner Media. Архивирано од изворникот на 2012-07-13. Посетено на 2011-05-14.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеnme
. - ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 Manson, Kerri (2011-05-23). „Lady Gaga 'Born This Way': Track-By-Track Review“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-07-04.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 Turner, Sadao (2011-02-15). „Lady Gaga: Whitney Houston Was My Vocal Idol Growing Up“. On Air with Ryan Seacrest. KIIS-FM. Посетено на 2011-05-15.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеYOUandI
. - ↑ 16,0 16,1 16,2 McCormick, Neil (2011-05-19). „Lady Gaga's Born This Way: track-by-track review“. The Daily Telegraph. London: Telegraph Media Group. Посетено на 2011-08-04.
- ↑ „Lady Gaga, 'Born This Way (Deluxe Edition)' – Album Review“. PopCrush. 2011-05-24. Посетено на 2011-09-19.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 Shetler, Scott (2011-05-21). „Lady Gaga, 'Americano' – Song Review“. PopCrush. Посетено на 2011-07-16.
- ↑ Amy Sciarretto (2011-05-19). „Lady Gaga Releases "Heavy Metal Lover"“. Artistdirect. Архивирано од изворникот на 2015-01-09. Посетено на 2011-08-21.
- ↑ „Fans gaga for 'Born This Way'“. The News Record – University of Cincinnati. 2011-05-24. Архивирано од изворникот на 2011-05-28. Посетено на 2011-08-20.
- ↑ 21,0 21,1 Martin, Dan (2011-05-18). „Lady Gaga, 'Born This Way' – Track-By-Track Album Review“. NME. London: IPC Media. Посетено на 2011-08-04.
- ↑ 22,0 22,1 22,2 Rosen, Jody (2011-05-18). „Lady Gaga's 'Born This Way': A Track-by-Track Breakdown“. Rolling Stone. Wenner Media. Архивирано од изворникот на 2015-07-28. Посетено на 2011-08-04.
- ↑ Vena, Jocelyn (2011-02-11). „Lady Gaga's 'Born This Way' Premieres“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-02-14. Посетено на 2011-07-16.
- ↑ 24,0 24,1 „Lady Gaga, 'Born This Way' – Track-By-Track Album Review“. NME. London. 2009-12-09. Посетено на 2011-08-20.
- ↑ 25,0 25,1 25,2 25,3 Werde, Bill (2011-04-18). „Lady Gaga 'Born This Way' Cover Story“. Billboard. Prometheus Global Media. стр. 4. Посетено на 2011-04-20.
- ↑ 26,0 26,1 26,2 „Lady Gaga 'Started To Cry' When She First Heard 'Marry The Night'“. MTV. MTV Networks. 2011-05-27. Архивирано од изворникот на 2011-05-30. Посетено на 2011-07-15.
- ↑ Vena, Jocelyn (2011-05-13). „Lady Gaga's 'Edge Of Glory' Is A 'Bold Move,' Co-Producer Says“. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2013-10-21. Посетено на 2011-08-04.
- ↑ Vena, Jocelyn (2011-05-15). „Lady Gaga To Release New Born This Way Single 'Hair'“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2013-09-26. Посетено на 2011-05-17.
- ↑ Dinh, James (2010-11-09). „Lady Gaga Says Born This Way Will Be 'Greatest Album Of This Decade'“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2010-12-25. Посетено на 2010-11-30.
- ↑ Vena, Jocelyn (2010-11-18). „Lady Gaga's Born This Way Will 'Grab All The Monsters,' Akon Says“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2012-11-06. Посетено на 2010-12-02.
- ↑ Vena, Jocelyn (2011-04-07). „Lady Gaga's 'Judas' Video Is 'Groundbreaking,' Laurieann Gibson Says“. MTV. MTV Networks. Посетено на 2011-04-09.
- ↑ Lady Gaga – Graham Norton 5†13†11. Graham Norton. BBC Online, London. 2011-05-13. Event occurs at 15:12.
- ↑ „Lady Gaga: Inside The Outside“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 2011-08-04.
- ↑ „Lady Gaga 'Started To Cry' When She First Heard 'Marry The Night' – Music, Celebrity, Artist News“. MTV. MTV Networks. 2011-05-27. Архивирано од изворникот на 2011-05-30. Посетено на 2011-10-08.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеSpinReview
. - ↑ 36,0 36,1 By Jody Rosen (2011-05-18). „Lady Gaga's 'Born This Way': A Track-by-Track Breakdown | Music News“. Rolling Stone. Wenner Media. Архивирано од изворникот на 2015-07-28. Посетено на 2011-10-08.
- ↑ Kitty Empire (May 21, 2011). „Lady Gaga: Born This Way – review | Music |“. The Observer. London. Посетено на 2011-10-08.
- ↑ Herrera, Monica (2011-05-17). „Lady Gaga's 'Marry the Night' Premieres on FarmVille Game Spin-Off“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-08-04.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеrsrw
. - ↑ 40,0 40,1 Roberts, Randall (2011-05-20). „Album review: Lady Gaga's 'Born This Way'“. Los Angeles Times. Gannett Company. Посетено на 2011-05-23.
- ↑ 41,0 41,1 Vena, Jocelyn (2011-03-02). „Lady Gaga's 'Government Hooker' Makes Fashion-Show Debut“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2013-10-24. Посетено на 2011-08-04.
- ↑ „Country Road Version of "Born This Way" Released to Benefit Charity“. ladygaga.com. 2011-04-05. Посетено на 2011-12-04.[мртва врска]