Фустан од месо на Лејди Гага
Фустанот од месо на Лејди Гага се однесува на оној фустан кој Лејди Гага го носела вечерта на доделувањето на MTV Видео Музичките Награди од 2010 година. Дизајниран од Франк Фернандес, а стилизиран од Никола Формичети, фустанот бил осуден од групите за права на животните, а бил наречен најдобра модна изјава од 2010 година од магазинот Тајм. Како и со други нејзини фустани, тој бил архивиран, но бил изложен во 2011 година во рокенрол салата на славните по што се сочувал од страна на препараторите како еден вид на отсечен фустан. Гага објаснила по церемонијата на доделувањето на наградите дека фустанот бил изјава за потребата да се бори за она во што верува и да стави акцент врз нејзината одвратност за американската војска во не прашувај не кажувај политиката.
Дизајн
уредиНа дизајнерот Френк Фернандес му било дозволено од страна на стилистот Никола Формичети да го продуцира фустанот, планиран во текот на една недела,[1] а Формичети го стилизирал изгледот.[2] Фустанот бил асиметричен во однос на вратот.[3]
Наводи
уреди- ↑ Vena, Jocelyn (2010-09-16). „Lady Gaga Meat Dress Designer Tells How To Re-Create His VMA Look“. MTV (MTV Networks). Архивирано од изворникот на 2011-06-16. Посетено на 2011-05-14.
- ↑ Clott, Sharon (2010-09-13). „Was Lady Gaga's VMA Meat Dress Real?“. MTV (MTV Networks). Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 2011-05-14.
- ↑ Topping, Alexandra (2010-09-13). „Lady Gaga's meat dress angers animal rights groups“. The Guardian. Guardian News and Media. Посетено на 2011-05-14.