Yoü and I“ е песна од американската пејачка Лејди Гага издадена како четвртиот сингл од нејзиниот втор студиски албум, Born This Way (2011). Напишана од Гага и ко-продуцирана од Роберт Џон „Мат“ Ленг, „Yoü and I“ е рокенрол песна која е примерок од песната од Queen, „We Will Rock You“ (1977) и содржи електрична гитара од Брајан Мери. Песната била испеана во живо од Гага во јуни 2010 за време на нејзиниот настап на балот White Tie and Tiara Ball од Елтон Џон. Дел од песната се појавил на интернет и добил позитивен прием што ја охрабрило Гага да ја додаде песната на сет-листата од The Monster Ball Tour. Таа подоцна ја извела песната на Today во јули 2010 и на The Oprah Winfrey Show во мај 2011.

„Yoü and I“
Сингл од Лејди Гага
од албумот Born This Way
Издаден 23 август 2011
Текстописец Стефани Германота[1]
Формат дигитално спуштање
Жанр Рокенрол, кантри
Должина 4:20
Издавачка куќа Streamline, Interscope, Kon Live
Продуцент Лејди Гага, Роберт Џон „Мат“ Ленг
Хронологија на синглови на Лејди Гага
The Edge of Glory
(2011)
Yoü and I
(2011)
Marry the Night
(2011)

„Yoü and I“ била инспирирана од врската на Гага со нејзиното поранешно момче Лук Карл и е поставена во бавно темпо со инструментација составена од електрична гитара и пијано, а Гага и Ленг позајмуваат позадински вокали. Песната добила позитивен прием од критичарите кои ја нарекувале најдобра песна на Born This Way. После издавањето на албумот, „Yoü and I“ се искачила на табелите во Канада, Обединетото Кралство и САД поради бројот на дигитални спуштања на Born This Way. Натпреварувачката на десеттата сезона на American Idol, Хејли Рејнхарт ја извела „Yoü and I“ во мај 2011 за време на издавањето и добила позитивни критики. Нејзината студио сника била издадена на iTunes Store како сингл, и се појавила на компилацискиот албум, American Idol Top 5 Season 10.

Музичкото видео за песната било издадено на 16 август и било снимено од долгогодишниот соработник на Гага, Лореан Гибсон во Спрингфилд, Небраска. Веднаш по издавањето добило позитивни критики од повеќето музички критичари.

Музичко видео

уреди

Музичкото видео за „Yoü and I“ било снимено во Спрингфилд, Небраска и било режирано од кореограферот на Лејди Гага, Лоријан Гибсон.[2][3] Во видеото Гага оди да го земе своето момче од Њујорк.

Кредити и личности

уреди

Кридитите за песната „Yoü and I“ се земени од забелешките на албумот Born This Way.[4]

Историја на издавање

уреди
Country Date Format
Јапонија[5][6] 27 јули 2011 Мобилен сингл
САД[7] 23 август 2011 Мејнстрим радио

Наводи

уреди
  1. „You And I (Legal Title): BMI Work #12131331“. Broadcast Music Incorporated. Архивирано од изворникот на 2012-07-31. Посетено на 2011-05-10.
  2. Corner, Lewis (2011-07-26). „Lady GaGa reveals 'You and I' music video details“. Digital Spy. Посетено на 2011-07-27.
  3. Vena, Jocelyn (2011-08-17). „Lady Gaga And Laurieann Gibson's Path To 'Yoü And I'. MTV (MTV Networks). Архивирано од изворникот на 2012-01-05. Посетено на 2011-08-17.
  4. (2011) Release notes for Born This Way by Lady Gaga (liner notes). Interscope Records (B0015374-72).
  5. „レディー・ガガ、新曲が国内100万DL突破 自身最速の配信5ヶ月で達成“ (јапонски). Oricon. 2011-07-26. Посетено на 2011-08-04.
  6. „「ユー・アンド・アイ」着うた(R)、着うたフル(R)本日発売!“. Universal Music Japan. 2011-07-27. Посетено на 2011-08-04.
  7. „Top 40/Mainstream > Future Releases“. All Access. Архивирано од изворникот 2011-08-03. Посетено на 2011-08-02.

Надворешни врски

уреди