En Vogue

американска женска музичка група

En Vogue ― американска женска група чија оригинална постава се состоела од пејачките: Тери Елис, Доун Робинсон, Синди Херон и Максин Џонс.[1] Групата била основана во Оукленд, Калифорнија, во 1989 година. Со синглот „Hold On“ од нивниот деби-албум од 1990 година, Born to Sing, En Vogue се искачила на второ место на US Hot 100. Следниот албум на групата „Funky Divas“ од 1992 година се пласирал во топ-10 во САД и во Обединетото Кралство и на него се наоѓала уште една песна која стигнала до второ место во САД „My Lovin“ (You're Never Gonna Get It)“. Исто така од албумот произлегле две топ-10 хитови во САД „Giving Him Something He Can Feel“ и „Free Your Mind“.

En Vogue
En Vogue во 2018 година, од лево кон десно: Тери Елис, Рона Бенет и Синди Херон
Животописни податоци
ПотеклоОукленд, САД
Жанрови
Период на активност1989–денес
Издавачи
Мреж. местоenvoguemusic.com

Во 1996 година, „Don't Let Go (Love)“ станал третиот и најуспешен сингл на групата, кој стигнал до второто место во САД и станала нивна шеста песна на прво место на американската R&B топ-листа. Робинсон ја напуштила групата во 1997 година непосредно пред објавувањето на нивниот трет албум EV3, кој стигнал до топ-10 во САД и Велика Британија. Џонс ја напуштила групата во 2001 година, а веднаш потоа на групата ѝ се приклучила Аманда Кол. Сепак, Кол ја напуштила групата во 2003 година, а за време на снимањето на нивниот албум Soul Flower на групата ѝ се приклучила Рона Бенет. Во 2005 година, првобитните членови од групата накратко се обединиле пред повторно да се разделат. Во 2009 година, оригиналните членови повторно се обединија за нивната турнеја по повод дваесетгодишнината од основањето на групата „En Vogue: 20th Anniversary“. По турнејата, Робинсон и Џонс повторно си заминале од En Vogue, а Бенет повторно се приклучила на групата како трио.

En Vogue продале преку 20 милиони плочи во светски рамки. [2] [3] Групата освоила седум MTV Video Music Awards, три Soul Train Awards, две American Music Awards и седумпати биле номинирани за Греми.[4] Во декември 1999 година, списанието Билборд ја ставило грпата на 19-то место на списокот од најуспешни изведувачи во 1990-тите. Тие се рангирани како втора најуспешна женска група во 1990-тите.[5] Во март 2015 година, магазинот Билборд ја прогласил групата за деветта најуспешна женска група на сите времиња. Две песни од групата се наоѓаат на списокот од Билборд за најуспешни песни од женски групи на сите времиња, „Don't Let Go (Love)“ (12-то место) и „Hold On“ (23 место).

Членови

уреди

Тековни членови

Тери Елис (1989-денес)

Синди Херон (1989-денес)

Рона Бенет (2003–2005; 2006–2008; 2012–денес)

Поранешни членови

Максин Џонс (1989-2001; 2004-2012)

Зора Робинсон (1989-1997; 2005; 2008-2011)

Аманда Кол (2001-2003)

Времеплов

уреди

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • Born to Sing (1990)
  • Funky Divas (1992)
  • EV3 (1997)
  • Masterpiece Theatre (2000)
  • The Gift of Christmas (2002)
  • Soul Flower (2004)
  • Electric Café (2018)

Наводи

уреди
  1. Biography – En Vogue Billboard.com. Retrieved on February 17, 2015
  2. „Ring in 2016 with En Vogue“. Fox 10. 20 November 2015. Архивирано од изворникот на 2017-08-12. Посетено на 2024-03-23.
  3. „Remember En Vogue? Well they're BACK!“. Metro. 17 April 2015.
  4. En Vogue | Music Artist | Videos, News, Photos & Ringtones | MTV Архивирано на 11 мај 2012 г.. MTV.com
  5. Inc, Nielsen Business Media (25 December 1999). Billboard. Nielsen Business Media, Inc. – преку Internet Archive.

Надворешни врски

уреди