Гејнор Саливан (моминско Хопкинс; англиски: Gaynor Hopkins; родена на 8 јуни 1951)[2] , професионално позната како Бони Тајлер (анг:Bonnie Tyler), е велшка пејачка препознатлива по нејзиниот рапав глас. Стекнала популарност по објавувањето на нејзиниот албум од 1977 година „The World Starts Tonight“ и неговите песни „Lost in France“ и „More Than a Lover“. Нејзината песна „It's a Heartache“ од 1978 година се искачила на четврто место на Топ-листата во Обединетото Кралство и на трето место на американскиот Билборд Хот 100.

Бони Тајлер
Бони Тајлер на проба за Евровизија 2013 во Малме, Шведска
Животописни податоци
Родено имеГејнор Хопкинс
Роден(а)8 јуни 1951(1951-06-08)(73 г.)
Скевен, Нит, Велс
Жанрови
ЗанимањаПејачка
ИнструментиВокал
Период на активност1969–денес
Издавачи
Мреж. местоbonnietyler.com

Во 1980-тите, Бони Тајлер се преориентирала на рок музиката и почнала да соработува со текстописецот и продуцент Џим Стајнман. Тој го напишал најголемиот хит на Бони Тајлер „Total Eclipse of the Heart“, водечка песна од нејзиниот албум од 1983 година (кој исто така се нашол на прво место на листата за албуми во Обединетото Кралство) „Faster Than the Speed of Night“. Стајнман го напишал и другиот голем хит од Бони Тајлер од 1980-тите „ Holding Out for a Hero“. Во текот на 1990-тите соработувала со Дитер Болен кој го напишал и го продуцираше нејзиниот хит во континентална Европа „Bitterblue“. Во 2003 година, Тајлер заедно со пејачката Карин Антон повторно ја снимила „Total Eclipse of the Heart“. Нивниот дует на два јазика со наслов „Si demain... (Turn Around)“, се нашол на врвот на француските топ листи.

Во 2013 година го објавила албумот Rocks and Honey и на него се наоѓа песната „Believe in Me“, со која Бони Тајлер го претставувала Обединетото Кралство на Евровизија во 2013 година во Малме. Откако повторно почнала да соработува со продуцентот Дејвид Мекеј, ги објавила „Between the Earth and the Stars“ (2019) и „The Best Is Yet to Come“ (2021).

За своите песни меѓу другите признанија три пати била номинирана за Греми и уште три пати за Брит наградата.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • The World Starts Tonight” (1977)
  • Natural Force” (1978)
  • Diamond Cut” (1979)
  • Goodbye to the Island” (1981)
  • Faster Than the Speed of Night ” (1983)
  • Secret Dreams and Forbidden Fire” (1986)
  • Hide Your Heart” (1988)
  • Bitterblue” (1991)
  • Angel Heart” (1992)
  • Silhouette in Red ” (1993)
  • Free Spirit” (1995)
  • All in One Voice” (1998)
  • Heart Strings” (2003)
  • Simply Believe” (2004)
  • Wings” (2005)
  • Rocks and Honey” (2013)
  • The Best Is Yet to Come (2021)

Наводи

уреди
  1. Iley, Chrissy (17 October 2009). „Bonnie Tyler: 'It's about singing, not being famous'. The Times.
  2. „Bonnie Tyler to represent United Kingdom“. Eurovision.tv. 7 March 2013. Посетено на 6 June 2018.

Надворешни врски

уреди