15 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
1582 | Почнува да се користи грегоријанскиот календар. Во Италија, Полска, Португалија и Шпанија календарот прешол од 4 октомври на 15 октомври, т.е. биле прескокнати 10 дена. |
1878 | Претпријатието на Едисон за електрични светилки, денешен „Џенерал Електрик“, започнала со работа. |
1894 | Алфред Драјфус бил уапсен за шпионирање — започнала аферата „Драјфус“ која кулминирала со написот Обвинувам! од Емил Зола во весникот „Аврора“. |
1928 | Цепелинот „Граф Цепелин“ го завршил првото патување преку Атлантикот и слетал во Лејкхерст, Њу Џерси, САД. |
1945 | Втора светска војна: Смртната казна со стрелање била извршена над поранешниот претседател на Вишиевска Франција Пјер Лавал за предавство. |
1946 | Нирнбершки процес: Херман Геринг се самоубил со труење ноќта пред извршувањето на смртната казна. |
1971 | Иран ја прославил 2500-годишнината од основањето на Персија. |
1984 | Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“. |
1992 | Во Скопје е регистрирана Демократска партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач. |
1995 | По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница. |
2016 | Керсти Калјулајд станува првата жена на функцијата Претседател на Естонија. |