Четириесет и осма дивизија на НОВЈ

воена единица во НОБ
(Пренасочено од 48. Дивизија на НОВЈ)

48. Дивизија на НОВЈ била создадена на 28 септември 1944 година во селото Пласница во атарот на градот Кичево.[1] Пред основањето, во нејзин состав влегле уште и Првата, Шестата и Петнаесеттата македонска и Четвртата албанска бригада. Кон средината на октомври 1944 година, оваа дивизија влегла во составот на Петнаесеттиот корпус на НОВЈ.

Четириесет и осма македонска дивизија
Борци на 48-та македонска дивизија на Сремскиот фронт
Активна28 септември 1944 – мај 1945
Големинаоколу 6259 борци (април 1945)
Битки
Команданти
Истакнати
команданти
Петар Брајовиќ
Чеде Филиповски - Даме
Боро Милевски

Команден состав

уреди

Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Борбени дејства

уреди
 
Споменик во чест на создавањето на дивизијата во селото Пласница

Штабот на оваа дивизија во почетокот на октомври 1944 година започнал да ги насочува своите бригади во борбени операции против балистичките формации на теренот на Кичевско.[1] Учествувала во ослободувањето на Охрид, на 7 септември, и Струга, на 8 септември 1944 година, а го ослободила Кичево и Гостивар. На 13 октомври 1944 година, оваа дивизија влегла во составот на Шеснаесеттиот македонски корпус, а командниот состав претрпел промена.[1] Со воената реорганизација од декември 1944 година, дивизијата влегла во составот на Петнаесеттиот корпус на НОВЈ, каде останала сè до 23 април 1945 година, кога бил укинат штабот на Петнаесеттиот корпус.

На почетокот на јануари 1945 година, во нејзиниот состав биле, Втората и Четиринаесттата македонска и Втората артилериска бригада. Во април 1945 година, дивизијата броела околу6259 борци и старешини.

Исто така учествувала во пробивањето на Сремскиот фронт и во сите борби за конечното ослободување на Југославија. Борбениот пат го завршила кај Цеље и Дравоград. За време на враќањето во Македонија, во Босна и Херцеговина, учествувала во чисењето на теренот од преостанатите четнички и усташки формации.

На Сремскиот фронт, дивизијата го издавала весникот „Глас“, посветен на борбите на Сремскиот фронт.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 176-179

Литература

уреди