Мангарева
Мангарева (мангаревански: Mangareva) — остров во Тихиот Океан. Мангарева е централен и најголем остров во островската група Гамбје во Француска Полинезија. Мангарева е опколен од помали острови, односно: Тараваи на југозапад, Аукена и Акамару на југоисток и помали островчиња на север. На Мангарева има постојано население од 1239 жители според податоците од 2012 и најголемо населено место на островот е Рикитеа, кој служи како администартивен центар на Гамбје.
Сателитска снимка на Мангарева | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/French Polynesia" does not exist | |
Географија | |
---|---|
Должина | 8 км |
Највисоко место | 441 м |
Највисока точка | Даф |
Држава | |
Франција | |
Прекуморска заедница | Француска Полинезија |
Адм. поделба | Туамоту |
Комуна | Гамбје |
Најголема населба | Рикитеа |
Демографија | |
Население | 1,239[1] (2012) |
Должината на островот е околу 8 км и има вкуона површина од 15.4 км2. Мангарева зазема 56% од вкупната копнена територија на Гамбје. По средината на островот има планински рид со највисока точка од 441 метри, планината Даф. Островот исто така има лагуна со вкупна површина од 24 км во пречник.
Историја
уредиМангарева некогаш бил прекриен со густа шума и имал големо население. Сепак, поради големата експлоатација на дрво во периодот од 10 до 15 век, островот претрпел опустошување, однoсно губење на шумата. Ова имало силно влијание врз животната средина и економијата на островите.
Првите Европејци кои пристигнале на Мангарева биле Британците, односно капетанот Џејмс Вилсон во 1797 година со бродот Даф. Капетанот ги именувал островите во чест на Адмиралот Џејмс Гамбиер. Во меѓувреме островите биле управувани од локални мангаревански кралеви, за да на крај станал француски протекторат.
Сообраќај
уредиНа Мангарева може да се пристигне со брод од аеродромот кој е во близина, поточно преку лагуната. Мангарева е важна точка при патувањето кон Питкерн. Поточно, единствениот начин преку кој некој може да стигне до Питкерн е преку лет од Тахити, потоа со брод од Мангарева до Питкерн. Патувањето до Питкерн е 32 часа.
Галерија
уреди-
Мангарева, поглед од Моту Тотегегие
-
Карта на Мангарева од 1938
-
Карта на Гамбје
-
Планината Даф.
-
Поглед од авион.
-
Крајбрежје
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Population“. Institut de la statistique de la Polynésie française. Архивирано од изворникот на 2020-03-29. Посетено на 5 October 2014.
Надворешни врски
уреди- Мангарева, Тахити - Смртта на луѓето Архивирано на 16 јули 2012 г.
- Мангарева, видео запис
Оваа статија поврзана со Океанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |