Филипе Луис

(Пренасочено од Фелипе Луис)

Филипе Луис Касмирски (роден на 9 август 1985 година), познат како Фелипе Луис, е професионален бразилски фудбалер, кој настапува како одбранбен лев бек во шпанскиот Атлетико Мадрид и за репрезентацијата на Бразил. Играч од неуморен пристап, поголемиот дел од својата професионална кариера ја поминал во Шпанија, со почеток во Депортиво Ла Коруња, каде што поминал четири сезони. Во 2010 година, тој се приклучил на Атлетико Мадрид, и освоил неколку трофеи вклучувајќи ја и Ла Лига. Во јули 2014 година, тој се приклучил наЧелзи за 15,8 милиони фунти, помагајќи им да го освојат Лига Купот и Премиер лигата, но поради малата минутажа, на крајот на сезоната се вратил во Атлетико по само една година помината на Стемфорд Бриџ.

Бразил Филипе Луис
Лични податоци
Полно име Филипе Луис Касмирски[1]
Роден на 9 август 1985(1985-08-09)(39 г.)
Роден во Жаракуа до Сул, Бразил
Висина 1.82 м (6 ст 0 ин)[2]
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Број 3
Младинска кариера
1995–2004 Фигуеиренсе
2004–2005 Ајакс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2004 Фигуеиренсе 22 (1)
2004–2005 Ајакс 0 (0)
2005–2008 Рентистас 0 (0)
2005–2006Реал Мадрид Б 37 (0)
2006–2008Депортиво Ла Коруња 52 (1)
2008–2010 Депортиво Ла Коруња 59 (5)
2010–2014 Атлетико Мадрид 125 (2)
2014–2015 Челси 15 (0)
2015– Атлетико Мадрид 75 (5)
Репрезентација
2004–2005 Бразил Бразил 20 16 (2)
2009– Бразил Бразил 31 (2)

Филипе Луис направил своето деби за Бразил во 2009 година и оттогаш забележал повеќе од 20 настапи, помагајќи и на својата репрезентација да победи на Купот на Конфедерации во 2013 година на домашен терен, и исто така ја претставувал својата нација на Копа Америка во 2015 година.

Клупска кариера

уреди

Рани години

уреди

Фелипе Луис е роден во Жаракуа до Сул, во сојузната бразилска држава Санта Катерина. Пристигнал од Фигуеиренсе како играч од средниот ред,[3] додека својот прв вкус на фудбалот во Европа го имал со фудбалскиот клуб Ајакс во 2004 година, каде што поминал една целосна сезона во Амстердам. И покрај тоа што никогаш не настапил на официјален натпревар за првиот тим за Ајакс, тој сметал дека доаѓањето во холандскиот клуб му помогнало да научи тактички аспекти на играта, како и помагање на неговиот развој со што му овозможило да тренира со играчи како што се Рафаел ван дер Варт и Весли Снајдер.[4]

По напуштањето на Ајакс, Луис Филипе е регистриран под Рентистас, уругвајски клуб кој имал партнерство со неговиот агент Хуан Фигер.[5] Во август 2005 година, Филипе Луис бил потпишан од страна на Реал Мадрид на договор за позајмица. Сепак тој ќе го помине поголемиот дел од сезоната 2005-06 во Сегунда дивизион, со Реал Мадрид Б. Овој потег не бил според високите финансиски барања на уругвајскиот клуб.[6]

Депортиво ла Коруња

уреди
 
Филипе Луис во дресот на Депортиво Ла Коруња во Ла Лига против Реал Мадрид, во 2009

Во август 2006 година Филипе Луис се приклучил на Депортиво Ла Коруња, со опција за откупување од 2.2 милиони евра.[7] Тој немал многу можности во неговата прва сезона, но неговата позајмица беше продолжена за уште една година со истата клаузула за откуп; за во сезоната 2007-08, откако првиот избор Јоан Капдевиља заминал во Виљареал, тој се воспоставил како прв избор за лев бек.

На 10 јуни 2008 година, Фелипе Луис бил официјално купен и потпишал 5 годишен договор.[8] Во текот на сезоната 2008-09 во Ла Лига, тој бил единствениот непознат играч во Ла Лига кој се појавил во сите 38 натпревари, постигнувајќи два гола.

На 23 јануари 2010 година, на натпреварот против Атлетик Билбао со победата од 3-1 дома, Филипе Луис доживеал ужасна повреда на ногата. Во тоа време, тој ги одигра сите натпревари и минути за време на 2009-10 сезона во Ла Лига, и Депортиво стигна до четвртото место на табелата.[9] Неверојатно, тој се вратил во акција само четири месеци подоцна, во второто полувреме на натпреварот против Мајорка натпреварот завршил со резултат 1-0 за Депортиво. Клубот од Галисија на крајот завршил на десеттата позиција.

Атлетико Мадрид

уреди
 
Филипе Луис во настап за Атлетико Мадрид во Ла Лига натпреварот против Алмериа, на 14 септември 2013

На 23 јули 2010 година, Филипе Луис потпишал пет годинишен договор со Атлетико Мадрид за необјавена сума,[10][11] клубот се изјаснил дека трансферот достигнал вредност од 12 евра € [12] до 13.5 милиони.[13] Неговото официјално деби било на 26 септември на домашен терен против Реал Сарагоса, каде што конечниот резултат го постави неговиот сонародник Диего Коста со единствениот гол на натпреварот.[14]

Во сезоната 2010-11 година во Ла Лига, Филипе Луис постојано се борел за својот статус за прв избор на левата бековска страна со Антонио Лопес. На 10 април 2011 година, тој го постигнал својот прв гол за Атлетико во победата со 3-0 дома против Реал Сосиедад.[15] На 17 јануари 2013 година, Филипе Луис го постигна својот втор гол во Копа дел Реј на натпреварот со Реал Бетис со резултат 2-0.[16] Тој, исто така ги одиграл сите 90 минути во финалето на Кралскиот Куп против Реал Мадрид, кој заврши со победата од 2-1 на Сантјаго Бернабеу.[17]

Филипе Луис го направил својот прв настап во Лигата на Шампионите во сезоната 2013-14, помагајќи им на Colchoneros да го обезбедат првото место во групата Г, постигнувајќи еден гол против Австрија Виена со резултат 4-0.[18] Во текот на 2013-14 сезоната во Ла Лига, тој бил дел од ѕвездената задна линија која примила само 26 гола во 38 натпревари за Атлетико Мадрид и ја освоил титулата во лигата за првпат по 18 години.[19] Исто така, тој бил вклучен во десетте натпревари во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и финалето во УЕФА Лигата на Шампионите со порзот од 1-4 од градскиот соперник Реал Мадрид во Лисабон.[20]

Челси

уреди

На 16 јули 2014 година, Челси и Атлетико се согласија на сума од £ 15,8 милиони фунти за трансфер на Луис Филипе, во зависност од личните услови.[21][22][23] Играчот на крајот потпиша тригодишен договор на 18 јули 2014 година.[24] По овој потег, тој рече: "Овој потег го обистини сонот за мене. Јас сега имам можност да играм за Челзи, а исто така и во Премиер лигата. Јас сум многу среќен и со нетрпение очекувам да го дадам најдобарото за тимот во текот на наредните сезони."[24]

 
Луис Фелипе во акција за Челси против Марибор во 2014

Филипе Луис го направил своето деби во пред-сезонскиот пријателски натпревар против австрискиот Волфзбургер, на 23 јули 2014 година.[25] Тој го преземал бројот 3 од Ешли Кол, кој неколку дена претходно се пресели во тимот на Рома во Серија А.[26] Во првиот натпревар од сезоната против Барнли, Филипе Луис бил неискористена замена, на Сесар Аспиликуета кој играл на левата бековска позиција.[27] Филипе Луис, изјавил дека тој е задоволен да биде втор избор зад Аспиликуета ако Челзи игра добро, споредувајќи ја неговата ситуација со искусниот голман на тимот Петр Чех, кој беше на клупа поради Тибо Куртоа.[28]

Филипе Луис го направилл своето деби во третиот натпревар во лигата за Челзи, играјќи во последните седум минути во победата од 3-6 против Евертон на местото на Еден Азар на 30 август.[29] Тој за првпат започна натпревар од прва минута на 17 септември, играјќи на левета бековска страна против Шалке 04 во првиот натпревар од сезоната 2014-15 во групната фаза од Лигата на Шампионите.[30] .Со добивањето на суспензија на Цезар Аспиликуета, Филипе Луис го започна натпреварот во Премиер лигата за првпат на 26 октомври, против Манчестер Јунајтед со резултат 1-1.[31]

Единствениот гол на Филипе Луис "за Челзи дошол на 16 декември 2014 година, од слободен удар од 25 метри во Лига Купот во четврт-финалето против Дерби Каунти со победа од 3-1.[32]. Менаџерот на Челси Жозе Мурињо потврди на 21 јули дека Фелипе Луис го напушта Стемфорд Бриџ по само една година.[33]

Враќање во Атлетико Мадрид

уреди

На 28 јули 2015 година,Филипе Луис повторно се приклучил на Атлетико Мадрид на договор од четири години со необјавена сума.[34] Тој го направил своето враќање во тимот на 22 август, на натпреварот против Лас Палмас со победата 1-0.[35] Во победата од 3-0 на 17 јануари, тој го постигнал својот прв гол по враќањето.[36] Тринаесет дена после тоа, тој бил исклучен во првата половина на натпреварот против Барселона во поразот од 2-1 и големиот предизвик да се игра против Лионел Меси, но на истиот натпревар подоцна и колегата Диего Годин, исто така, бил исклучен; дуото ги избегналo критики од страна на менаџерот Диего Симеоне.[37]

Приватен живот

уреди

Сите четворица баби и дедовци на Филипе Луис се европски имигранти кои пристигнале во Санта Катарина; дедо му од страната на татко му ја напуштил Полска за време на Втората светска војна.[4] Тој исто така има италијански корени.[38]

Во 2014 година, Фелипе Куис го доби своети второ дете, ќерката Сара.[39] Тој исто така има син, Тиаго.[40]

Наводи

уреди
  1. „Barclays Premier League: notification of shirt numbers“ (PDF). Premier League. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 August 2014. Посетено на 3 January 2015.
  2. „Filipe Luis“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2015-07-10. Посетено на 21 January 2014.
  3. „Teenage Kicks: Filipe Luis“. Chelsea F.C. 9 March 2015. Посетено на 9 March 2015.
  4. 4,0 4,1 „The weekend interview: Filipe Luis“. Chelsea F.C. 27 September 2014. Посетено на 27 September 2014.
  5. http://www.thetimes.co.uk/tto/sport/football/article4442994.ece
  6. http://www.elconfidencial.com/deportes/futbol/liga/2012-12-15/filipe-luis-el-lsquo-madridista-rsquo-que-quiso-fichar-por-el-barca-pero-que-triunfa-en-el-atletico_659764/
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-01-15. Посетено на 2017-05-09.
  8. „Deportivo buys out fullback Filipe Luís“ (шпански). La Voz de Galicia. 11 June 2008. Посетено на 11 June 2008.
  9. „Filipe Luis shatters ankle after scoring“ (шпански). Marca. 24 January 2010. Посетено на 24 January 2010.
  10. „Brazilian Filipe Luis becomes new Atlético de Madrid player“ (шпански). Atlético Madrid. 26 July 2010. Посетено на 27 July 2010.
  11. „Deportivo and Atlético Madrid seal the transfer of Filipe“ (шпански). Deportivo's official website. 23 July 2010. Посетено на 23 July 2010.
  12. „Holders Atlético strengthen with Filipe Luís“. UEFA.com. 26 July 2010. Посетено на 27 July 2010.
  13. „Filipe finalises move“. Sky Sports. 24 July 2010. Посетено на 28 July 2010.
  14. „Atletico edge past rock-bottom Zaragoza“. ESPN Soccernet. 26 September 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-24. Посетено на 4 April 2011.
  15. „Luis, Suarez and Aguero on target for Atletico“. ESPN Soccernet. 10 April 2011. Архивирано од изворникот на 2012-10-24. Посетено на 18 April 2011.
  16. „Insatiable Atlético“ (шпански). Marca. 17 January 2013. Посетено на 7 June 2014.
  17. „Atlético beat Real Madrid to win Copa del Rey after Ronaldo sent off“. The Guardian. 17 May 2013. Посетено на 6 June 2014.
  18. „Remorseless Atlético through at a canter“. UEFA.com. 6 November 2013. Посетено на 6 June 2014.
  19. „Chelsea target Filipe Luis moves closer to Atletico Madrid exit after Spaniards sign £8m Granada defender Guilherme Siqueira“. Daily Mail. 6 June 2014. Посетено на 6 June 2014.
  20. „Real Madrid 4–1 Atlético Madrid“. BBC Sport. 24 May 2014. Посетено на 6 June 2014.
  21. „Filipe Luis: Chelsea sign Atletico Madrid defender for £15.8m“. BBC Sport. 18 July 2014. Посетено на 18 July 2014.
  22. „Luis agreement reached“. Chelsea.com. 16 July 2014. Посетено на 16 July 2014.
  23. „Agreement reached with Chelsea for the transfer of Filipe Luis“. Atlético Madrid. 16 July 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 16 July 2014.
  24. 24,0 24,1 „Filipe Luis deal completed“. Chelsea.com. 18 July 2014. Посетено на 18 July 2014.
  25. „Match report: WAC RZ Pellets 1 Chelsea 1“. Chelsea F.C. 23 July 2014. Посетено на 1 August 2014.
  26. „Squad number changes“. Chelsea F.C. 15 August 2014. Посетено на 15 August 2014.
  27. „Burnley 1-3 Chelsea“. BBC Sport. 18 August 2014. Посетено на 18 August 2014.
  28. Johnson, Simon (25 September 2014). „Jose Mourinho has taught me to put the collective first - Chelsea's Filipe Luis happy to play waiting game“. Evening Standard. Посетено на 19 October 2014.
  29. „Everton 3-6 Chelsea“. BBC Sport. 30 August 2014. Посетено на 30 August 2014.
  30. „Chelsea 1-1 Schalke“. BBC Sport. 17 September 2014. Посетено на 17 September 2014.
  31. McNulty, Phil (26 October 2014). „Man Utd 1-1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 26 October 2014.
  32. Faulks, Will. „Filipe Luis Scores Stunning Goal For Chelsea Against Derby – Can He Force His Way Into The Side?“. CaughtOffside. CaughtOffside. Посетено на 16 December 2014.[мртва врска]
  33. „Filipe Luis: Jose Mourinho says Chelsea left-back set to leave“. BBC Sport. 21 July 2015. Посетено на 21 July 2015.
  34. „Filipe Luis: Atletico Madrid re-sign Chelsea defender“. BBC Sport. 28 July 2015. Посетено на 28 July 2015.
  35. „Atl Madrid 1–0 Las Palmas“. 22 August 2015. Посетено на 23 August 2015.
  36. „Las Palmas 0-3 Atletico Madrid: Simeone's men stay at summit“. Goal.com. 17 January 2016. Посетено на 23 April 2016.
  37. „Diego Simeone spares dismissed duo criticism after Barcelona loss“. BBC Sport. 30 January 2016. Посетено на 30 January 2016.
  38. „Profiles - Filipe“. DLC - an official fanclub. Посетено на 5 March 2015.
  39. „Filipe Luís celebrates the birth of his second child Sara“. Lance! (португалски). 22 September 2014. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 24 September 2014.
  40. „After draw in the Champions League, full-back Filipe Luís cares for his son Thiago“. O Globo (португалски). 23 April 2014. Посетено на 24 September 2014.

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Состав на Бразил на Копа Америка Сентенарио