Оливер Вилијам Скип (роден на 16 септември 2000, во Велвин Гарден Сити) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем.

Оливер Скип
Лични податоци
Роден на 16 септември 2000(2000-09-16)(24 г.)
Роден во Велвин Гарден Сити, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 4
Младинска кариера
Тотенхем Тотенхем
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018– Тотенхем Тотенхем 56 (1)
2020-2021Норич Сити Норич Сити 45 (1)
Репрезентација
2015-2016 Англија Англија 16 13 (0)
2016 Англија Англија 17 1 (0)
2017-2018 Англија Англија 18 3 (0)
2019- Англија Англија 21 20 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Технички карактеристики

уреди

Тој е дефанзивен играч од средниот ред, обдарен со добра динамика и е тактички флексибилен, со оглед на тоа што може да го повлече својот опсег на дејствија со повремено играње дури и во одбранбената линија.

Клупска кариера

уреди

Скип ја започнал својата кариера во Бенгео Тајгерс, пред да се приклучи на академијата на Тотенхем во 2008 година.[1] На 29 август 2018 година, Скип го потпишал својот прв професионален договор со клубот во кој израснал, обврзувајќи се на тригодишна верност кон Тотенхем.[2] Своето професионално деби за Спарс го направил во победата со 3–1 над Вест Хем Јунајтед во натпревар од Лига купот на 31 октомври 2018.[3] Подоцна истата година, на 5 декември, тој, исто така, го направил своето деби во Премиер лигата влегувајќи во игра на местото на Киеран Трипиер во последните минути од победата над Саутхемптон со 3-1 на домашен терен.[4] Во јануари 2019 година, Скип асистирал за два гола во победата на Тотенхем со 7–0 над Транмир Роверс во ФА Купот.[5] На 6 ноември 2019, тој дебитирал во Лигата на шампионите, влегувајќи во 86-тата минута на местото на Џовани Ло Селсо, во победата со 4-0 на гостувањето против Црвена Ѕвезда.

На 17 јули 2020 година, Скип потпишал нов тригодишен договор со Тотенхем со опција и за четврта година.[6] Сепак пред почетокот на сезоната 2020–2021, тој му се приклучил на Норич Сити на позајмица до крајот на сезоната, со цел да добие повеќе простор за игра.[7] Скип го постигнал првиот гол во својата професионална кариера во победата со 3–1 над Бирмингем Сити на 23 февруари 2021 година.[8] Со 45 настапи и еден постигнат гол Скип одиграл значајна улога во триумфалната сезона на Норич во која клубот ја освоил титулата во Чемпионшип и се вратил експресно во Премиер лигата после само една сезона отсуство. Покрај тоа што му помогнал на Норич да избори промоција, младиот играч од средниот ред бил вклучен и во ПФА тимот на годината за 2021 година.[9]

Скип се етаблирал како редовен стартер за Тотенхем во првата половина на сезоната 2021-2022, забележувајќи 18 настапи пред да се здобие со повреда на карлицата во јануари, поради која го пропуштил остатокот од сезоната.[10] На 20 април 2022 година, Скип потпишал нов петгодишен договор со Тотенхем кој истекува во 2027 година.[11] Откако закрепнал од повредата, Скип се вратил во акција за време на претсезонските пријателски натпревари на Тотенхем во јули 2022 година.[10] На 26 февруари 2023 година, во лондонското дерби против Челси, тој го постигнал првиот гол на натпреварот само 19 секунди по рестартирањето на второто полувреме забележувајќи го својот прв сениорски гол за Спарс.[12]

Репрезентативна кариера

уреди

Скип ја претставувал Англија во репрезентациите под 16, под 17 и под 18 години.[13]

На 30 август 2019 година, тој за првпат бил вклучен во англиската репрезентација под 21 година.[14] Тој на крајот го направи своето деби во селекцијата под 21 година на 11 октомври 2019, влегувајќи како замена за време на ремито 2-2 против Словенија во Марибор.[15]

На 14 јуни 2023 година, Скип бил вклучен во репрезентацијата на Англија под 21 година за Евопското првенство за играчи под 21 година 2023.[16]

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 1 јули 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-2019   Тотенхем ПЛ 8 0 ФАКуп+ЛК 2+2 0 ЛШ - - - - - 12 0
2019-2020 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 ЛШ 2 0 - - - 11 0
2020-2021   Норич Сити ФЛЧ 45 1 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 47 1
2021-2022   Тотенхем ПЛ 18 0 ФАКуп+ЛК 1+5 0 ЛЕК 4 0 - - - 28 0
2022-2023 ПЛ 23 1 ФАКуп+ЛК 3+1 0 ЛШ 4 0 - - - 31 1
Вкупно Тотенхем 56 1 16 0 10 0 - - 82 1
Вкупно во кариерата 101 2 18 0 10 0 - - 129 2

Наводи

уреди
  1. „Tigers past and present“. Bengeo Tigeres. 24 March 2019. Посетено на 22 September 2019.
  2. Durkan, Joanna (29 August 2018). „Tottenham Announce Contract Extensions for Trio of Up and Coming Young Stars“. 90Min. Посетено на 2 November 2018.
  3. Steve Sutcliffe (31 October 2018). „West Ham United 1–3 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 1 November 2018.
  4. Gold, Alasdair (5 December 2018). „Spurs player ratings: Kane, Lucas & Son strike & Skipp makes league debut as Tottenham go third“. football.london. Посетено на 1 November 2020.
  5. „Tranmere Rovers 0–7 Tottenham: Fernando Llorente scores hat-trick in thrashing“. BBC Sport. 2019-01-04. Посетено на 27 February 2019.
  6. „Oliver Skipp signs new Tottenham deal“. Sky Sports. 17 July 2020.
  7. „Skipp loaned to Norwich“. Tottenham Hotspur F.C. 17 August 2020. Посетено на 17 August 2020.
  8. „Birmingham 1-3 Norwich“. BBC Sport. 23 February 2021. Посетено на 24 February 2021.
  9. „Skipp in PFA Championship Team of the Year“. Tottenham Hotspur F.C. 3 June 2021. Посетено на 12 June 2021.
  10. 10,0 10,1 Gorrie, Jonathan (2022-07-14). „Midfielder glad for Tottenham return after Conte's public frustration“. Evening Standard (англиски). Посетено на 2022-09-01.
  11. „New contract for Skipp“. Tottenham Hotspur (англиски). Посетено на 2022-04-20.
  12. „Tottenham Hotspur v Chelsea Live Commentary & Result, 26/02/2023, Premier League | Goal.com“. www.goal.com. Посетено на 2023-02-26.
  13. „Oliver Skipp Player Profile“. Tottenham Hotspur F.C. Посетено на 1 November 2018.
  14. „ENGLAND U21S KICK-OFF A NEW CAMPAIGN AND AIDY BOOTHROYD HAS PICKED HIS SQUAD“. The FA. 30 August 2019. Посетено на 30 August 2019.
  15. „GOALS FROM EDDIE NKETIAH AND SAM SURRIDGE CANCELLED OUT AS YOUNG LIONS TIE IN MARIBOR“. The FA. 11 October 2019. Посетено на 12 October 2019.
  16. „England MU21s squad named for EURO Finals“. EnglandFootball.com. 14 June 2023. Посетено на 26 June 2023.

Надворешни врски

уреди