ФК Тотенхем Хотспар

(Пренасочено од Тотенхем ФК)

Фудбалски клуб Тотенхем Хотспар, познат и како Спарс, е англиски фудбалски клуб со седиште во Тотенхем, Лондон, кој игра во Премиер лигата. Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Тотенхем Хотспар, кој бил изграден на местото на стариот стадион Вајт Харт Лејн кој бил срушен во 2017 година.

Тотенхем Хотспар
Целосно имеФудбалски клуб Тотенхем Хотспар
ПрекарСпарс и Петли
Основан1882 како Хотспар ФК
СтадионСтадион Вембли
Капацитет90.000
СопственикЕник Груп
ПретседателАнглија Даниел Леви
МенаџерАвстралија Анге Постекоглу
ЛигаПремиер лига
2018–19Премиер Лига, 4. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Основан во 1882 година, Тотенхем го освоил ФА Купот за првпат во 1901 година, што го прави единствениот Нон-Лигашки клуб од самото формирање на фудбалската лига, кој успеал да го стори тоа. Тотенхем бил првиот клуб во 20-от век кој успеал да постигне Дабл Кап (Double Cup) откако во сезоната 1960-1961 тимот ги освоил ФА и Лига купот. По успешната одбрана на ФА Купот во 1962 година, во 1963 година станал првиот британски клуб кој успеал да освои европски трофеј во клупска конкуренција организирана од УЕФА - освојувајќи го Купот на победниците на куповите.[1] Во 1967 година го освоиле ФА Купот по третпат во 60-тите. Во 1970-тите Тотенхем го освои Лига купот во два наврати и бил прв победник на Купот на УЕФА во 1972 година, со што станал првиот британски клуб кој успеал да освои два различни големи европски трофеи. Во 1980-тите Спарс освоиле неколку трофеи: ФА Купот двапати, ФА Комјунити Шилд и Купот на УЕФА. Во 1990-тите клубот го освоил ФА и Лига Купот. Кога тимот го освоил својот последен трофеј, Лига купот во 2008 година, тоа значело дека тие освоиле некој трофеј во секоја една од последните шест децении - достигнување изедначено само со Манчестер Јунајтед.

Латинското мото на клубот е Audere EST Facere (превод: "Да се осмели е да се направи"), а нивниот амблем е петелот кој стои врз фудбалска топка. Клубот има долгогодишно соперништво со блиските соседи Арсенал. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Северно Лондонско дерби.

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Иго Лорис  
2   ОД Мат Дохерти
3   ОД Серхио Регилон
4   ОД Кристијан Ромеро
5   СР Пјер-Емил Хојбјерг
6   ОД Давинсон Санчес
7   НП Сон Хеунг-мин
8   СР Хари Винкс
10   НП Хари Кејн
12   ОД Емерсон Ројал
14   ОД Џо Родон
15   СР Ерик Дајер
Бр. Позиција Играч
19   СР Рајан Сесењон
21   СР Дејан Кулушевски
22   ГМ Пјерлујџи Голини
23   СР Стивен Бергвајн
25   ОД Џафет Танганга
27   СР Лукас Моура
29   СР Оливер Скип
30   СР Родриго Бентанкур
33   ОД Бен Дејвис
40   ГМ Брендон Остин
41   ГМ Алфи Вајтман

Менаџери уреди

Менаџери и вршители на должноста уреди

  • (ВД) – Вршител на должноста
  • (ТПТ) – Тренери на првиот тим
 
Анге Постекоглу, моментален менаџер на клубот.

Раководство на Тимот уреди

Улога Име
Тренер   Антонио Конте
Помошен Тренер   Хесус Перес
Тренер на Првиот Тим   Мигел Д'Агостино
Фитнес Тренер на Првиот Тим   Нејтан Гардинер
Тренер на Голмани   Тони Хименес
Тренер на Напаѓачи   Лес Фердинанд
Главен Физиотерапефт   Џов Скот
Главен Скаут   Даниел Суса

Титули уреди

Домашни уреди

Европски уреди

Наводи уреди

  1. „Tottenham legend Nicholson dies“. BBC Sport. 23 October 2004. Посетено на 17 August 2010.

Надворешни врски уреди