Топографија на Хрватска

Топографија на Хрватска е дефинирана преку три главни геоморфолошки делови на земјата. Тие се Панонската Низина, Динаридите и јадранското крајбрежје. Најголемиот дел од Хрватска се состои од низини, со надморска височина помала од 200 метри во 53,42% од целата земја. Најголемиот дел од низините се наоѓаат во северните региони на земјата, особено во Славонија, која е дел од Панонската Низина. Рамнините се прошарани од хорстови и грабени, за кои се верува дека во минатото биле острови во тогашното Панонско Море. Најголемата концентрација на терен со релативно високи надморски височини се наоѓа во Лика и Горски Котар во Динаридите, но такви области се наоѓаат во сите делови на Хрватска до одреден степен. Динаридите ја имаат највисоката планина во Хрватска — Динара, висока 1831 метри, како и други планини со височина поголема од 1500 метри. Хрватското јадранско крајбрежје е долго 1777,3 километри, додека неговите 1246 острови и островчиња опфаќаат уште 4058 километри од крајбрежјето. Затоа хрватското крајбрежје е најназабеното (најзасеченото) крајбрежје во целото Средоземје. Карстовата топографија сочинува околу половина од територијата на Хрватска и е особено истакната во Динаридите, како и низ крајбрежните области и островите.

Топографска карта на Хрватска

Геоморфолошки единици

уреди

Најголемиот дел од територијата на Хрватска се состои од низини, со надморска височина помала од 200 метри во 53,42% од целата територија на земјата. Низините се наоѓаат во северните региони на земјата, особено во областа Славонија, која е дел од Панонската Низина. Територија со надморска височина од 200 до 500 метри чини 25,61% од територијата на Хрватска, а областите помеѓу 500 и 1000 метри надморска височина чинат 17,11% од земјата. Дополнителни 3,71% од земјата се наоѓаат на надморска височина од 1000 до 1500 метри, а само 0,15% од територијата на Хрватска има надморска височина над 1500 метри.[1] Најголема концентрација на терен со релативно високи надморски височини се наоѓа во областите Лика и Горски Котар во Динаридите, но таквите области се наоѓаат во скоро сите региони на Хрватска до одреден степен.[2] Панонската Низина и Динаридите, заедно со јадранското крајбрежје, претставуваат главните геоморфолошки делови на Хрватска.[3]

Јадранско крајбрежје

уреди
 
Националниот парк Корнати

Хрватското крајбрежје на Јадранското Море е долго 1777,3 километри, додека неговите 1246 острови и островчиња сочинуваат уште 4058 километри од крајбрежјето. Растојанието помеѓу екстремните точки на крајбрежјето на Хрватска изнесува 526 километри.[4] Бројот на острови ги опфаќа сите острови, островчиња и карпи од сите големини, вклучувајќи ги и оние кои се појавуваат само при осека.[5] Островите ги вклучуваат најголемите во Јадранското Море—Црес и Крк, секој од нив зазема 405,78 квадратни километри, и највисокиот—Брач, чиј врв достигнува 780 метри надморска височина. Островите вклучуваат 48 трајно населени, а најнаселени меѓу нив се Крк и Корчула.[1]

Хрватското крајбрежје е најназабеното (најзасеченото) во Средоземјето.[6] Поголемиот дел од брегот се одликува со карстна топографија, развиена од Јадранската карбонатна платформа. Кастрификацијата во голема мера започнала после конечното подигнување на Динаридите во Олигоценот и Миоценот, кога карбонатните депозити биле изложени на атмосферски ефекти, проширувајќи се на ниво од 120 метри под сегашното морско ниво, изложено за време на Последниот леднички максимум. Се проценува дека некои карстни формации се поврзани со претходни потопувања, особено во периодот на Месинската криза на салинитет.[7] Најголемиот дел од источниот брег се состои од карбонатни карпи, додека флишот е значително застапен на Кварнерскиот Залив од спротивната страна на Крк.[8] Постојат релативно мали алувијални области на јадранскиот брег во Хрватска, особено делтата на реката Неретва.[9] Западна Истра постепено тоне, така што има потонато 1,5 метри во последните две илјади години.[10] Во средниот јадрански басен постојат докази за вулканизам од периодот на Перм, забележано во областа Комижа на островот Вис и вулканските острови Јабука и Брусник.[11]

Динариди

уреди
 
Поглед на Динара од Книн

Формирањето на Динаридите е поврзано со доцната Јура со релативно понова серија на планински подножја во непосредна близина на ороген појас, кој се јавува како резултат на контракциона тектоника, а самиот е дел од алпската орогенеза, која се протега југоисточно од јужните Алпи.[12] Динаридите во Хрватска го опфаќаат целиот регион на Горски Котар и Лика, како и значителни делови од Далмација. Тие се протегаат од нивниот североисточен крај, кај планината Жумберак (1181 метри надморска висина) до регионот Бановина, по течението на реката Сава,[13] па сѐ до нивните најзападни формации Чичарија (1272 метри надморска висина) и Учка (1396 метри надморска висина). На Динаридите се наоѓа највисоката планина во Хрватска—планината Динара, која е висока 1831 метри. Други планини во Хрватска повисоки од 1500 метри се: Биоково, Велебит, Личка Пљешивица, Велика Капела, Рисњак, Свилаја и Сњежник.[1]

Околу половина од територијата на Хрватска е сочинета од карстна топографија, а таа е особено застапена во Динаридите.[14] Во Хрватска има голем број на пештери, од кои 49 се подлабоки од 250 метри, 14 се подлабоки од 500 метри, а три се подлабоки од 1000 метри.[15] Најдолгата пештера во Хрватска, Кита Гаќешина, е истовремено и најдолга пештера во Динаридите, со должина од 37.389 метри.[16]

Највисоки планински врвови во Хрватска[1]
Планина Врв Надморска височина Координати
Динара Динара 1831 метри 44°3′N 16°23′E / 44.050° СГШ; 16.383° ИГД / 44.050; 16.383
Биоково Свети Јуре 1762 метри 43°20′N 17°03′E / 43.333° СГШ; 17.050° ИГД / 43.333; 17.050
Велебит Вагански врх 1757 метри 44°32′N 15°14′E / 44.533° СГШ; 15.233° ИГД / 44.533; 15.233
Пљешивица Озеблин 1657 метри 44°47′N 15°45′E / 44.783° СГШ; 15.750° ИГД / 44.783; 15.750
Велика Капела Бјелоласица – Кула 1533 метри 45°16′N 14°58′E / 45.267° СГШ; 14.967° ИГД / 45.267; 14.967
Рисњак Рисњак 1528 метри 45°25′N 14°45′E / 45.417° СГШ; 14.750° ИГД / 45.417; 14.750
Свилаја Свилаја 1508 метри 43°49′N 16°27′E / 43.817° СГШ; 16.450° ИГД / 43.817; 16.450
Сњежник Сњежник 1506 метри 45°26′N 14°35′E / 45.433° СГШ; 14.583° ИГД / 45.433; 14.583

Панонска Низина

уреди
 
Низина во Славонија

Панонската Низина е формирана во текот на Миоценот со истенчување и слегнување на кората формирана во текот на доцната палеозојска Херцинска (варисцинска) орогенеза. Палеозојските и мезозојските структури се видливи на планината Папук и другите планини во Славонија. Процесите, исто така, довеле до формирање на стратовулкански синџир во басенот пред 17-12 милиони години и интензивирано слегнување забележано до пред 5 милиони години, како и базалтни карпи пред околу 7,5 милиони години. Современото подигнување на Карпатските Планини го отсекло протокот на вода до Црното Море и така се формирал басенот на Панонското Море. Седименти биле транспортирани во басенот од издигнатите Карпатски и Динарски планини, со особено длабоки флувијални седименти, кои биле депонирани во Плеистоценот, за време на издигнувањето на Трансдунавските планини.[17] На крај, бил депониран 3000 метри висок седимент во басенот, а морето било издренирано преку Ѓердапската Клисура.[18]

Резултатот на овие процеси се широките рамнини во источна Славонија, Барања и Срем, како и речните долини, посебно долж реките Сава, Драва и Купа. Рамнините се прошарани од хорстови и грабени, за кои се верува дека во минатото биле острови во тогашното Панонско Море.[19] Највисоките меѓу нив се брдата: Иваншќица (1059 метри) и Медведница, северно од Загреб, висока 1035 метри и Псуњ во Хрватско Загорје, висок 984 метри, а највисокиот меѓу славонските планини е Папук, кој го обиколува градот Пожега и е со висина од 953 метри.[1] Псуњ, Папук и Крндија се состојат главно од палеозојски карпи кои се стари околу 350 - 300 милиони години. Пожешка гора, која е во непосредна близина на Псуњ, се состои повеќе од понови неогенски карпи, но исто така постојат и седименти од периодот на Горна Креда и магматски карпи кои го формираат главниот 30-километарски срт на ридот и претставува најголема магматска формација во Хрватска. Помала магматска формација е, исто така, присутна на Папук, во близина на Воќин.[20] Двете формации, заедно со Мославачка Гора се можни остатоци на вулкански лак, кој се поврзува со издигнувањето на Динаридите.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Geographical and Meteorological Data“ (PDF). 2011 Statistical Yearbook of the Republic of Croatia. Croatian Bureau of Statistics. 43: 41. December 2011. ISSN 1333-3305. Посетено на 28 January 2012.
  2. „Land use - State and impacts (Croatia)“. European Environment Agency. Посетено на 2 March 2012.
  3. „Drugo, trece i cetvrto nacionalno izvješće Republike Hrvatske prema Okvirnoj konvenciji Ujedinjenih naroda o promjeni klime (UNFCCC)“ [The second, third and fourth national report of the Republic of Croatia pursuant to the United Nations Framework Climate Change Convention (UNFCCC)] (PDF) (хрватски). Ministry of Construction and Spatial Planning (Croatia). November 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-11-30. Посетено на 2 March 2012.
  4. Gerald Henry Blake; Duško Topalović; Clive H. Schofield (1996). The maritime boundaries of the Adriatic Sea. IBRU. стр. 1–5. ISBN 978-1-897643-22-8. Посетено на 26 January 2012.
  5. Josip Faričić; Vera Graovac; Anica Čuka (June 2010). „Croatian small islands – residential and/or leisure area“. Geoadria. University of Zadar. 15 (1): 145–185. Посетено на 28 January 2012.
  6. Biliana Cicin-Sain, Igor Pavlin, Stefano Belfiore (2002). Sustainable coastal management: a transatlantic and Euro-Mediterranean perspective. Springer. стр. 155–156. ISBN 978-1-4020-0888-7. Посетено на 5 February 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. Maša Surić (June 2005). „Submerged Karst – Dead or Alive? Examples from the Eastern Adriatic Coast (Croatia)“. Geoadria. University of Zadar. 10 (1): 5–19. ISSN 1331-2294. Посетено на 28 January 2012.
  8. Siegfried Siegesmund (2008). Tectonic aspects of the Alpine-Dinaride-Carpathian system. Geological Society. стр. 146–149. ISBN 978-1-86239-252-6. Посетено на 3 February 2012.
  9. Jasmina Mužinić. „The Neretva Delta: Green Pearl of Coastal Croatia“. PMC 2121601. Наводот journal бара |journal= (help)
  10. F. Antonioli; и др. (2007). „Sea-level change during the Holocene in Sardinia and in the northeastern Adriatic (central Mediterranean Sea) from archaeological and geomorphological data“ (PDF) (26). Elsevier: 2463–2486. ISSN 0277-3791. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-03-02. Посетено на 4 February 2012. Наводот journal бара |journal= (help)
  11. Branimir Vukosav (30 April 2011). „Ostaci prastarog vulkana u Jadranu“ [Remains of an ancient volcano in the Adriatic Sea]. Zadarski list (хрватски). Посетено на 24 February 2012.
  12. 12,0 12,1 Vlasta Tari-Kovačić (2002). „Evolution of the northern and western Dinarides: a tectonostratigraphic approach“ (PDF). EGU Stephan Mueller Special Publication Series. Copernicus Publications (1): 223–236. ISSN 1868-4556. Посетено на 3 March 2012.
  13. William B. White; David C. Culver, уред. (2012). Encyclopedia of Caves. Academic Press. стр. 195. ISBN 978-0-12-383833-9. Посетено на 3 March 2012.
  14. Mate Matas (18 December 2006). „Raširenost krša u Hrvatskoj“ [Presence of Karst in Croatia]. geografija.hr (хрватски). Croatian Geographic Society. Архивирано од изворникот на 2012-08-08. Посетено на 18 October 2011.
  15. „The best national parks of Europe“. BBC. 28 June 2011. Архивирано од изворникот 2012-08-04. Посетено на 11 October 2011.
  16. „Postojna više nije najdulja jama u Dinaridima: Rekord drži hrvatska Kita Gaćešina“ [Postojna is no longer the longest cave in the Dinarides: The record is held by Croatia's Kita Gaćešina] (хрватски). index.hr. 5 November 2011. Посетено на 3 March 2012.
  17. Milos Stankoviansky, Adam Kotarba (2012). Recent Landform Evolution: The Carpatho-Balkan-Dinaric Region. Springer. стр. 14–18. ISBN 978-94-007-2447-1. Посетено на 2 March 2012.
  18. Dirk Hilbers (2008). The Nature Guide to the Hortobagy and Tisza River Floodplain, Hungary. Crossbill Guides Foundation. стр. 16. ISBN 978-90-5011-276-5. Посетено на 2 March 2012.
  19. Tomislav Malvić; Josipa Velić (2011). „Neogene Tectonics in Croatian Part of the Pannonian Basin and Reflectance in Hydrocarbon Accumulations“. Во Uri Schattner (уред.). New Frontiers in Tectonic Research : At the Midst of Plate Convergence (PDF). InTech. стр. 215–238. ISBN 978-953-307-594-5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-06. Посетено на 2 March 2012.
  20. Jakob Pamić; Goran Radonić; Goran Pavić. „Geološki vodič kroz park prirode Papuk“ [Geological guide to the Papuk Nature Park] (PDF) (хрватски). Papuk Geopark. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-11-30. Посетено на 2 March 2012.