Вис (старогрчки: Ἴσσα; латински: Issa, италијански: Lissa) е мал хрватски остров во Јадранското Море. Тој е најодалечен населен остров од хрватското крајбрежје, и е одвоен од копното 45 километри.

Вис
Сателитска слика на Вис и Бишево
Географија
МестоЈадранско Море
Координати43°02′N 16°09′E / 43.033° СГШ; 16.150° ИГД / 43.033; 16.150
Површина89,72 км2
Највисоко место587 м
Највисока точкаХум
Држава
Хрватска
ЖупанијаСплитско-далматинска
Најголема населбаВис (pop. 1,920)
Демографија
Население3,460 (2011)
Местоположба на островот Вис во Јадранско Море
Градот Вис

Површината на островот изнесува 89,72 км2. До островот има редовна бродска линија од Сплит два до четири пати дневно, а во летниот период има линија и до Анкона во Италија.

Вкупната должина на брегот на Вис изнесува 84,9 км.

Околу островот има повеќе мали острови, островчиња и гребени (Бишево, Будиковац, Брусник, Јабука, Равник, Светац и др.).

Највисока точка на островот е Хум која се наоѓа на 587 m надморска височина. Двете најголеми населени места на островот се градот Вис, на источната страна (според кој островот го добил името), и Комижа, на западниот брег.

Клима

уреди

Островот има средоземна клима, но бидејќи е далеку од копното и е осамен на морската широчина, тој е изложен многу повеќе на јаки ветрови отколку другите острови во Јадранското Море.

Население

уреди
 
Комижа, Вис

Бројот на населението, според последниот попис од 2001 година, изнесувал 3637 жители. Најголем број на жителите (околу 94%) се изјасниле дека се Хрвати. За време на австроунгарската власт, во 1900 година, на островот живееле 10.000 жители.

Поголеми населби се Вис, кој има 1776 жители, и Комижа, која има 1532 жители. Другите населби се наоѓаат повеќе во внатрешноста, долж стариот пат Вис- Комижа: Подсеље, Подшпиље, Подстражје, Подхумље и Жена Глава.

На југоистчниот дел од островот се следните населби: Милна, Бргујац и Рукавац.

Сообраќај

уреди

Вис е поврзан со копното, во летен период, со мал хидроавион од типот DHC-6 Twin Otter, кој поаѓа од Сплит, а авиопревозникот е European Coastal Airlines. Со Сплит постои и редовна морска линија со траект и катмаран. Вис има асфалтирана патна мрежа, а единствено местото Оклучна, во северозападниот дел на островот, не е поврзано со асфалтен пат со другите места на островот.

Историја

уреди

Островот Вис бил населен од најстаро време.

Во антиката го населувале Старите Грци и Римјани и од тој период потекнува и името на островот.

Во раниот среден век, Вис бил во склоп на старохрватската држава. После тоа бил под власт на Млетачката република, за време на чие владеење бил нападнат од Каталонците, кои биле во служба на неаполскиот крал, и кои островот потполно го разрушиле и ограбиле. За одбрана биле изградени утврдувања во местата Кут и Лука, од кои подоцна никнал современиот град Вис.[1] Во времето на Наполеон, Вис бил под француска управа, дури едно време на власт биле и Англичаните, а тогаш за првпат во Хрватска се играло крикет. По падот на Наполеон и на Млетачката република, на Вис дошле Австроунгарците. Вис тогаш станал дел од царската покраина Далмација, а кога Австроунгарија се поделила, Вис им припаднал на Австријците. Во 1866 година, во близина на Вис се одвивала т.н. Вишка битка, помеѓу кралството Италија и Хабсбуршката монархија, во која Австроунгарците победиле и со тоа било сопрено ширењето на Италија на Вис и цела Далмација.

Вис во 20 век

уреди

По распаѓањето на Австроунгарија, Вис бил окупиран од Италијанците (1918 - 1921 година), а потоа влегол во состав на Кралството СХС. Според Лондонскиот договор (1915 година) островот им бил ветен на Италијанците. Италијанската војска се повлекла од островот, бидејќи според неофицијални извори Анте Трумбиќ, застапникот на Вис, успеал во преговорите Вис да го размени за островот Ластово. За време на Кралството СХС (потоа Југославија) се правеле обиди од страна на власта во Белград, со разни начини на убедување, да се покрсти населението во православие, што на крај завршило со неуспех.[2]

Во Втората светска војна, Италијанците го окупирале Вис во 1941 година и почнале да спроведуваат политика на италијанизација на населението. После капитулацијата на Италија, во 1943 година, власта ја презеле партизаните, а Јосип Броз Тито се засолнил на островот, по десантот на Дрвар, во јуни 1944 година. Сѐ до ослободување на Белград, Вис бил седиште на партизанската власт и сојузничките воени сили.

На 24 јуни 1944 година, била одржажна седница на НКОЈ, Врховниот штаб и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, а како единствена точка е разгледувано македонското национално прашање.[3] Во социјалистичка Југославија, островот бил затворен за странци поради својата стратешка положба сѐ до 1989 година. На островот тогаш постоеле околу 30 разни војни објекти. Островот бил напуштен од ЈНА на 30 мај 1992 година, шест месеци по меѓународното признавање на Хрватска.

Стопанство

уреди

Во 19 век и првата половина на XX век бил развиен риболовот и индустријата за конзервирање риби (пред Втората светска војна на Комижа имало седум такви фабрики). Во внатрешноста било развиено лозарството, а во 1910 година една третина од обработливата земја била под лозови насади. Виното од Вис било извезувано главно во Хабсбуршката монархија.

Занимливости

уреди

Од природните убавини се издвојуваат Зелената пештера на Равник и Краличина пештера на Вис и Модрата пештера која се наоѓа на соседниот остров Бишево, а од историските знаменитости, интересна е Титовата пештера, и реновираниот споменик на загинатите морнари во Битката кај Вис.

По распадот на Австроунгарија во 1918 година, Вис требале да го земат Италијанците, но со знаењето и умешноста на Анте Трумбиќ, хрватскиот политичар и некогашен австроунгарски застапник за Вис, овој остров сепак влегол во состав на Кралството Југославија како дел од Хрватска.

На островот се наоѓаат убави заливи, како што е на пример Стинива.

Флора и фауна

уреди

Наводи

уреди
  1. „Kratka povijest Visa“. www.tz-vis.hr. Архивирано од изворникот на 2017-04-03. Посетено на 2018-12-21.
  2. Mladineo, Goran (2008). „Primjer vjerskog pragmatizma: prijelaz viških težaka na pravoslavnu vjeru izmeðu dva svjetska rata“. RADOVI – Zavod za hrvatsku povijest. 40.
  3. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 105. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)

Надворшни врски

уреди