Алпска орогенеза
Алпска орогенеза — орогенетска фаза во доцниот мезозоик[1] и тековниот кенозоик која ги образувала планинските венци на Алпско-хималајскиот појас.
Причинител на алпската орогенеза
уредиЗа оваа орогенеза е одговорен судирот на континентите Африка, Арабија и Индија, како и малата Кимериска Плоча (од југ) со Евроазија на север. Приближувачките движења помеѓу тектонските плочи (Африканската, Арапската и Индиската од југ, Евроазиската и Анадолската од север, како и мноштво мали плочи и микроплочи) веќе започнала во ранате креда, но главните фази на горообразба се одвивале од палеоценот до еоценот. Процесот трае и денес во некои венци.
Алпската орогенеза се смета за една од трите главни орогенетски фази на Европа кои ја одликуваат геологијата на континентот. Другите две се каледонската орогенеза која го создала Стариот Црвенопесочнички Континент кога се судриле континентите Балтика и Лаврентија во раниот палеозоик и херцинската (или вариска) орогенеза која ја образувала Пангеја кога Гондвана и Стариот Црвенопесочнички Континент се судриле во средниот до доцен палеозоик.
Планински венци
уредиОваа орогенеза ги опфаќа (од запад кон исток) венците Атлас, Риф, Бетските Планини, Кантабриските Планини, Пиринеите, Алпите, Апенините, Динаридите, Проклетие (Албаниди), Пинд (Хелениди), Карпатите, Балканидите (Стара Планина и Рилско-родопскиот Масив), Понтските Планини, Таур, Антитаур, Ерменската Висорамнина, Кавкаските Планини, Алборз, Загрос, Хаџар, Хиндукуш, Памир, Каракорум и Хималаите.[2]
Создавањето на одделните венци понекогаш има свои имиња: на пр. карпатска орогенеза за Карпатите, хеленска орогенеза за Пинд, алтајска орогенеза за Алтајските Планини или хималајска орогенеза за Хималаите.
Алпската орогенеза и подалечните планини
уредиАлпската орогенеза довела и до настанокот на подалечни и помали геолошки образби како антиклиналата Вилд-Артоа во јужна Англија и северна Франција, чии остатоци можат да се видат во кредните гребени Норт и Саут Даунс на југот на Англија. Нејзиното дејство е делумно забележливо на Островот Вајт, каде Кредната Група и натпостевените еоценски слоеви се набрани речиси до вертикала, како што може да се види во заливите Алум и Вајтклид, иа на дорсетскиот брег кај заливчето Лалворт.[3] Напонот предизвикан од алпската орогенеза го причинил кенозојското издигање на венецот Судети[4] а можеби и раседнувањето на карпи дури до Еланд во јужна Шведска во палеоценот.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Moores, E.M., Fairbridge, R.W. (уред.), 1998: Encyclopedia of European and Asian Regional Geology. Encyclopedia of Earth Sciences Series, London, 825 pp.
- ↑ Petrović, Dragutin; Manojlović, Predrag (2003). Geomorfologija (српски). Belgrade: University of Belgrade Faculty of Geography. стр. 60. ISBN 86-82657-32-5.
- ↑ Parrish, Randall R.; Parrish, Claire M.; Lasalle, Stephanie (мај 2018). „Vein calcite dating reveals Pyrenean orogen as cause of Paleogene deformation in southern England“. Journal of the Geological Society. 175 (3): 425–442. Bibcode:2018JGSoc.175..425P. doi:10.1144/jgs2017-107. ISSN 0016-7649. S2CID 134690307.
- ↑ Migoń, Piotr (2011). „Geomorphic Diversity of the Sudetes - Effects of the structure and global change superimposed“. Geographia Polonica. 2: 93–105.
- ↑ Goodfellow B.W.; Viola G.; Bingen B.; Nuriel P.; Kylander-Clark A. (2017). „Palaeocene faulting in SE Sweden from U–Pb dating of slickenfibre calcite“. Terra Nova. 29 (5): 321–328. Bibcode:2017TeNov..29..321G. doi:10.1111/ter.12280. S2CID 134545534.
Надворешни врски
уреди- Алпска орогенеза на Ризницата ?
- Алпска орогенеза, Голема руска енциклопедија (руски)
- Алпска орогенеза, Енциклопедија Британика (англиски)