Личка Пљешивица е планина во Хрватска, чиј помал дел се наоѓа на граница со Босна и Херцеговина. Се простира во правец северозапад-југоисток од Плитвичките езера до Зрмања, и ја одделува Лика од Поуње. Личка Пљешивица му припаѓа на венецот Динариди. Поголем дел од нејзината површина е покриена со густи шуми.

Личка Пљешивица

Најзначајни врвови на Личка Пљешивица се наоѓаат на почетокот и на крајот на планинскиот венец:

  • Озеблин, 1657 метри
  • Гола Пљешивица, 1646 метри
  • Кремен, 1591 метри

Во 16 век за Личка Пљешивица се користело името Ѓаволска градина. За време на турските војни одиграла важна улога како природна бариера, а хрватските војници се служеле со нејзините бразди и врвови за спречување на продорот на Османлиите во слободната хрватска територија.

Поглед на планината од градот Кореница

Надворешни врски

уреди